Инспиративно пост-изборие

10 04 2009

chains

писмо до новите генерации на ларви

Почитувана ларво!

Кога ќе го читаш ова ние твоите претци веке извесно време ќе бидеме уморни  од  летање и оставање потомци.
Ви оставаме поткастрени крилца за повеќе да пешачите, затоа што е здраво и      така секој ќе си ја знае километражата на својот поглед.
Ви го предаваме, и нашиот (без)ценет реј – бан за светот да ви се гледа онолку  убав колку ние го нашминкавме.
За ваше поголемо уживање ви развивме највисока техника на пушење која е здрава за заби и внесува нова линија и острина во изгрицканите нокти.
Ах моја мила ларво…
Кога се присетувам на твоето детство, не можам а да не се исчешлам.
Од тебе зрачеше таква амбиција, што просто тоа мораше да се прогласи за елементарна непогода, и под итна постапка да се флашира, а потоа да се пласира како екстра квалитетен и 100% природен јогурт, од кој сите беа задоволни и дури и ни аплаудираа.
Моите ноќи се исполнети со грижи за тебе моја мила и никогаш непрежалена ларво.
Понекогаш и до толку се грижам што се разбудувам и на среде ноќ од силно чешање во пределот на левиот бут.
Ако помислуваш што да правиш додека повторно да ти пораснат крилја, би ти помогнал со по екој совет.
Секое утро и секоја вечер, пиј по една чашка од кашата што ти уште како мала сакаше да ја викаш надеж, а од која ние така великодушно ти оставивме неколку пакувања…но не премногу за не дај боже да не се задушиш или отруеш од премногу кашосување т.е. извини, надевање…
Немој да воздивнуваш како оние што заминаа…тие се размножуваат бучно и ситно, а твојата осаменост, ќе ужива во бескрајната магла помеѓу мене и тебе.
НЕмој навечер да остануваш долго буден како вдовица, и немој да врескаш среде ноќ како исплашено дете …само присети се дека јас сум твојата голема порта која те брани од твоите непријатели, потоа голтни едно лажиче кашичка ,пардон, надеж и заспи си мирно и немој да сонуваш…тоа ќе повлијае лошо на белината на твоите очи.
Гледаш ли колку се грижам за тебе моја неизмерно разочарана ларво!
Сите раце што посегаат по твојата згмечена душичка освен моите ти велам дека се привидение, ако се сомневаш сркни уште едно лажиче плус.
Да можев само да ти покажам колку само секојдневно се мочам поради твоите ноќни претања…но ти ги немаш тие поими во оној мал збир зборови што ги употребуваш за своите секојдневни потреби, препирки и кошкања.
Иако сеуште се немаме видено лице в лице, и можеби ти не замислуваш како некои други, или пак ние за тебе си изобразуваме нешто трето, за таква средба сеуште е рано, а за некое време ќе биде касно.
Во меѓу време, моја доживотно безживотна ларво, редовно пиј од кашестата надеж а ние целосно ќе се посветиме на тоа да го продадеме и тоа малку јогурт што ни преостана.




Реформа во школството

29 07 2006

 foto092.jpg

(евергрин за кој важи истото што и за секој евергрин…не сакам да се изостави или заборави и мило ми е што останал актуелен) 

Потребата за реформирање и состојбата во училиштата.

Пред воопшто и да се почне со реформирање на школството треба да се има јасна визија за тоа какво општество сакаме да изградиме, и какво производство ни е потребно.
Дека ни е доста од чиновници и непроизводни и неплодни бирократско административни занимања, доста ни е. Свесни сме и дека ни недостасуваат занаетчии и школовани земјиделци.
Но сакаме ли занаетчиско-земјоделско опшество и таква економија или ќе се стремиме да бидеме рамо до рамо со компјутерските сили на балканот?
Дури и да се реформира школскиот систем а да не знаеме за каква намена тоа се прави, за каква опшествена и демографска цел се пристапува кон тоа, во најмала рака е несериозно и дилетантски, поготово кога кон таа идеа се пристапува со желба, се да се измени од корен.
Економијата се руши, културата и правниот поредок не се ништо посјајни, но во сето тоа фијаско само школството остана да се се спротивставува на сиот тој распад, а неговиот учителски кадар сеуште е способен да ги изнеси на мегдан сите сериозни реформски зафати, имајќи во предвид дека досегашниот поим за школо пертставува само една некреативна памтилница на податоци.
Министерството за образование по кој знае кој пат продолжува да гради од покривот кон темелот.Прво сакаат да ги изменат наставните планови и програми па дури потоа се друго.
А требаше да се почне од инфраструктурата. Затоа што поголемиот број на училишта имаат проблем со рушените училишни згради, со уништен школски инвентар, со катаастрофални санитарни услови, техничка и технолошка закржлавеност.Учениците присилно учат за професии кои не ги сакаат, кај нив постои презир кон школовањето, затоа што живеат во времиња кога се рушат СИТЕ вредности.
А што се однесува на просвените работници, нивната позиција е деградирана, работат напорно под ненормални услови.
За да се запази и социјалниот аспект, треба да се избегнуваат ситуации во кои еден професр ќе предава повеќе предмети.За нив ќе има работа аљ оние другите, кој како ќе се снајде, притоа не сметајќи на тоа дека ќе се намали квалитетот на образованието, демек битно е само да се троши што е можно помалку од буџетот.
Голем број на кадар од областа на природните науки останува без работа.
Сето ова допринесува да странските манипулатори замешаат прсти во нашето образование при тоа ставајќи акцент на разни психоманипулативни техники со кои на децата не им се овозможува нешто да научат, туку им се наметнуваат разни модели на либерал – капитализам, као и разни облици на толерантни погледи на светот, т.е. резултати на американските психолаборатории од добата на хипи комуните и будењето на таканаречената хуманистичка психологија.
И ете ја нашата нова школа.Наместо некогашниот обврзувачки дијалектички материјализам на Карл Маркс и фридрих Енгелс, сега предметите мора да бидат проткаени со идеологијата за ненасилство и толеранција која треба да ги излечи дивите крвожедни македончиња од нивната склоност кон насилство и нетолеранција.

