Веронаука нон грата

7 04 2007

dsc00322.jpg

Последниве денови некако со прикриена заинтересираност, и со скокотлива радозналост, иако навидум рамнодушно се повеќе се шушка за воведувањето на веронауката во школите. Јас кажав дека сум против воведувањето а малку поопширно и без некои големи церемонии како вовед, еве и зошто.

Во Македонија имаме ситуацијаво црквата која е далеку од разјаснета, расчистена, и стабилна. Има еден Архиепископ во затвор, на кого како што му запнале со тужби и процеси подобро да му го препишат Идризово во наследство, отколку вака да се подигруваат со него, и од друга страна една црква која како малолетна кокетка прилично лошо глуми ладнокрвност, супериорност и заедница со останатиот свет на православни Цркви, пропагирајќи дека се ова што не окружува тука е само лош мамурлук после една прилично надувана духовна пијанка, кој кога тогаш ќе помине.

Како вероучители ќе се бараат дипломирани теолози кои не треба да се веќе ракоположени во чин свештеник, односно само што дипломирани Теолози со претензии да работат во образованието ширејќи ја мисијата на Македонската Православна Црква помеѓу декадентната и непросвет(л)ена младина. Тука некаде е и првиот кушлус.

Колку тие шизици кои ќе бидат професори по веронаука ќе можат да им објаснат на децата зошто во Македонија има ПОА и МПЦ?!…колку ќе бидат спремни да ја застапат вистината на сметка на своето работно место зашто нормално дека ќе бидат најмени од МПЦ а не од Охридската Архиепископија…во интерен разговор со неколку мои пријатели кои се дипломирани теолози ги чув моите ставови само од друга уста, викаат, во право си ама ако ми најдат работа кој ги едуцира, не ми е гајле…тука некаде е и вториот кушлус…со тоа што ќе се избегнува таа тема на актуелната црковна не- кондиција, и учејќи ги децата на некое самостојно православие без единство, само ќе се утврди магичниот круг наречен мисија на МПЦ, уште повеќе ќе се зацврсти расколот и шизматичната мисла која повеќе ќе се поклонува на една Македонија од што на некаков бог.

Многу се замлатуваат со тоа како е во Грција, Русија…и други земји каде веронауката функционира непречено, но ова тука е друга реалност, и нај екстремната фантазија е бледа во споредба со нашава реалност, ова е ПЈРМ и овде веронауката е нон грата. Се друго е само обид да се држат послушни и покорни а уште повеќе под контрола младите верници за да не се дозволи да се повтори Архиепископот Јован, и Православната Охридска Архиепископија, а на сметка на тоа преку тој механизам кога ќе дојдат избори овие ќе кажуваат дека како христијани треба да ја поддржат партијата која стои на страна на црквата…и уште знаете ли кој бизниз лежи зад ссетотоа што толку се запнале да го направат тоа…ами печатење учебници, ами прирачници, молитвеници и се што ќе им падне на ум дека може да го собере и замени џепарацот на учениците  со уште некоја книга во нивните ранци.

Тоа ми го става под прашалник и курсот на земјава, дали е демократска, теократска, конзервативна, либерална, европски настроена, мулти културна и мултиетничка или ништо од сето тоа…во тој случај ако се воведува веронаука, зарем нема да им се дозволи на сите други, адвентисти, лутеранци, католици, и што ти ја уште знам какви не заедници кои баш од правителството на Македонија добиле регистација и дозвола отворено да го исповедаат она во кое што веруваат, да држат предавања на тие часови по веронаука?!…

Нека извинат припадниците на муслиманската вероисповест не сум подлабоко запознат со поделбите во ивз па затоа нема да го коментирам тоа…но кај нив и онака постоеше и досега редовна пракса на веронауката во џамиите па ова во школите ќе е само официјализирање на веќе долгогодишната пракса.

А за елементарните алогичности кои стопати ги имам повторено не сакам веќе да спомнувам зашто ми е мака…не можам да си ја објаснам чињеницата дека некој шизик може да НАУЧИ друг жизик да ВЕРУВА…досега науката правеше и доаѓаше до страшно големи откритија, некои корисни, а некои не за човештвото, но откако го достигнавме нивото на генетскиот инжинеринг со кој можеме да се репродуцираме без при тоа да не се пипнат со прст машко и женско, според мене во овој и вековите што идат најголемото откритие за човештвото ќе е Бог, а до тоа откритие никој не може да те доведе, тоа е длабоко лично и единствено сам можеш да го оствариш. Поради тоа сметам дека во Македонија не постојат искрени намери за достигнување на тоа откритие, само бизниз интереси профит со поголеми проценти на добивка во кое овој пат (за разлика од до сега) манифестативно е вклучена организацијата на луѓето во црно од МПц.


