Накратко и нажалост за МПц
11 04 2009< ОСНОВАЧИ И НАСЛЕДНИЦИ >
1945 г. кога завршува 2 светска војна во Скопје се одржува еден самоповикан „црковно -народен собор“ на кој присуствувале комунисти кои тогаш биле на власт припадници на муслиманската вероисповест, еврејската вероисповест, и православни свештеници. На тој собир не присуствувал ниеден православен Епископ.
На последниот канонски Епископ, митрополитот скопски Јосиф властите му забраниле влез во тогашната за прв пат формирана Народна Република Македонија. Значи последниот канонски епископ воопшто не ни можел да си влези во митрополијата.
Тој „црковно- народен собир“, формирал еден иницијативен одбор кој се состоел од правславни свештеници и од политичари кои учествувале во тогашната комунистичка власт.
Од 1945 тој иницијативен одбор со декрет забранил на било кој православен Епископ, а сo тоа се разбира и на Митрополитот скопски Јосиф, влез на територијата на Р. Македонија.
Значи од 1945 до 1958, полни 13 години на територијата на денешна Републка Македонија воопшто не стапнала нога на православен Епископ. Ги исфрлиле сите антимиси на кои бил потпишан Митрополитот скопски Јосиф, и на литургијата на местото каде треб да се споменува епископот, не спомнувале Епископ. Станувало збор за една така да речеме презвитеријанска црква.
Во Патријаршијата во Белград е зачувана севкупната кореспонденција која ја имала Српската Православна Црква тогаш со таканаречениот иницијативен одбор.
Тој одбор 1958 побарал од Патријархот да им ракоположи нивни Епископ. Птријаршијата како Мајка Црква секако покажувајќи грижа за црквата во Р. Македонија и побарала да им пратат список со кандидати за Епископ. Накратко ќе ви напишам за еден автентичен документ.
Тоа е список со кандидати за Епископ што тој одбор потпишан како „ Православна Епархија скопска – црковен суд“, го испратил на српскиот Патријарх.
„16 мај 1958 година, Скопје
Ваша Светост,
Во врска со Вам доставениот предмет преку овој црковен суд бр. 8/58 преку кој се доставени биографиите и изјавите на предложените кандидати – домородци за Епископ на празната Епархија во Народна Република Македонија, а во врска со постигнатиот споразум во врска соцрковното прашање во Народна Република Македонија, помеѓу Светиот Синод и иницијативниот одбор за организација на православната Црква во Република Македонија, чест ни е за предложените кандидати да Ви го доставиме овај накнаден извештај.
Првиот кандидат: Прота Нестор Поповски, стар 42 години, 20 години свештеничка служба, оженет. Неговата сопруга Милка се согласува да се разведе имајќи ги во предвид високите народни и црковни интереси, што ги налага оваа голема жртва на нејзиниот маж, и приправна е својот живот да го помине во грижа и воспитување на своите деца: Бранислава – родена 1940 година која завршува седми клас гимназија во Скопје, Кирил – роден 1942 година, кој сега завршува шести клас гимназија во Скопје, и Добриле – родена 1947 година која оваа година завршува први клас гиманзија во Скопје.
Вториот кандидат: прота Томе Димоски од Битола, стар 55 години, има 27 години свештеничка служба, неговата сопруга Спаса ценејќи ја неговата жртва согласна е да се разведе од истиот и да се посвети на своите деца Љубица…. итн.итн.
Еве стигнавме до последниот кандидат кој се вика Влатко Захировски, „професор во гимназијата во Охрид , оженет, неговата сопруга е согласна за интересите и добробитот на народот и црквата од истиот да се разведе. Има четири деца од кои најстарото е 12 години.
Доставувајќи Ви Вам пред се ја молам Вашата Светост овој извештај да се приклучи на предметот кој вас ви е доставен од страна на овај суд под број 8/958.
Ја целивам Вашата десница и молам благослов.
За председател на црковниот суд, архијерејски заменик, прота Нестор Поповски“.
Првиот кандидат како што може да прочитате сам себе се предлага за Епископ.
Треба да кажеме дека после собирот од 1945 кога е поргласен тој иницијативен одбор, Српската Православна Црква веднаш повикала вонредно Собрание и веднаш го прогласила тој собир за разбојнички и за неважечки.
