SUNSHINE

8 04 2007

dsc00322.jpg

 

SUNSHINE

 

Нацртајте ми

по утробата

месечина

што раѓа месечина

за да го смирам

бунтот

на шесте мои мориња.

 

Разгорени

многу гори

изгоревме…

 

па избравме девојка

река

да ни изусти

за да одмориме…

 

Нацртајте ми

жена

што раѓа месечина,

За да ги запрам

моите огнови

во туѓи мориња

да не се издават.