
Зошто сметам дека начинот на кој ги почитуваме сесловенските свети браќа просветители Св.Св. Кирил и Методиј е своевидна жанрвска трагедија и повеќе сквернавење отколку величање.
Прво дејствие: Понесени од модерниот тренд на македонската историја се да се поврзува и извлекува од антиката, поточно од времето на Александар Македонски, како бисер пред свиња го истркалавме и најсветото што воопшто дишело на овие простори, просветителите на сето словенство, творителите на словенското писмо и азбука, култивирачите на новиот европски народ, и подвижни храмови на православието. Многу често, во последно време наидувам на „научни“ тврдења ако тоа Свети Константин филосов не ја создал словенската абука но всушност ја препишал од останати делови од старомакедонското писмо (!!! кое е тоа грдно ти писмо),и ако е така зошто воопшто им се пее во химната„ни створивте сесловенско писмо“(која денес примарно се испева на Универзитетот Св.Кирил и Методиј), и зошто сеуште ги изучуваме нивните житија изведени од спомениците на житејната литература, зошто сеуште се учи за Ченоризац Храбар и „О Писменех“?!?!… прва хула на светите кои дури и ги земаме за патрон на првиот македонски државен универзитет, како покровители на високото знаење, на големите уки. Потоа како тие иако биле византијци, всушност биле македонци оти имале нешто(најверојатно некоја трета тетка) од македонија!!! Што е сето тоа битно од каде уствари биле…па во нивниот случај е како да кажеш „ е-еве баш овај славеј ако лета низ цело небо ама уствари тој пролета овде во овие 2 квадрати небо“ . Нивните животи и дело ги учат и ги слават (ама навистина ги слават) и Срби, и Бугари, и Руси и православни во Америка, и православни алеути, и православни во африка…буквално насекаде низ светот… балакнската приакзна на сите и е добро позната па ќе ја потенцирам она другата лгика… За русите тие се сесловенски просветители, исто и за чесите,словаците, пољаците, украинците… што се однесува пак до останатиот православен свет, за нив ама не само намалку важно, туку едноставно не постои димензијата на приемање на Св.Св. Кирил и Методиј како македонци, бугари или било какви во контекст на националност, поготово не во предност ан она што биле „светлост среде мрак“(како се вели во нивната химна која денес се пее на сите приредби и академии низ сите образовни установи низ земјава). За нив (според тоа што им го читаат во житијата)тие се неразбирлива(од денешен аспект) светлост на неграмотните тогашни племиња и народи, несоборливи борци за автентичноста на православието, и сила на мудрост повикувана во немоќ и во најголемите теолошки и философски расправии.
Второ дејствие: Кога на свечената акдемија ги слушав говорите на дотичните, ме стресе одвратноста на впечатокот што се шири непрестајно од третманот за нашите описменувачи од страна на „интелектуаната и полиичка елита“, така што кога зборуваат за нив, зборуваат како за некои двајца кои ете се родиле на овие простори онаму некаде близу Богданци од мајка Марија и Татко Лав, и собрале другарчиња и во слободно време толку се начитале што направиле толку интересно дело што тоа ете со време се проширило до овие мерки да сега ние мезиме и пиеме на овој коктел по повод нивниот спомен. Дотолку повеќе обидот да се поврзат со Александрета на коњот Македонски како резултат на политички улижавки, и умилкувања од најподмачкан род и вид…
тоа само додава на перверзност во „интелектуалното чествување“ на овие Светињи за кои не постоела земја на оваа земја нит цар во постоечките царства.Дотолку е понеписмено нивното територијализирање, нивната сосила припишана припадност кон одреден (денешен) етникум, кога многу јасно се наведува воделото О Писменех кога тие живееле:„ И ако ги запрашате во кое време тоа го знаат, и ќе речат – за времето на грчкиот цар Михаил, и на бугарскиот кнез Борис, и на моравскиот кнез Растица, и на блатенскиот кнез Коцел во 6363 од создавањето на светот“(Средновековен зброплет, CIPКаталогизација и публикација НУБ Св. Климент Охридски-Скопје, избор, предговор белешка и редакција Вера Стојчевска – Антиќ).
Каде живи леб овде гледате или читате Македонски, Македонија, Македонско….. Колку е тоа ирелевантно во сите нивни полемики, беседи, борбата против богомилстовото, похвалните слова и борбата против тријазичноста?!?… што всушност (сакаме да) лествуваме ние?… историски личности кои ни одговараат нам?! секојпат одново флексибилни и растегливи на актуелната политика на власт?!… или микови кои ја изобразуваат нашата завистност од националистички мастурбации од највулгарен вид, чија реална личност ама навистина многу малку ни важи…
Дејствие трето: првата глава на земјата на аудиенција кај папата во Рим… која е поентата и целта никако не мие јасно… па поготово на денот на сеправославните столбови на верата…. та нели беше православен, постеше пред избори, замина на кафе кај Стефан…. и сега одма во духот на унијатството рипна кај папата в скут да му баци раче… барем да не известеа дека сето тоа поминало во духот на славјето на светите браќа кои (нажалост) пребиваат во инославна земја при инославен поглавар. Но не…. за да е трагенијата уште поголема учениот наш му држел предавање (според Нова Македонија) од (кроена) историја на папата како тоа Св. Апостол Павле поминал низ Паљурци (?!?!?!) и згора на тоа не промаши прилика да се истакне со срамот на унијатските афинитети на Гоце Делчев а за кој бенефит од папата исто така не ми е јасно….Ваша кутрост, председателе на Р. Македонија…кој фактор воопшто Гоцета на денот на славата на Св.Св.Кирил и Методиј???…. кој фактор е Паљурци (кај на мајка му е сега па тоа паљурци на оваа карта) во животот на Св. Апостол Павле…или жонглирањето со минорни и смешни податоци од (спорна) историја сепак е интересно за вашите очи, но реално и сепак жалосно смешно во очите на сета светска јавност која ги прати вашите агенди и постапки (ако воопшто после ова остане таква). зар не ви се доволни постоењето на Просветителите за да смислите повод за приличен разговор со ликот на папата?!? … или нема како да ги искомпромитирате и нив дека биле на чај во Паљурци!!!!…
Игнорирањето на постулатите, на личностите на Св.Св. Кирил и Методиј, товрците на писменоста а после тоа следствено на идентитетот на се што живее на овие простори од нивно па се до сегашно време не е само страм на нашето непознавање, туку и хула на нивната светост, десакрализација на нивните животи изобразена во пародијата, режирана да биде нивна почест.



Recent Comments