Откако СПЦ не можела да прифати ни еден предлог, одговориле дека предложените кандидати не ги исполнуваат основните услови за да бидат ракоположени за Епископи.
Веднаш потоа е започнато сленото сценарио: Доситеј, викарниот Епископ на тогашниот српски Патријарх, кој по мајка бил родум од Македонија, без било какво знаење на Патријархот и Епископатот на Српската Православна Црква, комунистичките власти го одведуват во Охрид и таму го држат четири дена заклучен о председателската резиденција без право да контактира нити со патријархот, ни со било кој од Епископите. После тоа 1958 година уште еден таков црковно народен собир без учество на било каков Епископ, го прогласил Доситеј за Архиепископ охридски и Митрополит македонски.
1967 година во Белград на еден состанок на Централниот комитет на комунистичката партија , на кој учествуваа Едвард Кардељ, Драги Стаменковиќ, Стамболиќ, Влаховиќ, Мијалко Тодоровиќ, Никола Минчев, Крсте Црвенковски, цитирам : „одлучено е да се прогласи автокефалија на Македонската православна црква која прекинува понатаму секакви канонски врски со Српската Православна Црква“. Погледајте само кој одлучувал за Црквата!! Тие тоа и го направиле.
Секако, Српската Православна Црква не можела да прифати и признае таква политичка творевина , и ги известила сите помесни Православни Цркви за расколот така што од 1967 до денес расколничката организација во Р. Македонија нема литургиска заедница ни со една од помесните Православни Цркви. После распадот на СФР Југославија 1992 година почнаа преговори за воспоставување на црковно единство. Преговорите траеа се до 2002 кога е потпишан Нишкиот Споразум за воспоставување на црковно единство.
Договорено е да во меѓусебните односи може да се користи терминот Македонска православна црква , а со црквите од Грчко јазично подрачје називот Охридска Архиепископија, и црквата да има статус на автономија. Расколничките епископи го потпишаа тој споразум, но по враќањето во Скопје, доживувајќи невиден притисок од властите кои ги створиле, рекоа дека ништоод тоа што потпишале- не важи. Тогаш Патријархот Српски поединачно на секоја и на секој Епископ им упати повик за пристапување во единство со Српската православна Црква. Единствено Архиепископот Јован тогаш Митрополит велеско-повардарски, не плашејќи се од властите потврдно одговорил на тој повик.
Сите знаеме дека насекаде по православната екумена редовен случај било комунистичката власт да ја гони репресира и да се обидува да ја погуби Православната Црква. Единствено кај нас се јавува парадоксот комунистите да „создаваат“ црква која за разлика од нејзините современички не само што нема маченици, исповедници, замразени и прогнати ради сведоштво на единството на црквата, туку дотолку посрамно ги ужива сите можни удобства и благодети на световната власт дури и во мери во кои тоа не го вкусусваат ни световните властодржци.
Comments : Leave a Comment »
Categories : 1
КОГА ЌЕ СЕ ИЗГОРИШ НА МЛЕКОТО
30 03 2009
Активно и будно пратам се’ што денес ја тресе левата и десна интелектуала во Македонија, највеќе околу планираната градба на црква на плоштад во Скопје. Читам блогови и на подржувачите и на побунетите. Јас не завземам страна…бар не сеуште од една многу јасна приказна која се протега како жизневажна нишка веќе неколку години од мојот живот.
Баш поради таа приказна која сакам да ја пренесам како порака преку форма на прашање до двете групи за волја на вистината, и индиректна порака до сите кои ќе го прочитаат овој пост.
Сите медиуми веќе неколку дена се преплавени со наслови од типот на „терор врз демократијата“, „недозволиво силеџиство во присуство на полицијата“, блогови кои сведочат за настаните од прва рака (Владо Апостолов), се изваде секаков политички валкан веш како можна позадина на настанот, дури забележав и еден тотално индиферентен поп со рејбан цвикера на вестите на сител кој како најлатентен хедонист под мантија седи на страна и се смешка со коментар, ами не знааам кој се таму судрил ние си стоиме овде …..
Го посетив и сајтот на МПц да видам дали имаат некаква реакција сепак се работи за проблем од нивни домен и … штурци… на МПц- актуелно само геогравска карта на жална Македонија, ни став ни бутур. За нив или е понижување или сметаат за недостојно да се мешаат во меѓугрешничките препирки од овој свет. Во основа најмалку ме заболе за поставеноста на МПц во случајов и онака таа веќе не е мој (расколнички) дом.
