пред лицето на другиот.

Archive for Август 31, 2018

Песна бр. 27

И сега кога си тука, да ти кажам.

Треба да умираме почесто.

Не како пресушено месо,

Не како тегава мрша..

Треба да умираме почесто како души

од копнеж

од тишта

од љубов

од јарост

Таа смрт боли, затоа што продолжува да дише

обновена

Преродена

веќе следниот сончев ден.

Треба да умираме почесто

да не ни пресуши меракот

како сува тегава мрша

Облак од ознаки