Небесните и земните

29 09 2008

Кога ќе посегнам
во облаците,
по небото
и по земјата
расфрлани,
да побарам малку птици
како годините ни
и малку дожд
само небесните
ќе ме разберат мене земјен
со силна насмевка
во небесниот им дом

Кога облаците ќе посегнат
по мене,
по небото и по земјата расфрлан,
тогаш јас земјениот
небесните ќе ги разберам.





Очајни Фаворити

29 09 2008

Веке децении наназад на сите гарниури македонски политчари Соединетите Американски Држави им се во центарот на вниманието. Како што светот намалува од ден на ден и влијанието на САД во него се повеќе се мајоризира. Најмоќното стопанство, најголема воена сила но како да е се толку розево во долината на белоглавиот орел па сите сакаме да го проживееме тој америкнски сон на дистанца. Многу земји меѓу кои и нашата со некој чуден восхит гледа на САД кко бастион на некакв слобода, заштитници на човекови права, извозник на енормни богатства…..Но дури и тие не се толку слепи за да видат дека таа претстава е премногу добра за да биде вистинита, нит па ние сме дотолку глупи да не знамеме да прочитаме статистика или да се осврнеме на лагите од минатото, лагите во кои се анкерисани темелите на Македонскиот политички идол. Го знаеме фактот дека сите луѓе се создадени еднакви, еднакво дарујвани од создавачот, со нивните неотуѓиви права, меѓу кои се животот и слободата, и правото на потрага по среќа“. Ова стои на 229 години старата декларација за независност, со кои тие се дистанцираат целосно од власта на Англија. Ако навистина биле толку искрени и решени на тоа, како што самоте напишале, зошто дозволиле ропство  кое трае 75 години со невидени бруталности на кои дури и Хитлерби се прекрстил, кои им ги правеле на Црнците, да ги сметаат за лична сопственост и да го важат црнечкиот глас за 3/5 од целиот глас на слободниот граѓанин. Тоа сигурно не е пат по кој може да си ја бараат среќата. Дотолку побесмислена е постапката на основачте кои во немоќ да се договорат околу прашањето за ропството се договориле да го остават за 20 години покасно (зашто ако го решавеле примарно можеби САД денес немаше да постоина на светска карта како таква). Тој компромис ја кошта Америка крвава ама навистина крвава граѓанска војна по 75 години баш поради ропството. Тоа била цената на тој компромис. Но така почнува, тука се духовните извори на најголемата лага на светот, за земјата од соништата, земјата патрон на човековите права, најмоќниот добродетел на светот…и одтогаш лагите немаат крај до толку што денес веќе и самите немаат абер штое вистина а што лага се икм е една голема мрсна манџа во која едино битно е да не се искористат самите како зарзават. Зачетокот на втората најголема лага во САД е назад во 1971 кога е легализиран абортусот, и од тогаш се извршени повеќе од 44 милиони абортуси, и сега наместо САД да има над 350 милиони жители има 300 милиони . Себично лажејќи дека во прашање е изборот на жената а не суштинското кога почнува животот. За пак лицемерно и перфидно да судат за две убиства ако е убиена бремена жена, а пред тоа да климаат незаинтересирано одобрувачки кога доктор му ја крши главата на бебе во девети месец од бременост (метод наречен абортус при делумно раѓање), во момент кога на бебето му преостанале уште 15 сантиметри низ матката до самостојниот негов живот. Тоа демек е избор на жената. И тука им стои истетовирана лагата од големата декларација дека сите луѓе се еднкви еднакво дарувани од Создавачот меѓу кои животот….итн. итн. Н оочигледно дури и неродени некои се помалку еднакви од другите. Затоа следниот пат кога ќе го видите знамето на САД како се вее гордо пропратено со некоја фино комониран музика, н ја кревајте гордо главата што сме се повериле на нив како ментор  на Македонската политика, но страмно наведнете ги главите и одминете го тој призор, знаејќи дека станува збор за невидено голема лага.





