Фонтана на бесмртната глупост

25 03 2010

За вакви мании и лудила сум читал само во книгите за луцидите низ историјата..
Информацијата за Кавадарци ја прели просто чашата на моето воздржување од хронично гадење према се што е „македонистичко“ определено и згора на тоа за инает, ради мода на пропагандата и мејнстримот.
Дел од веста гласи:

Проектот за плоштадот беше презентиран во големата сала на општинското собрание каде што се одржа јавна расправа. Носителот на проектот, инженер Ванчо Колевски, потенцира дека на новиот плоштад ќе се изгради фонтана на Дионис, фонтани на црвено и вело вино, обеликс висок 12 метри кој на дното ќе има буре, а на врвот гроздови. На овој начин ќе се претстават симболите на Кавадарци. Се предвидува и амфитеатар каде што ќе се одржуваат настани од областа на културата.

Што е наредно.. ќе се купуваат лавови од Африка, ќе се организираат оргии во тие фонтани на бело и црвено вино… ќе се принесуваат жртви на денот на демонот Дионис?
Па што бидна со ревнувносните восклици на „православните“ македонци кои дури и се тепаа на плоштадот во Скопје со своите неистомисленици… што е со сите така наречени бранители на македонската православна црква (-оа) кои урликаа против  Јован (Вранишковски)?
Најпосле што е со загрижените за своите паства владици , долгобради мастодонти и нивни помлади масажери (викари), вака ли се грижат за верата своја насушна, вака ли го пазат ликот и делото на ( секогаш од нив спомнуваните) Св.Св. Кирил и Методиј, Св.Наум, Св.Климент, Св.Горазд, Св.Ангелариј…

Што ли имаат во ушите и телесни и духовни во моментите на очигледна паганизација на „светата библиска земја“?!? Или последните кеш-продукции ги оглувеа и оглупеа во виорот на фантазијата што ќе прават со парите на Мајкл Тема, со преостанатото од Изгрев, со донациите за Бигорски..
Каде се сега гласноговорниците и бранителите од барикадите на православниот македонски идентитет?… се потона во портокалов галовен сон.
Се замина низводно на здравиот разум и елементарната логика.
Се исплука в лице целокупната христијанска традиција, не само што се исплука, фиран се направи, мас и маскара… тешко нас и на оваа земја со вакви генијални умови и продуцираните им гротескно стерилни идеи.


Дејства

Information

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s




Follow

Get every new post delivered to your Inbox.