Попови и приоритети

15 04 2010

Сосема е јасно дека никој во државава, па и надвор од неа, не остана рамнодушен на пожарот во Бигорскиот манастир. Навистина голема штета и катастрофа.

Но вториот дел од приказната е дека навистина можеби треба да ни биде повеќе жал за катастрофалната состојба во која се наоѓаат бигорските монаси, но не мислам на материјалната состојба, да не се лажеме тие никогаш не биле, и нема да бидат сиромашни, туку мислам на духовната беда која нема да им покријат огромните суми на пари, и секојдневните вести за нив во екслузив… Ламбе ова, Миле она, премиерот оноа, мислам може слободно да ги прогласиме, за најголеми естрадни ѕвезди во државава, кој најмногу заработуваат, само со кукање и рекламирање.

Да се запрашаме само колку манастири иако не изгорени се во пострашна материјална состојба од нив во државава, но дали тука само доаѓаме до една можеби сурова вистина дека монасите од бигорски се најдоа како риби на суво без материјалната добробит, која ја уживаа, и сигурен сум дека пак ќе ја уживаат повеќе од било кој други калуѓери кој стапиле во монаштво во македонија.

Сигурен сум дека пак ќе можат задоволни да ги раскажуваат приказните, оваа врата чини 2000 евра, масава 5000 евра, лустеров 10000евра, како примери за успешноста во монашкиот живот(да не кажам бизнис),а истовремено пак ќе останат примерите на безброј семејства, кој живеат во кочини, кој држвата во нивните маки ќе ги помогне со 200 евра неповратна помош…. Кое лицемерие сите се чукаме во гради со некој историски вредности, а во исто време ги убиваме основните човечки вредности кај луѓето.

Па да ви кажам и пред Бога вредноста на намачените луѓе кои умираат во беда е поголема од вратите во древниот Бигорски. Нека покажат малку вера дека самиот Светител ќе помогне за изградбата, а не како риби на суво да очекуваат само милост од земните владетели, на кои вешто им се додворуваат. Нека се покажат вести од другите манастири во каква состојба се дека се се распаѓа…

Меѓутоа тука ќе дојдеме до клучен момент, дека наоѓајќи се вон вселенската Црква, спас може да се бара само од земните владетели… И бедата за жал се уште ќе им остане, покрај сите пари… Се додека не почнат да се бават со вистинските вредности, да го љубат Бога, и ближниот како себе си…


Дејства

Information

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s




Follow

Get every new post delivered to your Inbox.