Модел на популациона политика во услови карактеристични за Македонија е можен само ако државата се третира како една целина

25 09 2008

populi
Ајкан или Ѓуптинот од детството
Модел на популациона политика во услови карактеристични за Македонија е можен само ако државата се третира како една целина

Македонија е длабоко навлезена во процес на демографско стареење, што значи дека е во фаза во која е доведена во прашање репродукцијата на населението. Како што покажуваат демографските истражувања, земјата во блиска иднина може да се соочи со намалување на населението, што ќе има тешки последици за нејзиниот севкупен развој. Причините за демографската стагнација на Македонија се сложени и најголем дел се карактеристични за земји кои се наоѓаат во слична состојба на развој. Пред се’, според согледувањата на демографите и социолозите, станува збор за причини кои се поврзани со социо-економскиот развој на државата по деведесеттите години кога Македонија влезе во процес на транзиција кој, главно, се карактеризира со: стагнација на економскиот развој, појава на висок процент невработеност, еден од најголемите во Европа, низок БДП, кој се’ уште е под нивото од пред осамостојувањето, чувство на бесперспективност, особено кај младата популација која е се’ повеќе ориентирана кон мигрирање во западните развиени општества и многу други фактори. Сите тие негативно влијаат врз демографските карактеристики на населението во секој поглед: од несоодветна распределба во просторот, односно депопулација на одредени региони, па се’ до виталните карактеристики, старосната структура, фертилитетот и слично.

За тоа каква популациона политика и’ е потребна на Македонија, имајќи ги предвид специфичностите на развојот, особено по настаните од 2001 година, кога може да се говори за конкретен модел на мултиетничка држава, основите врз кои треба да се гради една популациона политика радикално се менуваат: уште повеќе ако се има предвид фактот на постоење два реални модела на репродукција на населението во државата во поглед на етничката припадност на населението. Едниот, кој е карактеристичен за Македонците и некои помалубројни етнички групи, со ниска стапка на наталитет и кој не овозможува проста репродукција и, вториот, кој е крактеристичен за Албанците, Турците и Ромите со мошне високо ниво на репродукција. За жал, во ниеден труд етничката компонента, иако нејзиното значење се зема за релевантно во конципирањето на популационата политика, не е земена сериозно и е нејасна целта на моделот во кој една од компонентите е со етнички предзнак.

Модел на популациона политика во услови кои се карактеристични за Македонија е можен само под претпоставка ако државата се третира како една целина. Тоа во голема мера ќе ги анулира сите недоследности кои може да се појават во: категоризациите на просторот и на населението и сите ќе бидат ставени на исто ниво, но со можност за дополнителни мерки кои се однесуваат, на пример, на развиеноста на општината, стапката на наталитет или степенот на хомогенизација на населението во однос на етничката припадност на еден простор. Но, тие не треба да бидат земени предвид во дефинирањето на главните критериуми во поставувањето на целите на популационата политика.

Моделот во кој етничката димензија има централно место тргнува од позицијата на реално постоење двоен модел на репродукција. Популационата политика има една и единствена функција: обезбедување нормална репродукција на населението во функција на задржување на демографскиот баланс во однос на етничката припадност. Се разбира, треба да се нагласи, за да нема некое недоразбирање кога станува збор за слободата на раѓање, дека никој нема право со некакви мерки кои излегуваат од рамките на човечките права да му наложува некому да раѓа или да се воздржува од раѓање – тоа право е дел од неотуѓивите човекови права и слободи.

Во периодот 1953-1994 најголем пораст, изразен во апсолутни големини, имаат Македонците, но тој процентуално е релативно мал и изнесува само 50,6 отсто; кај Албанците тој се приближува кон две третини од оној на Македонците, или нивниот вкупен пораст изнесува 171,4 отсто, што е за три пати повисок од оној кај Македонците. Пописот од 2002 покажа дека Македонците во периодот 1994-2002 година се зголемиле само за 2.017 лица, наспроти Албанците кои се зголемиле со 67.979 лица, што претставува 88,7 отсто од вкупниот пораст на населението во земјата во периодот помеѓу двата последни пописа. Стапката на живородени се движи од 0,3 кај Власите до 31,5 кај Ромите, кај Албанците таа е 19,9, а кај Македонците 10,5 промили.

