
Тоа е една поговорка која како порака им се наметнува на граѓаните деновиве преку крваво небулозни трврдења. Фрустрацијата не дозволув жанровски заобиколувања како вовед во нив.
Просечна плата на македонецот изнесувала 332 евра?!?! МОЛАМ!! … за кого важи тоа тврдење? … за оние кои реално треба да се просветлат од тој факт кои ете така неинформирано се мачеле а всушност им био ептел лепо и розово па дури и се подмирено… или за оние кои фаќале врски за прелазна по математика во второ одделение а сега ги прават овие статистики????…. Немојте да давате толку високи плати аман, нема да знаат луѓено шо да им прават на парите ќе почнат гаќи да си шијат од банкнотите….
Тоа е баш тоа печи гуска на сламка -јади сув леб… воопшто не е битна реалноста ако ти се погоди фантазијата, шо ќе ти да се соочувашш со беда сиромаштија, кризи, протести, декаденција кога можеш мирно да си се покриеш до над глава и да си сонуваш де тука ма нема кој не зема плата од 332 евра!!! …се е средено, се е подмирено, дури и дедо мраз нема да ни треба оти сите желби ќе си ги купиме и тоа само од плата!



Такой пост и распечатать не жалко, редко такое найдешь в инете, спасибо!