Пате(м)пис

14 05 2009

church

Пвомајските случувања во Македонија се еден спецификум кој навистина оддава една слика ретко видена на други(те) места. Она што во таа смисла го нуди Охрид, е нешто за што зборовите само малку можат да го одсликаат. Ама бидејќи се нудат како средство ги користам во таа смисла. Па нека проговорат, ако не на (хартија) еве и на компјутер може. Белким ќе остане едно мало сведоштво и покрај општата заслепеност.

Оваа навистина трогателна и во потполност вистинита слика и прилика ја имав за 1 мај во и околу македонскиот туристички бисер (Балкански). И покрај фактот што ова патување секако не ми беше прво, почувствував длабока апатија и зачауреност во и околу градот. Ова го говорам без никакава острастеност или (пак) преувеличување…Помислив да испратам писмо до домашните медиуми но однапред знам дека не ќе го објават. Имаат поважни нешта. Сликата од охридското крајбрежје сепак наоѓа начин и простор за колаж.

Речиси одмана немав влезено во некој од храмовите во Македонија, со оглед на фактот што самите како градби не нудат литургиско празнување во Соборноста на Едната Соборна и Апостолска Црква. Но ете, сега решив да наминам, се поклонам, видам… Морам да напоменам дека се чувствува(ше) една таква празнотија, пустош, што ме натера и потикна да напишам збор-два. Од таму и еден обичен потсетник и увид за сите тортури што ги проживува канонската Црква, но и Архиепископот Јован, конкретно со случувањата во Велес уште на самиот почеток 2003 кога расколничкиот Митрополит Тимотеј ургираше и ги контролираше тамошните (неистомисленици) за бунт…

Верувам дека е општо познат (колоритот) при влезовите во храмовите_ Ако не е, потсетување. Влезници со ценовник за домашни и странски посетители в Црква, од по 50 до 100 денари??? Внатре, туристички (аматерски) водичи, површно(ст) до немајкаде, како и се останато. Запалено (тазе) темјанче, за да посетителите почувствуваат мирис, бидејќи со што друго ќе можат да го гестикулираат своето опстојување како Црква. Бескрупулозна лага, симулација на Црква…бедотија, празнотија. Истиот човек што е задолжен за темјанот е и наплаќач на билетите…Најверојатно е и теолог? Човек за све прилике. И цените на сфеќите се исто така покачени, наменски за гужвата, (празник е – првомајкси) штом (по)мине, ќе се врати на старо, со тоа што за Охрид тоа и не важи, бидејќи во другите денови вратите се буквално затворени! Го знам тоа од лично искуство од март месец. Тоа што фреските во Света Софија се на грчки јазик, тоа не се гледа, односно се толкува како да е тоа старомакедонскиот јазик, поважно е да се истакне дека МПЦ е наследничка на древната Охридска Архиепископија и дека Охрид е најстариот град на Балканите?! И додека во Св. Софија и нема певница, (постоље) – во Св. Наум на влезот има истакнато дневно мени, за добра закуска, но, нема служба, односно на певницата во храмот во овој манастир, стои книга ОКТОИХ, која е тука за декорација, да видат луѓето дека имам(е) книги?! Кој знае од кога си стои книгата таму. Уште пред Вел. пост се заменува за Посниот Триод… Само за кој пост овдека станува збор, овогодинешниот или некој друг? А колку само бедно делува осаменото работење на продавачот на сфеќи во овој манастир, меѓу толпа туристи и гости во (Хотелот). Колку само бедно делува и формата запазена од него, со долга брада, „ревнува“ човекот, пркоси на светот, за православен се смета, музика духовна пушта, небаре е ди-џеј во некој клуб! Кога сум веќе кај музиката, да напоменам, дека и во Св.Богородива Перивлепта, во олтарот до самиот Престол беше поставен музички DVD систем, за синхронизирање на музички (духовни) тонови, за што поубаво забавување на посетителите. Чорапите и крпите  по иконите нема многу да пречат и тие се во служба на потврдата на идентитетот! На репертоар самиот православен крем (Ковиљ, Дивна Љубојевиќ, Валаам…) сите со кој нема единство.

Во една таква апатија и пустош, моето заминување на неделната литургија во Нижеполе, навистина ме озари, та со  радост тргнав на пат кон Ставропигијалниот манастир на Служба, каде што служеше о. Мојсеј со Јероѓаконоит Висарион. Уште еднаш осознавајќи и потврдувајќи си го она кое е познато и знано и за оние малку трезвените, навистина голема работа е што единство добивме, а ни најмалку не сме го заслужиле, по се она што може да се види низ земјава, а е особено видливо во Охрид, каде што убавината на градот е неоспорна, но она што во суштина го одразува е расколот вдлив и за слепите. И гледам, голема работа е што Црква имаме, среде пустелијава од погубниот раскол, кои добива и  на интензитет.

Милутин Станчиќ