Полициско-доушнички активности на вл. Кирил – МПЦ
17 05 2009Comments : 1 Comment »
Tags: S-udba
Categories : vnimanie vnimanie, Превземено
бЛОГ-КЛОН
11 09 2008Поради ценетата публика и не толку големата популарност на WordPress платформата во македонскиот syber-етер мојот оригинален блог (www.zimski.wordpress.com) ќе го клонирам и на www.zimski.blog.com.mk. Сите текстови ќе се исти на двата блога освен оние постари од денешниот датум.
Comments : Leave a Comment »
Categories : vnimanie vnimanie
НАДЕЖТА НЕ Е ПЛАН!
11 08 2008
Секогаш одново се одрекувам од пишување и секогаш од ново ме трогнува нова личност да ја извадам како приказ за нашата социјално напрегната хемисвера.
Минатиот пат, овојпат, секој пат, во последно време ме боли рекламата на локалната битолска телевизија за агенцијата Коузон и нејзини програми за работа на брод.
За тие што немале можност да ја проследат рекламата оди вака (карикирано)… Девојка се разбудува наутро, се спрема за излегување на (нормално) кафе на широк сокак, и пред излегување бара од мајка си 50 денари…потоа во гро план дава изјава „ јас сум таа и таа имам … години и сум дипломиран економист, за ова да не биде и ваша приказна ( да не мора да барате секој ден пари од вашите за кафе) пријавете се во Коузон и работете на брод.
Ден потоа додека чекав ред на бербер, во списанието „Убавина и Здравје“ листајќи го без интерес за вообичаените содржини, ме закачи еден наслов кој викаше нешто како…Работата на брод добро платена авантура, каде имаше кратки интервјуа во кои дипломирани и магистриран кажуваа колку им одговара работата на брод, и на сите им беше заеднико што не планираат да се вратат во блиска иднина и да прават друго.
Статистиката за децата кои одат на брод и на оние кои не се враќаат во земјава и онака беше поразителна но вакви работи веќе се болно поразителни, и кој знае дали се официјално разгледувани како критични.
Но, сите тие што одат и сите тие што остануваат имат една заедничка работа додека да стигнат до таа раскрсница…надежта за образот на сопствената идина.
Но веќе од таа точка на кршење за едните од двете категории надежта веќе не е план за нивната иднина…дури и повеќе од тоа..надежта воопшто не е план.
Ако е така, тогаш бегството е катастрофално лош план…
И во сета таа, или-или еуфорија една прекрасна солуција дури и потсмешливо се прескокнува – организирањето.
Општественото организирање, генерациско, стручно, професионално, идејно какво и да е…но со цел, секогаш со цел, и повеќе работно организирање отколу интелектуално затоа што нив декларирани ги има дури и отпоќе.
И уште во контекст на делот ДОБРО ПЛАТЕНА авантура ќе напомнам исто така на заборавената страна од паричката…Кога лани почнував да работам кај еден мој сепак сакан роднина во намерен муабет рече вака…кога јас требаше да го бирам мојот пат, сите други сакаа да влезат некаде каде ќе им даваат добра плата, а јас сакав да бидам тој што дава добра плата.
Државата не планира на нив зашто се недостапен капацитет…тие не планиираат на државата зашто (според нив) нема капацитети за нивните амбиции…но и обострано се надеваат еден на друг дека би имале подобра заедничка иднина која некој трет би им ја изработил.
Но дефинитивно точно дека надежта не е план…план е заедницата, план е целта на заедницата…на која со вакво темпо на алтернативни бегалци, можеме само да се надеваме.
Comments : Leave a Comment »
Categories : vnimanie vnimanie
Напомена
10 04 2008Сите делови од новелата Вели виолена се споени и преместени во посебна страница со истото име …само погледнете над заглавјето од блогов, кликнете и ….чувствувајте се како дома
Comments : 1 Comment »
Categories : vnimanie vnimanie




Recent Comments