Actions

Information

24 responses

7 04 2007
Marijan

Веронауката е од особена важност за македонскиот верник да ја осознае својата Православна Вера. А тоа што вие, не можевте да просперирате во рамките на МПЦ, пред се поради вашата необразованост, никој не ви е крив. Само престанете да глумите дека вие сте богословски најписмените, додека луѓето во црно од МПЦ се неписмените, кога двајца од тројца ваши епископи и сите свештеници завршија во богословијата на МПЦ.
Немојте да очекувате дека некогаш ќе успеете да се вклучите како пастири на верниот народ во Македонија, затоа што тој воопшто не ве сака.
Со среќа нека ви е виртуелното постоење!

7 04 2007
zimski

Што м’млаш бе ти…какво приклучување кави претензии…ај прочитај го текстот уште 10-ина пати па самокорегирај се…точно, јас не можам против мојот народ, и уште повеќе не смеам против мојот народ…дури ипроттив глупоста на истиот тој народ. И немој да ми персираш, зад овие ставови стојам јас, луѓето од ПОА сакаат да се воведе веронаука, затоа обраќај ми се со Ти…и за среќа и разлика од тебе, мојот ум е мојата униформа, а не високопрофитабилна капиталистичка идолатрија лошо запетлана под владичните мантии.

7 04 2007
Marijan

Или целиот народ е глуп или ти си глуп, нешто има!

7 04 2007
zimski

Покажи ми статистика, анкети, прашалници и дебатни емисии, во која народот се изјаснува за веронаука па ќе прајме муабет…се друго е само твоја емотивна пшроекција дека во македонија има јавна согласност за таков чекор, и дека сите го сакаат она што и дедо ти Стефан.Се кладам дека побрзо ќе се одзвијат на предлогот за воведување на часови по балет од што на ова.

7 04 2007
areopagit

Сите од расколничката мпц се апсолутни анафалбети по прашањето на православното богословие. Зошто да знаеа богословие не ќе беа во раскол со православната Црква Христова.
Стварно ми е жал за тебе Маријане что не го знаеш тоа. Надвор од границите на Р.М. никој од мпц не ни мрднал. Може и на пошироко да подискутираме.

7 04 2007
areopagit

За Божо: Брат Бог и злото го приведува на добро. Ако евентуално расколниците се покајат и преумат и пристапат кон Црквата. А дека цела македонска јавност е труена со дезинформации за П.О.А. и Арх.Јован сите знаеме па тоа сигурно ќе продолжи и во училиштата. Само со колкав интензитет не знаеме.

8 04 2007
Игор

Areopagit spored pishuvanjeto kako sto mozam da zabelezam ke da si blagonadezno tatarce, taka li?

Pa vie bre po proishozdenie shte da ste varvari, od kaj sega stanavte hristijani?

8 04 2007
Marijan

А од кога ти Ареопагит стана експерт за Православно Богословие?

8 04 2007
Polemika

Сигурно некаде бил на вечерен курс, или на приватни часови.
:)

8 04 2007
мистер ШЛАЈФка

Де жа ву.. Македонец и дискусија по тема.. ахаха.. овдека се збори за тоа дали да/не се воведе веронаука.. ама како што си ги дал Господ „ПАТРИОТИТЕ“ кај нас.. освен да си ја завртат темата на бугари срби грци.. оти само така знаат да се искажат (со тепање плукање урлање). Е па, се фаќате за национализам, како давеник за сламка.. Денес во 21 век само прост народ може на ниско ниво да се расправа за национализам и да оправа кој е и што е.. Ајде да нагаѓаме тука кој е таков?? Маријан, работата е проѕирна како воздух… а ако тебе ти треба експерт за да процениш што е вистина денес во Македонија.. хм.. проблемот е во тебе и за жал во мнозинството народ кој што живее во Македонија. Па не е ни чудо зашто никогаш не се тргна напред..

8 04 2007
Македонска фрустрација! « абаут:бланк

[...] пак со оваа проблематика кај нас, ама на текстот Веронаука нон-грата од Зимски има конкретен пример за ова што го говорам. [...]

8 04 2007
areopagit

Ќе бидам многу прецизен:
За мојот личен происход можам да кажам дека јас лично происходам од современиот македонски народ кој живее во денешна Р.М. (според моите родители по плот т.е. тело) кој пак потекнува од јужните словени, а тие пак од Адаама и на крај тој од Бога. Тоа за происходот. А за сегашната припадност се припаѓам на Народот Божји Христијански кој е Црквата Христова овде на земјава.
А за тоа кој каде и кога и од каде богословски се едуцирал воопшто не е важно бидејќи треба само да посакаш за да тоа го направиш. Имајќи го Архиепископот Јован VI за свој Архиереј и за ерудитски пример, тоа многу лесно може секој да го направи.
А кој колку е богословски едуциран се гледа по коментарите и беседите што ги искажува.

