
Овде работите очиглено се менуваат само во поглед на реториката која се користи по дневните весници и вестите на тв каналите…
Моментално во македонија ги имаме сите кругови на Архимед само што нашите се помагични од сите волшебници од Мерлин па се до Дејвид Коперфилд зедно…
После една полупросечна емисија на тв кај уште по просечен уредник, по кој знае кој пат се брбла за некаква интелектуала во Македонија…и дали и зошто молчела.
Ај малку завртете го образот на левата страна и за момент замислете дека сите оние деца кои заминуваат по бродови, по грција, Канада, кои склучуваат технички бракови или кои се спремни да ја ископаат и дупката на ѓаволот само за да заминат од тука дека и тие се , пардон, беа интелектуала во несреќнава долина Македонија.
Сеа остана доволно слободен простор за полуписмени гулабари као Букарски да се прпелаат и да уживаат во својата неграмотна дрскост спакувана во „прогресивна“ форма и пласирано како „нашата нова генерација“….
Колку мина од вас имаат другари и другарки роднини и пријатели под 30 што заминале или веќе се надвор од земјава лутајќи во сонот за tomorrow land????
Затоа што, овде (барем јас) не можам да објаснам зошто е подобро да останеш и да се трудиш да си интелектуала, додека страдаш за есенцијална егзистенција, телесна и духовна, наместо да си ги стегнеш патиките и да си ја пробаш среќата во формата на глобализацијата…
Тука интелектуалата е мртва….да живее интелектуалата!!!!
Погледнете статистика на абортуси во македонија, потоа на степенот на морталитет, па потоа на иселени и оние кои веќе ги стегнале каишите на своите куфери…
Кај е тука интелектот и делото на академските умови…кај е борбата за своето парче земја на кое треба да се остане како на свој камен баш на местото каде тој камен си тежи….
Успешни сме само кога ја крадеме шминката на успешните од светот, ама не и нивните мерки….ни смета да не споредуваат со Гана, Буркина Фасо, Сиера Леоне….или сите оние провинции на светот кои се прпелкаат со нас на дното…а убаво ни е што имаме, Кока кола и Мекдоналдс, што носиме италијански чевли, што зјапаме по бутици со ексклузивна облека како мајмуни на семки…..
Нашата интелектуала се регрутира од нашата сиромаштија….и има една мисија….истата таа сиромаштија…просвета, образование, наука…..и реевангелизација ако треба…до таму треба да е спремен интелектуалецот наш насушен да оди за да ги ужива придобивките од тој епитет….За дисиденти пак и да ме почнувам…оти инквизицијата е само еден куп мажуретки во споредба со тоа што им правиме ние на нашите дисиденти, општествени и духовни….И покрај сите овие теми баш и не ми е јасен приоритетот на тоа дали во македонија интелектуалците пишеле колумни?????!!!



Види вака сега млад и талентиран автору на текстоФ:
;
1. потруди се да избегнуваш печатни грешки во твоите следни текстови, оти читателот нив ги доживува слично на дупките по улиците (а реакцијата е менување улица со помалку дупки
2. верувам дека (не)расположението кое те нападнало непосредно пред да го пишуваш текстот нема да помисли на тебе повеќе;
3. интелектуалците кои од некоја причина се „приморани“ да ја напуштат татковината, мене ми личат повеќе на авантуристички души, кои едноставно НЕЛИ се срамат да се покорат на нормите во системот (каков-таков) и за секоја најобична работа користат пријател. Истите, во новата татковина се соочуваат со работа многу потешка од таа што ја имале тука (или ја немале поради угледот)…
4. ако случајно помислиш дека „таму е подобро од тука“, помисли дека вредноста на „таму“ и „тука“ може да се промени и пак да важи: „таму е подобро од тука“. И што правиме тогаш? ;
5. еве дел од пораката од еден млад интелектуалец кој има генерална проба на „Животот во ЕУ“. повели:
-Se nadevam deka ste dobri i kaj nas e poubavo od tuka.Tuka samo vrne.
…е па кристијан млад интелектуалецу…може и да е (меѓудругото ) нерасположение у питање, ама сигурно е дека пред се тоа и е реална слика тука во Македонија, зашто по некоја случајност јас имам 2 ддругари кои ги оставија факуѕлтетите за да отидат од тука зашто немаа со што да ги завршат(мислам на пари), и питање е дали ќе се вратат.Искрено мислам дека никој не би заминал ако му е екстра тука и да ризикува да бара преку леб погача.Можеби и таму не успеваат, но да го направиш општеството послабо за твоите способности понекогаш е задоволива одмазда, за фрустрациите што запреле нечиј развоен пат…(од разговорите до другарми).
Кристијан, блазе тебе мори Митро.. што си живееш во розов свет. Ситуацијата кај нас е алармантна, дури и боли од што во очи боди дека квалитетот си оди од земјава. Па згора на се, од целата сериозност на текстот, твоја прва забелешка се печатните грешки… Браво.
И не ми е сосема розево (зелено ми е), ама во другиве земји тече мед и млеко, кога ти чекаш вода со чашата. Ако мислев дека некаде е подобро, немаше да размислувам и да ги прашувам другите дали да одам на печалба или трајно да се одродам. И ве молам пишувајте на мајчин јазик!
