На нешто ме присеќа овој град.

29 03 2007

dsc00322.JPG

На нешто ме присеќа овој град, кога во ниедно доба, како покасно роден или единствен буден прошетувам низ плоштадот, и тие неколку куќи околу него, и оние неколку после нив, се до зградите на крајот .

На нешто ме присеќа и нејзиниот висок прозорец кој малку одвисоко се загледал во мене, чувајќи ме од сонот на мојата уморна леди која била втора смена на работа или трета смена нечие задоволство.

Знам дека и после нас ќе има младост, но нема да е повеќе наша, и не во просекот 2005-2006.. На нешто ме подсеќа и нејзината топла соба и црната стара француска пудла легната на фотелја додека ние ја испотуваме  шољата кафе испиена за добредојде… Нејзиниот вкус некако солен, нејзиниот ракопис, нејзините затворени очи отворена уста и гладно зинати бедра…нашиот почеток…се тоа на нешто ме потсеќа.  Милион безобразни податоци од нашата младост, празни гугукања по полноќ, ликери од вишна како лосион за сончање на месечина…и тоа на нешто не мотсеќа…но не можам да се сетам на што.

Долго беше пропрремано нашето познанство, а исто толку долго остана да се сеќаваме на Оскар Вајлд и, модрото небо над овој град, кој се на нешто ме потсеќа.   Тука нема трамвај, да завива од осаменост на своите шини, само неколку заспани таксисти пред балконот на мојата леди…и се тоа на нешто ме потсеќа, додека како есенски лист се оддалечувам од зградите кон куќите што се зад оние куќи околу плоштадот, а потоа и до плоштадот, и се тоа на нешто силно и упорно ме подсеќа.

Со лошо прикриена желба, менувам cd и се враќам на мојот стол…колку ли помина од првата песна?! На нешто ме подсеќа овој град, кога во ниедно доба, како единец син прошетувам низ плоштадот.