ЦЕЛ НА РЕФОРМАТА

Професорот на Парискит Уиверзитет Дани Робер – Дифур по примерот на образовното американизирање на Франција дава една интересна дефиниција што треба да претставува новата школа. „Таа треба да биде некој вид на мешавина на младински дом на култура, институција за социјален стремеж и болничка нега, школски забавен парк “.
Тој сведочи дека управувачката елита ширум светот сеуште се школува на класични школи, по класични факултети, додека на робовите на понизниот либерал – капитализам им е оставено нооволевичарското глупирање под поимот школовање.
Дифур тврди – „ сериското фабриккување на единки без цврст идентитет и моќ на расудување не е препуштено на случајот . Кон тоа се стремат надлежни институции како телевизијата и школството.“
Влеговме во либерал – капитализмот.
Да се присетиме на раниот каптализам на запад, кога и многу мали деца работеа по рудниците и фабриките.
Сега и нас кои донеодамна не успиваа со сцијалистичката бајка за 8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа рекреација, ни се спрема истиот тој третман.
Затоа во проектираните цели на реформите во средното образование се пронижува и ваква идеа – кога ќе заврши средно образование, ученикот треба да ги разбира „поимите на пазарот“ и „ пазар на трудот, опшествена и професионална опдвижност во непосредното окружување“. Т.е. на работа од петнаесеттата или осумнаесеттата, а менаџерската елита ќе одлучува за вас. Ќе бидете доволно писмени да ги читате титловите под ликовите на сапунските опери, и доволно образовани да го заокружите својот фаворит на гласачкото ливче.
Орвел тоа го кажал поубаво – НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ.
А да не почне пролетеријатот да мисли и да се буни, мора да развие „ толерантен однос кон носителите на различни опшествени и културни вредности и норми “.
Секако духовната и националната свест и идентитет, за маченичкото минато на својот народ и неговите славни преродбеници не смее да биде присутна.
Тоа го нема во ниедна од посакуваните особини кои еден средношколец треба да ги поседува кога ќе го заврши средното образование.

УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛОЦА

Секако универзитетот ќе биде во името на Европа и Болољската декларација за високо школство.
Со закон се одзема правниот субјективитет на факултетите додека само универзитетот ќе има својство на правно лице.
Универзитетот ќе биде составен од департменти како основни единици.
Се укинува функцијата асистент а асистирањето ке треба да го вршат постдипломците и тоа волонтерски, и заради тоа ќе се појави намалување на работни места за поединечни предмети и нормално повеќе универзитетски професори.
Нема повеке да постои научно – наставен совет но ќе се формира стручен совет кој ќе ги одредува стандардите за избор на професори.
Сите овластувања кои сега ги имаат деканите и продеканите ќе ги имаат ректорите и проректорите.
Ќе биде формиран и национален совет за високо образование како и центар за акредитација кој ќе треба да издава дозволи за работа на универзитетите.
Ќе се смени и инфраструктурата на високо школските установи.
Наместо факултетски ќе постојат академски студии, наместо високи школи – предметни студии.
Кој ќе дипломира ќе има титула Бакалавар.
Тие што ќе завршат високо образование со 5 или 6 години ќе имаат титула Магистер.
Системот на студирањето е поделен на додипломски и постдипломски со тоа што првите траат 3 а целокупното студирање 5 години.
Се укинува системот на години студирање а се воведува систем на бодови така што студентите наместо години ќе запишуваат предмети.
На универзитетот кој често бил на мета на оние на кои се обидувале да наметнат нова идеолошка матрица на народот така што неговата интелигенција ја врбуваат за некои нови “научни” погледи на светот (претходно тоа беше марксизмот, во денешно време е отвореното општество), лошо му се пишува.
Повторно идеолошките комисии на граѓанското “општество” ќе вршат “илустрација” и ќе бираат подобни и неподобни.
А целта?
Професор Доктор Сима Аврамовиќ :”Сето тоа укажува на разорувањето на државните универзитети и неконтролиран процут на приватните.”
“Незнаењето е моќ” кажал Орвел.
Затоа децата на новите пролертери во транзициона Македонија не можат да имаат квалитетно образование и атоа децата на транзициските елити ќе одат на приватни факултети на кои нема да има експерименти, и на кои нивните родители полни со пари под транспарентот “ја градиме Македонија”, ќе можат да ги школуваат.

