![]()
Последниве денови некако со прикриена заинтересираност, и со скокотлива радозналост, иако навидум рамнодушно се повеќе се шушка за воведувањето на веронауката во школите. Јас кажав дека сум против воведувањето а малку поопширно и без некои големи церемонии како вовед, еве и зошто.
Во Македонија имаме ситуацијаво црквата која е далеку од разјаснета, расчистена, и стабилна. Има еден Архиепископ во затвор, на кого како што му запнале со тужби и процеси подобро да му го препишат Идризово во наследство, отколку вака да се подигруваат со него, и од друга страна една црква која како малолетна кокетка прилично лошо глуми ладнокрвност, супериорност и заедница со останатиот свет на православни Цркви, пропагирајќи дека се ова што не окружува тука е само лош мамурлук после една прилично надувана духовна пијанка, кој кога тогаш ќе помине.
Како вероучители ќе се бараат дипломирани теолози кои не треба да се веќе ракоположени во чин свештеник, односно само што дипломирани Теолози со претензии да работат во образованието ширејќи ја мисијата на Македонската Православна Црква помеѓу декадентната и непросвет(л)ена младина. Тука некаде е и првиот кушлус.
Колку тие шизици кои ќе бидат професори по веронаука ќе можат да им објаснат на децата зошто во Македонија има ПОА и МПЦ?!…колку ќе бидат спремни да ја застапат вистината на сметка на своето работно место зашто нормално дека ќе бидат најмени од МПЦ а не од Охридската Архиепископија…во интерен разговор со неколку мои пријатели кои се дипломирани теолози ги чув моите ставови само од друга уста, викаат, во право си ама ако ми најдат работа кој ги едуцира, не ми е гајле…тука некаде е и вториот кушлус…со тоа што ќе се избегнува таа тема на актуелната црковна не- кондиција, и учејќи ги децата на некое самостојно православие без единство, само ќе се утврди магичниот круг наречен мисија на МПЦ, уште повеќе ќе се зацврсти расколот и шизматичната мисла која повеќе ќе се поклонува на една Македонија од што на некаков бог.
Многу се замлатуваат со тоа како е во Грција, Русија…и други земји каде веронауката функционира непречено, но ова тука е друга реалност, и нај екстремната фантазија е бледа во споредба со нашава реалност, ова е ПЈРМ и овде веронауката е нон грата. Се друго е само обид да се држат послушни и покорни а уште повеќе под контрола младите верници за да не се дозволи да се повтори Архиепископот Јован, и Православната Охридска Архиепископија, а на сметка на тоа преку тој механизам кога ќе дојдат избори овие ќе кажуваат дека како христијани треба да ја поддржат партијата која стои на страна на црквата…и уште знаете ли кој бизниз лежи зад ссетотоа што толку се запнале да го направат тоа…ами печатење учебници, ами прирачници, молитвеници и се што ќе им падне на ум дека може да го собере и замени џепарацот на учениците со уште некоја книга во нивните ранци.
Тоа ми го става под прашалник и курсот на земјава, дали е демократска, теократска, конзервативна, либерална, европски настроена, мулти културна и мултиетничка или ништо од сето тоа…во тој случај ако се воведува веронаука, зарем нема да им се дозволи на сите други, адвентисти, лутеранци, католици, и што ти ја уште знам какви не заедници кои баш од правителството на Македонија добиле регистација и дозвола отворено да го исповедаат она во кое што веруваат, да држат предавања на тие часови по веронаука?!…
Нека извинат припадниците на муслиманската вероисповест не сум подлабоко запознат со поделбите во ивз па затоа нема да го коментирам тоа…но кај нив и онака постоеше и досега редовна пракса на веронауката во џамиите па ова во школите ќе е само официјализирање на веќе долгогодишната пракса.
А за елементарните алогичности кои стопати ги имам повторено не сакам веќе да спомнувам зашто ми е мака…не можам да си ја објаснам чињеницата дека некој шизик може да НАУЧИ друг жизик да ВЕРУВА…досега науката правеше и доаѓаше до страшно големи откритија, некои корисни, а некои не за човештвото, но откако го достигнавме нивото на генетскиот инжинеринг со кој можеме да се репродуцираме без при тоа да не се пипнат со прст машко и женско, според мене во овој и вековите што идат најголемото откритие за човештвото ќе е Бог, а до тоа откритие никој не може да те доведе, тоа е длабоко лично и единствено сам можеш да го оствариш. Поради тоа сметам дека во Македонија не постојат искрени намери за достигнување на тоа откритие, само бизниз интереси профит со поголеми проценти на добивка во кое овој пат (за разлика од до сега) манифестативно е вклучена организацијата на луѓето во црно од МПц.



Recent Comments