Прашањето што се поставува, а нужно произлегува од изнесените податоци, е од клучно значење за разбирањето на карактерот на популационата политика. Имено, каков модел на популациона политика е пожелен за Македонија и што ќе треба да се постигне со него во иднина, како и врз кои принципи тој е реално остварлив.

Целта не е само популациона политика која обезбедува репродукција на населението, односно зголемување на природниот прираст сам по себе, туку создавање услови за одржување на демографскиот баланс меѓу етничките заедници, каде што Македонија се третира како целина. Мерките на популационата политика во тие околности се однесуваат за сите, без разлика каде живеат, на која националност, религија или вера припаѓаат, или развиеноста на регионот и хомогеноста на населението во однос на националноста. Единствен критериум според кој државата треба да се раководи во реализацијата на популационата политика е бројот на децата: со секое дете, а најмногу до три, жената и семејството ги добиваат сите погодности, кои, се разбира, треба прецизно да се дефинираат и да бидат доволни за одгледување здрави деца; над тој број жената и семејството треба да ги сносат трошоците за одгледување на децата, во секој поглед.

Со тоа не се доведува слободата на раѓање, дури семејството (и жената пред се’) треба да се охрабрува да има повеќе деца, но бенефициите кои ги овозможува државата од буџетот во материјална смисла треба по третото дете да му се одземат. Дури, државата треба да ги поттикнува невладините организации да помагаат, но не треба да се трошат буџетски средства за таа намена. Имено, во Македонија е можна популациона политика за која единствено бројот на децата е најважниот и единствениот критериум по кој државата треба да ги дефинира своите обврски спрема оние жената и семејството) кои се одлучиле да раѓаат по три деца. Таа е пронаталитетна, но во исто време е ограничувачка во однос на бројот на децата, го определува максималниот број за кој е подготвена од буџетот да го плати тоа во име на сите даночни обврзници и притоа да не се прашува дали некој живее во развиени или неразвиен регион, дали во регионот или општината, има висок или низок наталитет или, пак, општината или регионот е населен претежно од припадници од една етничка група, со што ќе биде ослободена од критики дека некои ќе бидат фаворизирани за сметка на други или, што е уште позначајно, дали некој припаѓа на една или на друга националност и слично. Тоа во голема мера ќе ја поедностави реализацијата на моделот и ќе се избегне претераното администрирање во контролата на потрошените средства.





Марш сите в кревет!

14 09 2008

Секогaш одпочеток и секојпат уште еднаш од ново. Ние сме вечни почетници, повторувачи, со мал милион почнати искуства но ниедно макар и мало завршено.
Се што правиме се обидуваме да го ставиме на хартија, одважно, бунтовнички луто или рамнодушно мудро, како да секојпат е тоа причина за конечно создавање на сонуваното животно дело кое би објавило некаква вистина која се открила во премногу безначаен начин на живот за да би ги освоила масите и достапна да ја чујат и видат за избраните кои имаат очи да ја видат и уши да ја чујат.