Тоа што ме дигна од рамнодушност е свежото сеќавање кога и мои блиски беа под иста таква полициска и диктирана сталиновидна тортура, и за тоа никој од истите тие „разгорени“ интелектуали кои се претставуваат за жртви не најде за вредно да ги одбрани истите човекови права за кои пекаат веќе неколку дена.
Имено, каде е таа интелектуална критизерска и слободоумна елита која се собира да расправа за право на изразување и говор кога е во прашање хајката против Архиепископот Јован, каде беа да се огласат кога не само по неколку шлаканици, но жанровски беа „третирани“ монахињи со стрижење коси, палење манастири, местење судски процеси, решетање со калашникови на цивилни стамбени куќи под „сомнение“ дека “тука се крие Јован“!!!!!
Познава ли интелектуалата селективност?!?! На еден блог (kanalizacija.blog.com.mk) прочитав нешто вакво „Денеска во Македонија побројните не им дозволија на оние помалку да кажат што мислат. Ова не се граничи со фашизам, ова е чист хитлеровски модел. Згазен беше уставот, згазено беше нашето право да кажеме што мислиме“ …добро утро за него (сам нека реши колку е добро) веројатно до сега сите слични на него хибернирале низ годините кога еволуираа таквите форми на „патриотизам“…. и уште еднаш ќе прашам …познава ли критичката интелектуална мисла селективност, ограничувања, и свери? - Во позиција на веќе неколку пати изгорени на истото млеко (секоја чест на оние кои претрпеа несносливо повеќе од мене) поради слепата послушност на „секуларната“ власт презентирана со коленичење пред големите глави на МПц???
Бугарите имаат една поговорка .. „Од кога си е се така си е“. Ова не е денес ова не е од вчера ниту е ова ново… Ова е веќе од самото постулирање на оваа држава, особено од втемелувањето на МПц од страна на своевремената комунистичка елита . Го слушна ли некој крикот од гонењето на неистомислениците на сулуда коалиција МПц-Влада???? – и тивкиот прогон на припадниците на Православната Охридска Архиепископија?…како и сега и тогаш на сајтот на водечката сила во земјава, МПц, немаше ништо, индиферентно поставен редослед на богослужби и куп сапунски серии по TV како одраз на независното и непристрасно (објективно) новинарство и пак ни лук јал- ни лук мирисал……
Затоа драги мои напатени побуненици, и уште понапатени следбеници…. ова не е ништо ново, единствено допре можеби еден општествено почуствителен нерв – група студенти- професионалци , па затоа се доби на публицитет. И повторно народот се подели на крстоносци и угнетени, на силеџии и изнасилени, на толпа и интелектуала…. Македонската „Црква“ (која постојано блебета за некакво единство а не поделби) молчи ко нема, ко непрокопцана и бесловесна…
Само кога веќе се изгоревте на млекото и осетивте на своја кожа каква е реалноста во земјава пред која секој по малку и сите заедно редовно замижуваат, и тргнавте да барате право на говор, на глас, на свое (различно) мислење….истрајте до крај по примерот на Архиепископот Јован и луѓето што стојат со него. Ова не е …оп извини нанејчена беше спонтано се случи….таквата идиотска наивност не пали од никој „одговорен“…веќе е јасно дека не е прв пат, дека не е еднаш, и дека не е спонтано и случајно. Само не е јасно колку од свидетелите на јасната слика на македонцките работи ќе опстојат исправени пред стапот што им се заканува за елементарните човекови права против наследната ни удбашка дисциплина и опрелестена црковна пасивност (бар кога се работи за проблеми од нејзин фах).
Ништо од ова не завршува овде и вака…. ќе има продолжение и тоа не едно….само прашање е на време.
Comments : Leave a Comment »
Categories : 1
За македонскиот јазик
22 01 2009Кодификација на македонскиот литературен јазик
Стојан Киселиновски – Расправа
Број 1339 сабота, 18 март 2006
Се поклонувам само пред Бога, вистината и Татковината! Во 1944 година почна процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик. Но во какви политички рамки и во какви политички услови се развиваше овој процес? По поразот на македонската национална автономна ориентација (Методија Шаторов-Шарло од 1941 и Методија Андонов-Ченто по 1944), политичката власт во Македонија помина во рацете на “пројугословенската” ориентација, персонифицирана и симболизирана од Лазар Колишевски. Победата на “југословенската” ориентација во македонскиот политички живот сериозно ќе влијае и врз судбината на македонскиот јазик.
