Повеќе намерно отколку случајно понесен од авантурата пролет-лето малку ме снема од блогов, но затоа пак мрднав по царштинава, на мала посета по другари пријатели и родбини.
Моите патеписни впечатоци ќе ги оставам за некој истражувач на моите тертратки, а тоа пак што еп-тен сакам да го откачам како трн од око и да поверувам дека е само лош маркетин за „новата Македонија“. Она што треба да се препознава како промена на сваќањето на една власт, како нова фабрикувана идеја подигана со лостовите на политичката моќ, она што кога ќе помине покрај нас (никако пешки) ние го препознаваме како „бизнис-класа“.
Танова класа оставајќи ги своите опинци во нивјето во своите идилични села, и си ги загржа своите средселски навики и манири, исто толку и морални норми, со помошта на партиската книшка и парите, некако (за сите други) одзаседа добија непримерни за ннив форми, китејќи се со статусни симболи за „новото време“ кое уште не е исполнето.
Таа класа која живее во една нарцистичка огледална галаксија и самореклама, универзум на слики за тоа што треба допрва да стане. Во рекламите на фирмите и компаниите кои се по нарачка на таа каста и чија тема се само и само тие, гледаме слики (икони) на стварноста, развиена телекомуникација(која не постои), компјутеризација на фирми (што не постои)убави и внимателно избрани млади луѓе сите облечени во одела кои со своите мобилки залепени на уво постојано склучуваат калап зделки (кои не постојат) од кои државата е постојано насмеана. Едноставно одшумата не можат да се видат дрвјата.
И во сето тоа мое шетање, сите билборди по патиштата, спотовите на тв и радио, добив впечаток дека ние треба да се храниме со сликата (иконата) за Македонија, а не со Македонија каква што навистина се нуди. Како да треба да ја јадеме сликата за лебот а не лебот…
А во меѓу време, за Европа сеуште сме земја во знакот на јунајтед колорс оф бенетон,полните контенјери и лошата инфраструктура, шверцот и верскиот конфликт, корупцијата и секогаш можниот тероризам.
Во спротивно нема за што да сме 100 години во стенд – бај аранжман, урамени во визниот режим (според мене многу скоро и кон Србија), под 24/7 присмотра на странски безбедносни служби?!?
И баш таа бизнис иконографија конечно успеа да докаже дека човек на човека не му е волк…туку дека човек на човека му е коза, го буца и го рогуши…го носи по најтесни патчиња зпотоа да го скордепса во некоја провалија и мирно и ладнокрвно да го гледа кај што се дроби, и ништо не разбира.
Власта на иконо-шизофренијата ни за јота не отстапува од методологијата која треба да ја ишмука реалноста од очите на обичните работни „будали“ и да всади нови симулации и симулакруми за нивната трпеза после „полниот“ ден на работа.
И повторно ќе мора да се види реалноста.



Recent Comments