15 04 2007
Lavot

Ах, Божо, Божо, срамота е машко ова… ве учеле ли каде завршуваат предавниците?
И доста е ПОА, МОА, белки ќе сфатите некогаш дека тоа чиста странска шпионска структура во Македонија, а вие сте испраните мозоци (за тие што имаат).
А, бе добро луѓе сте прочитале ли вие нешто во животот? Историја, географија, ЗПО, ОТП? Било што? Белото циганче, Зоки Поки?
Ах, заблуди мои морски, тигрови мои океански, загреота шо би рекол народецот прилепски сте!
Туку ај, на Македонија веќе судбина и се таквите „душегрижници“ како вас…

17 04 2007
Kirilsan

ЗА ЛАВОТ. Лаве, гривата ти окапала наверно. Како можеш бе момче да користиш термин като ШПИОНАЖА или уште по-лошо ШПИОНСКА СТРУКТУРА. Хич не сакам да ви зборувам за ИСТОРИЈА, па на вас ниту за ЦРКВА. Извинете сите, но дури и блогот не знам за кого си го направив http://www.synergie.wordpress.com. Сепак бе треба некој да разбира барем малку за да дебатираш. Ако сакаш да зборуваме со референци, во ред, ама некакви наши евтини мислења, не фала. ИЛИ БОГОСЛОВИЕ ИЛИ ИСТОРИЈА.
Значи. Како можеш да наречеш булгарин како татар и неправославен а во исто време твојот епископ да бара поддржка и да с фали со контактите на БПЦ? Мене тоа ми е шизофренично. Дај расчистете со себе, та после да зборуваме пак, со референци и факти. Ајде спомни историчар, богослов или, ако зборуваш за медицина, спомни доктор по медиц. науки.

18 04 2007
Lavot

a бе Кирилсан (што има врска богословието со јапонските суфикси?) проѕирни сте та ти, та Божо мил, та и другите неколцимина што продавате магла меѓу народот. Можете да лаете дур земјичкава ни е таква насушна, скромна, исплашена ко пес кој 5 години го тепале со камења, па сега при секое нечие наведнување бега. Уште троа!
Но, вашето ќе помине, а карванот ќе си сврви. Впрочем, она што за ваша жал го предвидел Шопов веќе се оствари, помина маже, се стори, како да ти кажам поинаку, незнам. Ни Второто одделение ви помогна, ни целиот административен окупаторски систем ви помогна, ниту пак вашите структури ќе ви помогнат.
Туку, речи, го знаеш Митрополитот Теодосиј Гологанов?

18 04 2007
Mk_levica

Веронаука во образование? Што сме ние, теолошка држава? Ништо друго нема да коментирам, бидејќи сметам дека се е кажано ако не сме теолошка држава. – Рене

20 04 2007
глагол

Незнам дали Марјан сака да каже дека епископите и свештенството на канонската Црква во Македонија не ги бива затоа што завршиле во богословијата на МПЦ, но таков заклучок не држи. Не затоа што богословското образование во МПЦ е на некое ниво, напротив — од трње неможеш да береш грозје, туку затоа што школото не го определува човекот. Еве, и дедо му Стефан, како што вели Зимски, ако не се лажам има завршено во Белград, при врвни теолози и духовници, па сепак абер нема ни од теологија, ни од духовност.

Инаку, јас сум за веронаука во образованието, точно вели Зимски – тој е против, но други луѓе од Православната Црква се „за“. Си велам, сепак ќе поднаучат децата нешто.

Патем речено, при изборот на кадар којшто ќе предава не би смеело да биде пречка припадноста кон канонската Православна Црква.

20 04 2007
шлайфка

Lavot од што се плашиш? Ако сме како што викаш неколцимина.. зашто толку се занимавате со нас? Или…?? и ти си античен? Уште малку, издржи..

20 04 2007
шлайфка

zaboraviv webstranata da ja stavam ..

22 04 2007
anonimus

Tekstov e dobar no jas sum “za” voveduvanje veronauka vo obrazovanieto kako sto veli Glagol,sepak decata ke podnaucat nesto. pozdrav

23 04 2007
milutin

Interesno glediste na avtorot za veronaukata, osobeno vo nasiov prostor, naseto sekojdnevie. Mislam dokolku toj predmet se izucuva fakultativno, ke go pokaze vistinskiot stepen na interes kaj roditelite/decata.A za edinstvoto na Crkvata(citaj raskolot), da ne stanuva zbor, zosto e poveke od ocigledno deka e za po doma – salonsko!

16 06 2007
fmor

Не сери Божо, нема кој веќе да ти ги чисти лајната.Ту бе како не те затворија во некој ендек да ти дојде умот и да не сереш веќе кај по улициве па и на блоговиве

26 06 2007
зимски

…ако стварно нема кој да ми ги чисти лајната одма ке те вработам тебе нма таа должност – да ми ги чистиш цело време…така и ќе напраам и помогнам на Македонија со невработеноста…мал чекор за Македонија но голем за тебе…..нели?…
акрепна детинко.

26 06 2007
шлајфка

fmor знаеш што е мува? Живее на говна, и потола лета насекаде и остава траги од говна. Изгледа врвот на твојот живот е говно. Соседите од исток ќе кажат: бахти хората.

Leave a comment