Македонија не е во Македонија!!(2)

20 03 2007

dsc00322.JPG

Ич да не е…го послушав коментарот на Кристијан, и си реков ајде може јас сум во некоја искривена позиција на мислење, видно растроен и/ли разочаран(иако не знам од шо би бил кога не очекувам ништо)…и така неколку дена со ред, излегувам и ги купувам сите дневни и по некој неделен весник, конзумирам по 5-6 кафиња дур ги проголтам сите турбулентни вести напишани во нив, се предавам на центрифугалните сили на тв дневниците по 3-4- пати на ден, со една мисла…па може и ќе се најде под мазното азно, може нешто ќе ме просветли, во крајна рака ете и јас (барем ке позирам) како сите загрижени граѓани за судбината на нашата Patria, со прстот на чело и ли длабоко замислен поглед изгубен некаде меѓу редовите убиствено ентузијастички обидувајќи се да смислам молитва или магија со која ке придобијам милост од врховните сили , и/ли поглед кој пробил некаде низ тв-лизорот, и со секоја воздишка ќе се храбрам во Македониевото напред…

Ама не издржа срце јуначко…што е многу многу е…и сите сендвичи од седмица се помалку калорични од подвигот на кој се предадов, а ете видиш не се голта.

Додека светот јури напред, што би рекол…Гогољ…ние оправаме дали и зошто се купени 4 матизи кога со тие пари можело да се купат 3-4 резервни гуми за автобусите на градски…што ручале трио фантастико во Воденица и кој по колку букоец ставил во чинијата…како ПОА не можела да се вика така оти на некој од МПЦ така му се викала кооперацијата у маало… дали стечајците пред влада биле 13 или 15 …не не сепак…16…колку од нив умреле и колку допрва ке умрат(ако ова не се земе за трагично никако не смее да се прифати како комично)…вести од светот 3 минути, вести од културата 1 минута и 23 секунди, репортажа за заглавен трактор во ендекот кај свирипичино 10 минути….се крева прашина на кале како да ќе ја ископуваат арката на Ное па сеа, ајде археолози свих земаља обедине те се…мене например утрово ми снема топла вода на сред туширање и баш би сакал да знам…што мисли владата да превземе во врска со тоа..

Па дајте луѓе ви се замолувам… тука не сме веќе ни магичен круг…тука не сме веќе ни круг дури ни кружница а камо ли магична…сме постанале конечна крива која почнува од народот и заавршува таму негде далеку далеку(каде живее осамената риба наречена сонце) во фејд аут кај власта…затоа што јас веќе не можам да дефинирам кој или која е тука власта,идеологијата, целта и насоката на нашата зелена долина???

Дали народот е возбуѓен од проблемите на државата …или пак државата е изреволтирана од тоа што нејзиниот народ не е способен сам да си се грижи за себе дури таа јури …некаде…(појма немам каде)…кој е тука луд а кој збунет?(имајќи ја во предвид поговорката)…

Постојано овации од публиката, постојано воздишки од трибините…и дури главите ни се сеуште у (жежок) воздух…да кажеме кој со кој …и чии нозе ја смирисале соблекувалната Македонија.

(продолжува)