Хомо еректус шпекулантус

22 05 2009

attention

Замислете да имате барем дестина новинари во цела Македонија од типот на Марјан Николовски.

Тоа би ви било како да имате елитна единица од нинџи кои сите проблеми ќе ви ги решаваат брзопотезно и најверојатно уште  и пред да се појават.
Во овој случај тоа би значело ќе ве просветлат со идеално логички сврзана фантазија ќе извесстуваат на начин на кој вие нема да мора да размислувате за настаните, нема да мора да се чуствувате виновни за одредени (не)дела (зашто нема да има такви), единствено ќе уживате во благо-горкиот тон на бидувањето вечита жртва за што постојано некој трет ќе е крив наместо вас.

Како му тргна на фраерот „за добробит народа свога“ ништо чудно да слушнете и дека светот се дели на два блока .. едни кои ја сакаат Македонија до степен на харикири и покајнички сакаат да и надоместат за историските бруки, и други кои сакаат да го поделат и ова парче земја па злобно коваат планови за нејзина поделба со нов контигент трактори со екстра остри плугови од титаниум.
Ништо чудно да напише и дека Далеј Лама по разбирањето дека на светов постои МПц како од гром погоден рипнал да менува вера и отишол да учи кај нај скромниот и најмолитвенииот Наум од Водоча за патиштата на созерцанието и нирваната.

Нема вие зошто би се прашувале дали нешто не е во ред со оваа држава и со оваа црква кога за портпарол го имате Марјан „калашников“. Едноставно чоекот секогаш има резерва шаржер со информации и десет отворени линии до потајни и од најтајните информатори од странство кои прво нему му јавуваат па се мијаат лице наутро.

За него пара не е проблем… он  би работел и само за внимание … се за црква и влада, и по некоја тезга за народ…
Каков талент е само тоа… нвидено чудо од детета, летаат информации ко на шала, таков професионалец што повеќе напор вложува на wc шоља отколку во пренесување шпекулации и известија…
едноставно кој што рекол, кој кај бил, сите шпекулации водат до Марјан.
Он би бил и голем брат(на народот), и голем инквизитор(на црквата), но сеуште е голем слуга – но ако,  секоја голема афера започнува со мала шпекулација. и секоја голема кариера со мало подведување.

Што знаеш што иде утре… џабе шпекулирај џабе не седи.


Actions

Information

Leave a comment