Во такви политички услови почна да работи и Првата комисија за јазик и правопис (11 члена, речиси сите специјалисти во дадената проблематика). Во текот на работата на Првата комисија за јазик и правопис од самиот почеток се појавија две јасни и непомирливи тенденции. Од една страна се појави едно мнозинство на чело со В. Марковски и од друга страна едно малцинство на чело со Б. Конески. Судирите меѓу мнозинството и малцинството беа од суштинска и принципиелна природа. Прво се разговараше за тоа кои дијалекти ќе се сметаат за централни и ќе стојат на темелот на идниот македонски литературен јазик и второ каква азбука треба да се прифати и да се примени во Македонија. Во врска со дијалектичната основа на идниот литературен јазик се изразија длабоки несогласувања. Мнозинството сметаше дека како основа на идниот македонски литературен јазик треба да се земат централните македонски дијалекти (Велес, Прилеп, Битола и Охрид), а малцинството сметаше дека треба да се земат таканаречените западномакедонски дијалекти (Тетово, Скопје, Велес, Прилеп и т.н.).
Во врска со азбуката се појавија сериозни недоразбирања. Мнозинството се залагаше за формирање посебна македонска азбука (со посебни македонски фонеми – букви), а малцинство се залагаше за целосното прифаќање на Вуковата азбука. По тешки дискусии и со гласање (9-2), мнозинството го порази малцинството и предложи азбука од 32 букви. Во врска со темниот вокал, мнозинството членови на Комисијата за јазик и правопис сметаа дека темниот вокал “ъ е нужен за македонскиот јазик, а е и старомакедонска буква”. Поразот на малцинството и неприфаќањето на Вуковата азбука од страна на Комисијата за јазик и правопис ја вознемири “пројугословенската” македонска политичка номенклатура. За да се попречи примената на новата македонска азбука, Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ предложи до дефинитивното прифаќање на понудената азбука од страна на Првата комисија да се поканат и да се изјаснат и руските слависти Н. С. Державин и С. Б. Берштејн. Целта на предлогот не беше да се поканат руските слависти, туку да се одложи и да се оневозможи прифаќањето на новата македонска азбука предложена од Првата комисија. Веднаш македонската политичка номенклатура (ЦК КПМ), со писмо, го извести ЦК КПЈ дека успеаја привремено да ја отстранат таа опасност со предлогот на Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ за покана на руските слависти.
Со помош на “пројугословенската” македонска номенклатура се формира нова, но сега партиска комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Во Втората таканаречена комисија за јазик и правопис влегоа и луѓе што дури не го знаеле македонскиот јазик. Главна улога во Втората комисија заигра претставник на малцинството од Првата комисија (Блаже Конески). Новата комисија за јазик и правопис реши “да се усвои наполно Вуковата азбука…”. Членовите на Втората комисија за јазик и правопис решија исто така дека “ъ не е каракеристичен за македонскиот литературен јазик и не треба да се внесува буква во азбуката”. Така графемата “ъ” доби политичка димензија. За нејзино отстранување особено се залагаше Б. Конески. Мотивот беше едноставен: пирова ќе беше победата на Вуковата азбука во Македонија ако беше прусутен и “ъ” во неа. За многумина таа буква “мирисаше многу на бугарски”. Со желба да се отстрани таа графема дури се скрши и фонетскиот принцип во јазикот и графемата “ъ” беше заменета со апостроф. Против решенија на Втората јазична комисија енергично беше В. Марковски. На тој начин малцинството, со помош и поддршка на ЦК КПЈ и ЦК КПМ, од малцинство бргу се претвори во мнозинство и ја наметна својата волја, спротивно на волјата на македонскиот народ, која ја изразија претставниците на мнозинството од Првата комисија (д-р Г. Шоптрајанов, д-р М. Петрушевски, В. Марковски, Г. Киселинов, Д. Џамбаз и др.).