А бре Кристијан, ако сакаш остани, ако сакаш оди, твој е изборот. Ако си некое татино синче или мамино галениче па уште и аристократче, остани си бре, кој е будала да си оди одовде кога џебот му е полн!? Ама поради тие татини ми мамини бонбончиња другите јадат камења и додека таквите пијат кока кола, другите 90% си ја пијат потта (преносно, а некои и буквално). Освен ако не си во рамките на аристократите или синче на директорче, тогаш мора да страдаш од инфантилност од националистички вид, затоа што никој со здрав начин на размислување и разум нема да остане овде во оваа „вукојебина“ ако му се пружи шанса таму каде што барем има каква-таква цивилизација. Лично за мене, јас во моментот параноично барам начин да се иселам од Балканот, како и 20.000 луѓе годишно што се иселуваат (статистиката е од државниот завод за статистика). Така што, ако за тебе исчезнувањето на годишно ниво на еден просечен град во Македонија не е алармантно, земи си пелени и да не заборавиш да се напнеш!!!
една мала сугестија
не превзема, туку презема
Поздрав!!!
5. еве дел од пораката од еден млад интелектуалец кој има генерална проба на „Животот во ЕУ“. повели:
-Se nadevam deka ste dobri i kaj nas e poubavo od tuka.Tuka samo vrne.
главната причина зашто не му е „убаво“ е дека врне?!? ноу комент (на мајчин јазик). и овој велиш е интелектуалец?!? според кои (чии) мерила?
Да би имал можност, веднаш би ја исселил Верверичката од тука и тоа да си одбери граничен премин и друштво. Јас останувам и ќе го јадам и пијам и вашиот дел. Затоа земи си повеќе другарчиња – ќе ви биде повесело. И што е најважно: не се враќајте во оваа вукојебина, ама НИКОГАШ! Добро?
Ако глагол сака да ја провери интелектуалноста на другар ми кој работи 50 часа неделно, може. Се зафркавам – секако дека не може! Не дека се плаши, туку едноставно нема време. А ако не си бил на печалба, немој да ми препродаваш туѓи искуства.
Поздрав
чекај сега (станува весело), другар ти е печалбар или интелектуалец? или штом некој замине на печалба по автоматизам станува интелектуалец?
патем, каде тоа ти продавам туѓи искуства?!?
е, жален, жален Зимски, до кое канализациско ниво на блог-памфлет спадна.
ете да бидеме начисто, јас на пр. воопшто не ги обвинувам тн неопечалбари. заминале па што! биле избркани? океј. секој со својата субдина бе.
а види ниту пак ги жалам лицемерно како тебе. велам лицемерно оти ем седиш овде пријателе, (во тој ФИРОМ де, кој очигледно го лепиш со чудна злорадост, не претерано иронично) ем кукаш дека заминале по белиов свет да си го бараат чарето.
затоа тие за разлика од тебе, се сепак похрабри и почесни – направиле некаков избор.
ти засега не си направил некаков избор.
сам пишуваш како локаш кафиња и читаш весници, гледаш ТВ емисии со просечни уредници по цел ден и се пиздиш кобајаги (леле ни ги стресе!) наместо да речеме да начин (кога веќе си тука во ФИРОМот де) како да се бориш против оние кои очигледно дирекно/индирекно имаат за цел тебе и останатите млади потенцијали да ги набркаат.
цртичкиве за ништо не ти вредат искрено пријателе. гола гомна.
читаш весници, бираш наслови што ти паѓаат на око, спомнуваш три-четири “звучни имиња“ и кенкаш “општо“ како сфе пропаѓа, се жалиш и рониш солзи за бескрај. нема никаков стремеж, храброст, проникловст, ли трунка луцидност по која читателите би почувствувале жар во себе.
еј ништо не правиш човече, празнина тотална. креација зеро.
ти дојдов во посета на блогот сосем случајно откако искоментира на мојот… навистина немав намера да те нашлакам вака, но кога веќе наминав… поздрав.
…ама навистина си нашлакал бе Букар…за да кажеш дека ништо не правам треба барем да го знаеш и она што го правам…глупо дете од широк сокак…сигурно нема преку блог да известувам за сите мои постапки и сите мои обиди да променам нешто барем во мојот живот…и откај си па толку сигурен дека може нама да заминам и јас или дека може и дека не сум ангажиран портив кампањата на иселување или антидржавен елемент кој посредува во заминувањето…и види ме чудиш малку…на блогов влегуваш првпат…читаш еден пост…и наеднаш знаеш се за мене, за стилот на пишување, за креативноста…незнам дали да се фасцинирам или да тркнам да те пријавам во црвен крст од пусто колку си кутар…ако веќе сакаш сериозна дебата ѕирни малку горе долу по постарите постови…прошалтај малку по темите па после кењај и може и ќе ги земам за сериозни твоите ниско профилни и неграмотни замерки…немој да се бламираш живти младост остај го лебати и тоа малку образ што ти остана за црни дни оти имаш (претпоставувам) 21 – 22 а веќе си повеќе од доволно сјебан…и само за твоите очи…кафе не пијам нити било што од наведените во постовите работи (3-4 експериментални текстови ништо повеќе)…паѓаш на форма, зелен си, лапаш муви…затоа олади малку…и те молам немој твојата фрустрација од литературната нереализираност да ја промовираш на мојов блог..
Бунарски, живти младост, на литературно, гомно со М или во В се пиши? Ниско, многу ниско..