ШТО СЕГА?

Се разбира нашето школство треба и мора да се реформира.
Но како?
Така што тоа и понатаму ќе остане класична школа во која децата учат да мислат заклучуваат, ги користат своите способности,при што треба да се растеретат од се одвишно.
Реформата треба да е подготви сриозно, темелно, со маасовно ангажирање на наставниците – практичари од сите области.
Мора да се подготват пилот програми и се да се провери во пракса
Не смее да се дозволи нашите државни школи кои ќе се финансираат од даночните обврзници да бидат на многу пониско ниво од приватните, во кои ќе се школува управувачката елита на “потполно новата Македонија”.
На јавноста не смее да и се наметнува идејата “реформа или смрт”.
За успешна реформа потребна е согласност на целото општество како и јасна визија за развојот барем во наредната деценија.
Деидеологизацијата на наставата подразбира не само отстранување на марксизмот туку и на поп-психолошките идеологии на “едукативните работилници”.
Нашето општество мора и понатаму да биде општество на знаење а во тоа настојување мора и понатаму да се потпираме на просветнит работници од кои поголемиот дел и покрај својата бедна материјална положба совесно си ја исполнуваат мисијата.
Дијалогот е темел на сејкоја реформа, па дури и на просветарската





За гнилата интелегенција

29 07 2006

          magarac1.jpgmagarac1.jpgmagarac1.jpg

(евергрин записи од не така далечно минато кои не сакам да се заостават ил изаборават а за кои секогаш ќе ми е мило што не им врви актуелноста) 

Гнила интелегенција. Неа кај нас ја представуваат една банда исполитизирани и локализирани личности на кои главно хоби во нивните досадни животи им е џвакањето академизам и уживањето ментални оргазми во излитениот провинциски дух.
Сите тие дефилираат по медиумите наши насушни зафаќајќи го со своите струкирани идеи и оној простор од кој треба да се огласи и д се чуе и другата страна.
Сите тие се сеуште авторитетни академски професори, правници, политиколози, историчари, социолози…
Повеќето од нив колумнисти, јавни говорници…и сл.
Тие се она што ме тера да се срамам после секој нивни просскан збор во глумејќи секуларни спасители на комуната на гетото во кое се насладуваат, кое од немај каде ги голтнало за свои модернистички тотеми.Ме прави да се срамам затоа што и јас како и тие го одам истиот академски пат, учам за истите универзални вредности за кои учеле и тие, умствено и духовно еволуирам меѓу книгите меѓу кои условно кажано еволуирале и тие.
Тоа ме тера да мислам дека единствен начин да се излезе од тие високообразовни институции е токму така – безрбетно, високооспособени за ширење на квалитетен ветар во магла,издигајќи се како кинески ѕид над своето фаст – фуд опшество.
Обично за нив како појава зборувам рамнодушно и со многу иронија и цинизам.
Но овој пат тоа е жаровито, и со тон на објавување војна на тие уважени медиокритети, кои биваат само сурогати на домашни миленичиња на дневно-политичките херои – нивните мецени.
Меѓу нив место за дисиденти нема…вистината е на некое(подобро)место.
Тоа го знаат и тие онолку добро како и јас, и толку добро и јас како и тие знам дека овој текст дразни доволно добро за да се превземат потребните запрашувања против остри зборови, како би простиот народ спиел подобро не грижејќи се за угледот на еднооките водачи.
Затвор поради вербален деликт е далеку од умот на било кое либерално опшество(за каква се декларира нашава кооперација)директно претење на личната слобода на говор и отворено пропагирање за владеење на унифицирана мисла што е друго име за диктатурата во која живееме.Архиепископот на Православната Охридска Архиепископија јован е појава која индицира на тоа дека овде секој отворено и јавно искажан став што не е во согласност со пропагираната унифицираност, е казнив, без разлика дали е тоа верски политички , или на било која свера и да се однесува.
Тоа се однесува и на секој еден од нас кој сега или во иднина ќе има храброст да објави или објавува некоја праведност на сметка на неправда и лага,на секој кој ќе се пожали на опшествената инквизиција притоа бивајќи потполно свесен за неоспорливоста на своите права и слободи но и должности.
Овој преседан се однесува и на сите оние кои сметаат дека достоинствено се борат или ќе се борат за човековата слобода не само на хартија но и нејзино манифестирање во неповредливите цивилизациски норми.
јас како студент издигнат во идеите за човековата слобода се огласувам против гнилата интелегенција која суди по контаминирани принципи и го поддржувам Владиката Јован во неговата побунетост против закоравениот капиталистички синод на М.П.Ц, и феуданите критериуми во системот на Републичево Маусдонија.