Но секојпат се забoрава дека во таа амбиција белиот лист хартија не само што не ни е пријател туку има и мисија да не збуни да не втера во мисловен двобој од кој откажувањето е единствената опција да се продолжи со обичниот и предвидлив предходен живот.
За разлика од многумина јас не се страмам да објавам уште еден (кој знае кој по ред) почеток, нити да се откажам од него ако се покаже невреден за идеалот, за каузата, не се страмам да се досадувам и да ја бистрам мојата чаша вода…зашто е моја.
Нека не ве збунува воведот….иако можеби апстрактен, но опасно прецизен, носи болно реална порака.
Денес бев на погреб кај мајката на еден мој близок другар. Погреб како погреб…болно али сведоштво, за да се приземјиме и да не мислиме дека ќе живееме со орлите. Она што јас не можев да си го одговорам денеска а најверојатно брејкинг- поинт во новата сезона мисловни бури е – зошто во последниве 2 години сум бил на 6-7 погреби на 1 свадба и на ниедна крштевка?!?…Веќе подолго време по мермерот на мојот мал и не баш среќен град само машки или само женски друштва, кладилници полни млади потентни идиоти што чекаат да им се насмевне коефициентот…и полни летни тераси полни девојки кои чекаат да бидат заведени од пророштвото на талогот кафе. Старите умираат (со тоа што животниот век падна на 50-тина години и тоа е веке кртериум за старо) младите уживаат во придобивките на својот пасивен и меланхоличен хедонизам воопшто немајќи мака дали животот ќе го протуркаат сами, разведени, без деца или во најдобар случај едно, а некои помодерни очајни домаќинки можеби со неколку али посвоени.
А еве за да добиеме пореална слика, ќе го лишам текстов од минимумот лицемерие….и јас сум млад но не толку за да не можам да преземам одговорност по истото прашање…како и многу мои врсници (на постарите господ нека им помага) со тела кои вријат од живот, со дух кој и понатаму оборува рекорди во издрживост на искушенија….не успеваме да ја постигнеме најпростата работа која ни е предодредена за опстанок на нашата форма на живот – репродукцијата.
Малкумина искрени си ја признаваат слабоста, но повеќето кривинаши бараат изговори во економска стабилност, во политичка клима, во духот на времето, а нема да ме чуди и ако чујам во скоро дека на некој и цената на нафтата на светска берза му игра улога да се ожени и да има деца.
Просто кажано вака би изгледало…..мажите се жалат дека сите жени се курви, и не се достојни за нив, а уствари се опасни кукавици, без грам храброст да го осмислат својот живот и да го продолжат родот што го претставуваат, да ги оправдаат своте родители…. жените се жалаат дека не останале повеќе мажи што ќе ги усреќат, но всушност толку се уплашиле од раѓање што уште матките што не си ги зашиле, сонувајќи за некаков еманципиран живот на жената во слободното општество од сиот шлајм на сапунски опери и депонијата на вредности наречена Холивуд, сепак тврдо чекајќи го белиот мерцедес што ќе ги усреќи. Се на се, значи сме омлитавеле, сме се распапушлавиле, се претвораме во садови за ферментирање сперма, јајцеклетки и секакви секрети. При тоа сите се сложуваат дека требаат радикални промени, да но не во општеството туку во микрокосмосот наречен мозок, во нашите глави. При тоа надежта не нашето решене, предолгата надеж раѓа кукавичлук, а кукавичлукот трае многу подолго од болката на промените, на метаморфозата, преображението, на преродбата на постојните струења на живот.
Нема светски заговор против нас, нема тивка елиминација смислена од масонски друштва за македонскиот народ, нема глобални зделки за поробување на македонскиот народ (лесен и евтин на рака).
Обратна е перспективата…со тоа што не се раѓаме повеќе од што умираме самите си коваме заговори и саботажи на нашата цивилизација, јазик, култура, историја, со тоа што не се плодиме си ја планираме и спроведуваме нашата тивка елиминација, самите сме си џелати на глупоста наша, со тоа што не има насекаде по светот зборувајќи на сите јазици само не на македонски, оставајќи деца од мадагаскар до филипини само не од табановце до богородица, не прави робови по светот кој и не е така бел за нас…
Прекинувам со текстов можеби во недореченост, но во моменти на трнлив афект, и со претпазлив заклучок дека ваљда не треба да дојде некој нов медијатор од странство кој ќе ни организира семинари за да ни покаже како да правиме деца, дури не сме си рекле вечнаја памјат на сопствениот народ.





бЛОГ-КЛОН

11 09 2008

Поради ценетата публика и не толку големата популарност на WordPress платформата во македонскиот syber-етер мојот оригинален блог (www.zimski.wordpress.com) ќе го  клонирам и на  www.zimski.blog.com.mk. Сите текстови ќе се исти на двата блога освен оние постари од денешниот датум.