
Овде работите очиглено се менуваат само во поглед на реториката која се користи по дневните весници и вестите на тв каналите…
Моментално во македонија ги имаме сите кругови на Архимед само што нашите се помагични од сите волшебници од Мерлин па се до Дејвид Коперфилд зедно…
После една полупросечна емисија на тв кај уште по просечен уредник, по кој знае кој пат се брбла за некаква интелектуала во Македонија…и дали и зошто молчела.
Ај малку завртете го образот на левата страна и за момент замислете дека сите оние деца кои заминуваат по бродови, по грција, Канада, кои склучуваат технички бракови или кои се спремни да ја ископаат и дупката на ѓаволот само за да заминат од тука дека и тие се , пардон, беа интелектуала во несреќнава долина Македонија.
Сеа остана доволно слободен простор за полуписмени гулабари као Букарски да се прпелаат и да уживаат во својата неграмотна дрскост спакувана во „прогресивна“ форма и пласирано како „нашата нова генерација“….
Колку мина од вас имаат другари и другарки роднини и пријатели под 30 што заминале или веќе се надвор од земјава лутајќи во сонот за tomorrow land????
Затоа што, овде (барем јас) не можам да објаснам зошто е подобро да останеш и да се трудиш да си интелектуала, додека страдаш за есенцијална егзистенција, телесна и духовна, наместо да си ги стегнеш патиките и да си ја пробаш среќата во формата на глобализацијата…
Тука интелектуалата е мртва….да живее интелектуалата!!!!
Погледнете статистика на абортуси во македонија, потоа на степенот на морталитет, па потоа на иселени и оние кои веќе ги стегнале каишите на своите куфери…
Кај е тука интелектот и делото на академските умови…кај е борбата за своето парче земја на кое треба да се остане како на свој камен баш на местото каде тој камен си тежи….
Успешни сме само кога ја крадеме шминката на успешните од светот, ама не и нивните мерки….ни смета да не споредуваат со Гана, Буркина Фасо, Сиера Леоне….или сите оние провинции на светот кои се прпелкаат со нас на дното…а убаво ни е што имаме, Кока кола и Мекдоналдс, што носиме италијански чевли, што зјапаме по бутици со ексклузивна облека како мајмуни на семки…..
Нашата интелектуала се регрутира од нашата сиромаштија….и има една мисија….истата таа сиромаштија…просвета, образование, наука…..и реевангелизација ако треба…до таму треба да е спремен интелектуалецот наш насушен да оди за да ги ужива придобивките од тој епитет….За дисиденти пак и да ме почнувам…оти инквизицијата е само еден куп мажуретки во споредба со тоа што им правиме ние на нашите дисиденти, општествени и духовни….И покрај сите овие теми баш и не ми е јасен приоритетот на тоа дали во македонија интелектуалците пишеле колумни?????!!!



Recent Comments