Прифаќањето на Вуковата азбука ја вознемири македонската јавност. Македонската “пројугословенска” политичка номенклатура, по договорот во Белград меѓу М. Ѓилас, В. Малинска, Б. Конески и В. Марковски, создаде Трета комисија за јазик и правопис. Третата комисија на 3 мај 1945 година донесе своја дефинитивна (компромисна) одлука по прашањето на македонската азбука. Со тоа духот на малцинството победи и стана основна јазична политичка ориентација во Република Македонија. По кодификацијата почна еден суптилен процес на историски јазичен дисконтинуитет на македонскиот јазик што постепено го оддалечуваше од неговиот природен и нормален историски тек и континуитет. Денес, кога се штити духот на малцинството, всушност не се штити македонскиот јазик, туку српскиот отпечаток врз македонскиот јазик. На тоа всушност се должат неодговорните напади врз Македонскиот историски речник и врз главниот уредник. Тие напади земаат размери на вистинска вербална граѓанска војна и главни носители се “Утрински весник” и “Старт”. Крајна цел на тие напади е да се овековечи историскиот дисконтинуитет на македонскиот јазик (да не се дозволи никаква јазична ревизија) и да се ограничи, диригира и да се потчини повторно македонската научна мисла. П.С.
За веродостојноста на пишаното ги упатувам сите читатели што им е мила вистината да ги прочитаат записниците од комисиите за јазик и правопис што се наоѓаат во Архивот на МАНУ или да ја прочитаат извонредната книга на д-р Стојан Ристески, “Создавањето на современиот македонски литературен јазик”, Скопје 1988 година, каде што исто така може да се најдат записниците од комисиите за јазик и правопис. (Авторот е доктор по историски науки)
Comments : Leave a Comment »
Categories : 1
Колумна Малоумна
3 10 2008
Денес имам нешо послободен ден и решив да вратам на минивал сосила испегланата слика што ми се мафта пред очи.
Ваков наплив на настани не сум видел од кога во осмо заминавме на првата ескурзија низ Македонија. Прво нешто што не ми е јасно… кај на мајка му завршија Браќа Манаки во Скопје?!? …па нели Битола е град горд на таа манифестација?!?…ај прилепчани што не се збунија за Пивофестот некако може и да се компензира со заштитничкиот став спрема Војдан Чернодрински- театарските игри (не ви препорачувам да чепкате таму) , ама Битола и нема друго по знаменито од Манаки…се сеќавам кога се предлагаше да се земат и струшките вечери во скоје и Ристо Шишков – театарскиот фестивал само Охридско Лето куртули од скопските апетити во недостиг на иновативност и идеи….нормално затоа што тој период Скопје живее во Охрид, или пак некако не им фаќа око да го праат на Матка.
Чудна работа мајката…. тие ако, да живеат на висока нога макар и од крадени трудови, а оние помалите подолу кој ги едуцира и онака тие се српот и чеканот на стопанството па многу- многу не треба да се преоптоваруваат со култура ќе им штети на реколтата и земјоделието, па лоша берба, па помала побарувачка, па намален извоз и … оооооп ете ти криза само затоа што (о)ние безобразните копачи од провинција сакале да одат на кино, па на театар види мајката …. Да не набројувам шо се е крадена идеја од сиот скпски гламур…Тетекс нема да може да произведе доволно ќебиња да се покрие резилот.
Престанете веќе еднаш да живеете во таа ваша футуристичка замисла дека Скопје е центар на империјата, а се останато на мапата се бедуински населби кои преку ден ископуваат минерали (за ваши потреби нормално нели)и корења за да преживеат, а навечет се камуфлираат за да ги преживеат нападите на драконските стаорци кои хараат вдолж и пореку пустината …..
Оставете малку ппостор за еден поинаков живот во овие „интересни“ времиња и за оние кои својата слика своето име и своите знаменитости ги заслужиле со оддаденоста на својот опстанок,идентитет, борбен, работен, историски….
Тоа што не е ваше лице не може да биде ни ваша шминка …лошо ви стои, ве брука ве девалвира, може ке потрошите повеќе на реклама и на помпеза(лоша многу лоша емитација) но нема да го имате духот….не можете тоа да го преселите нит па можете тоа да го искреирате (дотолку повеќе кога сте во дефицит на креативност)….затоа вратете ги перјата кои не се ваши и обидете се да ви пораснат нови овојпат ваши.
Comments : Leave a Comment »
Categories : 1






Recent Comments