Год Блес Македонија

27 03 2007

 

dsc00322.JPG

Фасциниран сум од тоа со колкава брзина треба човек да пишува ако се реши да ги прати макар и половично состојбите ни помалку ни повеќе во земјата на големото утре – Македонија. Ако заостанеш некој ден…што те вади тогаш?…земај редбули, кругер витамини, може ќе прегориш два-три блендери за енергетски бомби, ќе си го плунеш желудникот од кафиња, и на врат на шија некако ќе си дојдеш на себе си, и таман си дошол на себе си и земаш едно парче здив…ете си пак назад смртно погоден од идиотизам од 2 килотони, од (по)стапките  на нашиот цењен прв дипломата прецизно како скалпер на корумпиран хирург те засекува во корен на интелегенција темелито изнедрувајќи лобисти за името на Македонија од места каде што веќе ни змејот не спие. Додека Дора раскошна како митолошка горгона, по светот скаменува со својот стисок на рака, сакајќи да не прогласи овде за долина на лепрозните, Тони влегол во филм на Мис Тон па проповеда европејство во села за кои ќе ни треба да дојде втор Колумбо за да ни каже дека постојат. Таа нивна препирка единствено можам да ја илустрирам како сајлент Боб vs. Џејсон.

И додека си рекол Хаклбери Фин…ете ти го горд пред својата (двајца и дете) младина како кинг оф д касл за сва времена Љубисав Иванов од мајка роден Ѕинго, и намерно не сменив канал за да измерам што трае повеќе – говорот или паузите меѓу зборовите, и можеби ќе се изненадев на целосното проследување на неговиот (полу)говор, ако не сконтав дека директно и интензивно сум озрачуван од Сител. Кога го здогледав другарот Гевара – Че во позадина апсоштрумфно бев поразен од идејното решение за сценографија, очекувајќи да дадат слајд шоу со Ѕиле во ров со Че, па Ѕиле и Кастро во поза за танго, Ѕинго и Лепа Брена….во дует ја пеат „југословенка“

А и не чув од кои побуди сеуште стојат статуите пред влада…можеби како темплејт модел за фотографија…замислете го Николче и компанија како мали деца….јас сум Сократ…јас ќе бидам Платон…е не сакам јас да сум Перикле…прва жичка за водичка… прв си реков…е прв го видовкого удрам не жалам…  Да не знаеш што побрзо да заштитиш со закон…скулптурите или Паско Кузман.  А младите археолози на кале откако го разбудија булдужерот во себе и невладините во државата, ударнички му писнаа на калето некако со песна…и да врне и да вее едно кале за нас ништо не е… мотивирани дека еден ден и они може ќе местат од откриените бардиња пред влада…симболично кажано дека од антика сме воспален хемороид на шупката од светот и дека ни треба да оладиме малку.

Некако с пролеќе, од блогот на Ивица (Анти) утрово не погоди во лево рамо еден рикошет што одамна кружи во земјава никако не наоѓајќи си жртва, нешто околу повторна актуелизација на темата „веронаука во мојата татковина“…оче прости им не знаат што прават…Шуд ај кол ју Џизз…тоа некако ми доаѓа секојпат кога некој од влада има тешка грижа на совест па како потреба за индулгенција удри ја мегаломанската и ни две ни три веронаука ќе воведуваме, ни се може…бе…може ќе следи уште некој крст попут оној на водно, уште некоја црква со вредност колку два макеонски буџети како онаа на Гуштеров…баш сакам да знам која е таа духовна герила што ќе предава по училиштата а никаде ја нема за ситуацијата партизани-германци во црквата…Тоа ќе личи на се само не на веронаука…тоа ќе се часови по етика, по морал или неморал…кој како сака – факултативно…од каде идејата дека можеш да го научиш некого да верува, пази молимте(?!)…и дека оној што ќе има 5 е поголем верник од оној кој има 2(?!)…како ќе ја објаснат вероучителите ситуацијата во црквата…јеби га се случува (?!?)а нормално дека ќе ги ангажира (најверојатно) спорната страна зато што је малцинство … часовите ќе почнуваат со браќа и сестри а ќе завшуваат со Год блес Македонија, а во меѓу време ќе кулминира со практични вежби за меѓусебно простување секој пред секого по трипати (на гладно срце)…ќе се учат молитви на памет…(!?)…и за месец дена оооооп, нема порно клипчиња, нема крвави погледи и крвави насмевки…абе Алиса во земјата на чудата, Хајди од планините…соу хелп ас лорд!