Бигорски 2010, пари со милиони, културна вредност – голема, духовна вредност – огромна.
Внатре живеат монаси, кои се заветиле на сиромашен живот, или барем поради одредени околности се задолжени да живеат околу многу материјални средства, но тоа не значи дека тие треба да постанат материјалисти.
Дел од манастирот изгоре. Би свадба – помина.
Се сврши, неможе да се врати назад!
Почнаа големите математики, кој колку што како! Милиони, толку чини обновата на манастирот! Реално, да, толку чини историската и материјалната вредност на манастирот, за коешто е должна државата да ги даде, зашто тоа е под нивна заштита како културен споменик. Духовната вредност не се пресметува во пари, но може да се пресмета дека таа духовна дејност (кое за самото братство кое живее таму, и народот кој оди да се црквува таму) може да се смести во далеку помали суми.
Математиката е таа! Мора да се премине на големите суми, зашто сепак, ете, историска вредност, културно наследство, неможе да се остави така, што и да е друго.
Владата, наоѓа сили, средства, плаќа се што е можно да се возобнови зашто тоа им е должност, на која и влада да е, реално, тоа е нивна собственост (колку и да се заблудуваме дека е на Црквата).
Но МПц не гледа сметка од сето тоа. Почнуваат кампањи, за дарување на средства, па телефонски броеви за донирање, па концерти, па што ти ја знам што.. само и само да се соберат што е можно повеќе средства ( со повеќе средства стануваат и повеќе манипулации).
Самата МПц, на неколку наврати од новинарски прашања излегува со одговор, дека тие сеуште немале донирано (г. Петар во емисијата Х/О на канал 5), дека тие го чекале надлежниот Митрополит прво он да дари средства (г. Стефан на новинарско прашање во Калишта)… а народот има, во секој момент, и не треба никој да чека за да дари, колку што може повеќе, зашто сепак него го боли во душата за манастирот, без разлика дали од верска или од национална побуда, но реално МПц не ја боли „уво“ за Бигорски.
Почнаа и препукувањата за Црква на плоштадот во Скопје – сите метрополи во Европа, имале Цркви на плоштадите, ние како најистопорена „метропола“, како може да немаме? На сите метрополи, прво имало Цркви, и околу нив се граделе плоштади, но тие имаат историја, нас ни остана само да ја имаме брадата.
Мање-више, се фатија за орото. Прават математики за таа Црква, па МПц ќе ја финансирала (не е правилно да се финансира од влада, зашто сме секуларна држава). Истата таа МПц, која немаше пари за донирање за возобнова на нивното најголемо духовно светилиште, за нивниот храм, за нивниот столб на македонската црква, најдоа пари за ги фрлат за Црква, која ќе е унакажана во тој простор и димензии како што е планирана.
И не е само Бигорски, манастирот изгоре, но не само тоа е причина за возобнова, реставрација и конзервација. Успение на пресвета Богородица – Трескавец, Прилепско, ќе им падне на глава црквата (13век), а не мрднале ниту со прст. Тоа е апсурдот, тоа е „духовноста“ која ја практикува МПц.
Празни храмови, бабизам, традиционализам, паганизам низ православниот народ кој е под нивна надлежност. Свештениците кои се треба да проповедаат, да го водат народот во прав пат, ги интересира само пари, пари, пари. Зашто им е уште една празна црква на плоштад? Тие пари да ги вложат во Бигорски (ако толку се загрижени), да вложат во крајна сметка, во осветлувањето на манастирот во Крушево кој го беше започнал Тоше! Или е полесно да се бара од народот, и тоа со финта.. фати го за тоа што најмногу го боли – и ќе даде.. а дали него некој нешто му дал, дали има, тоа никој не го интересира!
Во крајна сметка, ете ја и математиката, односно отцепувањето на монаштвото во 2004 Јануари месец. Сите кои беа полни со вера и духовност, се отцепија од ова безобразие и безверие на МПц, и случајно или не, тие се сите од изоставените манастири во Македонија, не биле заобиколени со материјализам и донации од милионски суми, а само од вера и љубов кон Бога. Сите останати, кои беа добро „подредени“ од државата и нивните верни организации (фондации) останаа на местото – Бигорски, Вељуса, Водоча, Зрзе…
Тоа е нивната математика… а вашата, треба сами да си ја направите!
Скорешни коментари