пред лицето на другиот.

Песна бр. 16

Пречекај ме во прегратка како онаа на брегот со бранот која се губи и впива во порите на песокта.

Твоето отсуство е мојата нова празнина која танцува со тропотни чекри на танго без музика во четирите ѕида на моето тело.

Како птица без нозе која неуморно лета низ мојот свет слетај врз моето рамо јас да ти бидам нозе ти да си ми крилја еден на друг крошна и глас на славеј.

Пречекај ме во прегратка како онаа на планинскиот врв и хоризонтот поцрвенет од страста која ја покрива ноќ и се губи во порите на ѕвездите.

Песна бр. 15

loveincense1

Врз твојот лик ќе го распнам мојот караван од желби
и ќе го наречам лицето на земјата!

Ти да се отвораш со плодови за мојата глад
додека спијам
јас да ти принесувам жртва од мојата кожа
додека трепериш како жито на жетва

Врз твојот лик ќе го распнам мојот поглед на уморен ловец
и ќе го наречам пладневно небо!

Твојот поглед да простира сенка врз моите чекори
додека газам до тебе
мојата уста да распука како згрудена земја
осудена на жед без дожд

Врз твојот лик ќе го спрострам моето тело
и ќе го наречам ѕвездено небо!

Твојот допир да се гледа оддалеку
како ѕвезда паѓалка
моите пори да се отвараат врз твоите пори
и заедно да издишат мирис на илјада полски цветови

Врз твојот лик ќе го распнам мојот караван од желби
и ќе го наречеме лицето на земјата!

 

 

Песна бр 14

14089614_1184318918255319_468652780_n

Сам како камилар среде дини,
низ самотна ноќ ко низ бесполодно шипје се растргнувам.

Сам се прогонувам,

сам се помилувам, се измачувам и сам се обновувам.

Ко јолук низ кој тропаат капки дождовна вода во глуво доба,

сам си ветувам живот,

не сега,

ни скоро,

кога ќе дојде време,

кога ќе ги соберам во едното око сите горки капки на самотната знаја.

Сам е мојот глас меѓу ѕидовите на моето грло, и погледот како сама ѕвезда паѓалка

се гаси и брза да блесне
долно и силно

во сон
соблазен и сам.

Песна бр. 13

Screenshot_1

Една река  рика и рие
по милта на мојот немир!

Во сонот се отпетлало моето небо
па се истуриле соништата
по кочините на светот.

Веќе тешко разликувам  плоден сон
од свинска трага

Јас не знам да се вратам назад
без  моите небесни патокази

Длабока река рика и рие
по милта на мојот немир!

Песна бр. 12

pesna br 12

Разбуди ме како јато птици преселници
кои бараат да се вгнездат врз моите коски,

Моето тело е храм на твојот џагор!

Се тетерави како канделабра
под твојот поглед  широк и син
како небо кое се кине на парчиња
само да не го наваса ноќта,
да не потоне во сон
дури и да ослепи под трепетот на твоите движења
дури и да оглуви од твојот глас
кој како јато птици преселници
татни од далеку
оставајќи ги своите топли гнезда
врз моите коски.

Песна бр. 11

slavicmythology2

Јас сум скитник кој чекори по ветер
и гори дишејќи ја трагата
од твојот мирис.

Буден како светилник
немирен како северно море
без брег врз кој да се скрши.

Моето срцебиење раѓа ветер
што трага по твојата кожа
и беснее како бура
под твоето парче небо
и мириса на мене.

Имам недели и месеци помеѓу два чекори
години помеѓу два високо кренати погледи
кон светлата дупка над нас
што еднаш беше небо, чие име беше ти.

Јас сум скитник кој како северен ветер завива
по трагите од твојот мирис.

Песна бр. 10

slavic 2

Во рацеве сокрив две очи од ѕвезда,
сега сум по луд од било кога!

Кога ме гледаат моето име исчезнува
како прашина пред длабок здив
Кога мижат
се втиснуваат во мојата кожа
и го резбаат патот до својот дом.

Во рацеве сокрив две очи од ѕвезда
и сега сум по луд од било кога!

Имам само миг да ѕирнам во нивниот трепет
немам вечностда ја следам трагата од ѕвездена прашина
до нивниот дом
и сега сум по луд од било кога.

Во рацеве сокрив две очи од ѕвезда
кои пулсираат како мајчина утроба
и заминуваат од мене
со морници како камења
кои се тријат до крик

Сега сум по луд од било кога!

Облак од ознаки