Ми се сака – ми се може!

20 05 2009

carrot-blessing

Опсесивната неуроза е психички болна религиозност.(Виктор Франкл)
Ова е можеби најдобар почеток за текст кој (ќе се објасни подолу во текстот) пак и пак се рефлектира од непоправливата слика на вечната македонска идеологија – инаетот.  Можеби чудно но пак на пресната рана од пред скоро- изградбата на Црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Практично нема разлика дали ќе почнете од тактизирањата на владата или од оние на МПц, обете се лоши во принцип.

Се искажаа многу ставови, се пишуваа(т) многу политички колумни од „владици“ во обид, дури може да се каже дека сеуште им жежат образите на студентите од оние „неколку шамари“ (според МСУ) кои демократски чисто излегоа на плоштад да си го кажат своето НЕ на актуелното религиозно полит-биро.

Се сеќавам на еден коментар од некој сетен албанец кој во приликата напиша (отприлика звучеше вака) : камо среќа да имаме верници за сите цркви и џамии кои ги градиме, ама и вас и нас ни се празни храмовите а упорно се градат нови.
Прописно и исправно искоментирано. Не ја знам состојбата во џамиите (иако коментарот си го кажува своето) но знам дека на територијата на Македонија има доволно пред се манастири кои датираат од доволно длабока историја со знаменит фрескопис и елементи на градба за да бидат попримарно третирани, има и цркви низ градовите кои сем за Велигден и тоа и Божик под верен народ подразбираат локално друштво на полу-живи баби. Тоа е исто така и пак поприоритетно од луксузирањето во веме  кога владата страхува од светска криза и дотолку полицемерно и фарисејски  црквата упорно проповеда за скромност, а живее како султанот од Бурнеи.
Денес читам дека за да се заобиколи одлуката на уставниот суд можеби МПц ќе ја превземе улогата на инвеститор (погодете од кој буџет), и дотолку повеќе ќе си ја земе бељата за потенцијалните раздори меѓу етникумите во Македонија. Па нели е целта на Црквата да обединува а не да раздорува?!.. Што ли би одговориле на ова „богословите“ на МПц кога само би се понизиле да одговорат?!…
Излегоа македонски студенти да протестираат против изградбата на црквата се појавија албанци кои сакаа и џамија ако има црква, но излегоаа и такви од нив (браво за „разбуди се“ )кои протестираат против идејата за џамија… и покрај сите силиконски обдујани анкети и прашалници чекорите на коалицијата влада-МПц, чии проповеди за мир и толеранција и взаемно почитување се во тотална шизофренија со вољата на оние за кои сето тоа го прават – верните (во политичка или верска конотација). Таквиот однос како спрема сакрален обет, суеверен пристап спрема неизвршувањето на таа изградбав (оти црква е во прашање), како да им се сонило па сега им е страв да не ги пече совест, е токму тоа што ја оправдува реченицата на Виктор Франкл со која започнува текстов.

Мачени од опсесивната неуроза на позицијата која ја носат, сакаат да направат нешто што (тие би сакале) да им донесе малку спокој и мирна совест бар за миг. Иако тоа прави дополнителни конфликти во ионака кршливиот мулти-култи спој во државава. Тоа му доаѓа како доктор кој има мака на совеста за неуспешни операции, па сега оди од еден на друг и му вели „ама ти болен си а?…. дај да ти помогнам можам јас слушај ме доктор сум .. иако овој вели „ а бре здрав сум не сум болен … не сакам да ме лечиш…“
На дедињата од МПц им се сака а на другарчињата од влада им се може… останатиот непресметан ризик ќе го отплачеме, ќе го простиме,ќе го отпееме со парастос, ќе го сведеме на сеопфатноста на терминот судбина.