Не се плаши од празниот простор.
Голиот лист ти е пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, дури речиси расипнички.
Празниот простор е како си роден, пред да бидеш тоа што си постанал, и носи едно нешто заедничко со тебе – Идеја.
Празното место е твојата иднина, храброста на твојата рака да пишува е свесност и воља да испишеш она што било во лицето на она што си, за да исто толку свесно и исто толку храбро го дочекаш тоа што ти следи.
Ти си никој во иднина ако се плашиш од празниот лист хартија, ако од страв го пресушиш своето мастило.
Твојата иднина Е твојот страв.
Без разлика на тоа што минало, невидливите табли на твоето срце не се испишани се до апсолутно конечното утре.
Ти си едно и исто со празниоит лист се дури носите еден и ист плод – Идеја.
Ако се плашиш да го истетовираш белото поле пред тебе со своите мисли, немири и идеи, се плашиш од себе си од своите идеи, од своето идно време.
Стравот не е род со твојата смрт, нити болкатае со неа. Твојот страв е роден со можната болка од твоето идно време, од твојот празен простор, од твојата идеја.
Сам или во сродство со твојот запис, твојот страв е од болното раѓање нова идеја, нов лик за себе, породен врз празен лист хартија.
Твојот страв е празен простор, гол лист, твојата иднина, и твој пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, речиси расипнички.
Не се плаши, празниот простор ти е пријател, празниот лист е твој страв.
твојот страв, тоа е твојот пријател, кој ти се нуди како иднина, отоворено, евтино, голо и болно, речиси расипнички.
Не се плаши од својот страв..зграби го…тоа е идејата на празниот простор, на белата хартија, на твојата иднина.
Тоа е твојата идеја.
Скорешни коментари