Не ми е јасно

30 03 2007

 dsc00322.jpg

Утрово се разбудив збунет, збунет го правам мојот утрински ритуал, збунет излегов од дома.Нешто не ми е јасно и не ми е јасно сега. Не знам кого треба да го прашам за сето тоа. И додека утринското кафе ми го грее грлото а кроасанот ја исполнува мојата скромна потреба за доручек, накратко се обидувам да си појаснам што се не ми е јасно.

На пример не ми е јасно дали во Македонија ќе престане оваа ситуација и зошто не?

Не ми е јасно што се случува во образованието, до кога тоа ќе претставува еден голем терен за експерименти со деца, и по чија иницијатива и просветление излезе тоа Комаја да бидат предлог за наставата по сексуално образование(или како и да е формулирано). замислете само  – влегува „професорот“  се соблекува пред учениците како да е на Гоа а не во училница  и вели , добар ден јас сум Маја, Ко-Маја, (енд ај е м д гуру),  сега ќе учиме како да се зближуваме во заедница… Комаја – освежува и зближува…спонзорирано од Газоза. Многу податлива тема за скокотливи уѕмови, ама сешто имам да кажам за предлогот е Македонијо сиџи до Вардара и утопи се…

Не ми е јасно која е улогата на опозицијата во земјава и не ми е јасно кој е опозиција во Македонија?… не ми е јасно која е нивната конструктивност или деконструктивност; пишењето колумни, прес конференции, продавањето романтика де бангладеш по телвизиите, демек видете нас никој не е игра, они се недружељубиви, они се расипани, корумпирани и неинтегрирани…бу ху ху…што ли би правела опзицијата наша насушна без македонскиот (демек) департизиран Дарт Ведер на македонското тло Бранко олмајти Црвенковски?…и не ми е јасно што СЕ ние би направиле само да не мора да го гледаме во рамките од табановце до преминот Богородица, само да ни се симне од вратот, ванс енд фор ол!

Не ми е јасно кога ќе можам да си купам пакет од третиот мобилен оператор…таман некако им се израдував дека ќе го освежат македонскиот етер со нови реклами,  ги снема…а веќе најавуваат тендер за четврт под мотото лав ми тендер лав ми лонг…кога малку ќе се подзамисли човек како наеднаш изчезнуваат крупни дешавки во странава, некако се тоа асоцира на бермудскиот триаголик, се најавуваат инвестиции, ги отвораме портите, влегуваат делегации, ги носиме по ручеци, коктели, ијм ги покажуваме егзотиките на Велешта, ги враќаме во Аце Палас и следното утро…ни лук јал ни лук мирисал…мобилен оператор,?, кој мобилен оператор? нема мобилен оператор!?…па што знаеш може и затоа имаме таков визен режим, кој демек бил педагошка мерка за да се забрзаат реформите…жими лактово од коленово и нешто измеѓу…

Не ми е јасно кога ќе можам да добијам нормална виза пред да добијам чир на желудник?  Не ми е јасно  кои се тие реформи што ПЈРМ треба да ги исполни за КОНЕЧНО да и се отворат чакрите и границите?!…  Не  ми е јасно уште колку пати ќе треба да го гледам „Тетовирање “ за да се убедам дека од тогаш до сега нешто се сменило?… не ми е јасно до кога во  сите протести ќе се МИРНИ?!……Не ми е јасно кога ќе си ја издадам втората книга и цд-то? Не ми е јасно кога ќе можам да појдам во Русија?……Не ми е јасно до кога ќе имам несоница?…

За толку многу работи не ми е јасно, што не ми е јасно ШТО не ми е јасно





На нешто ме присеќа овој град.

29 03 2007

dsc00322.JPG

На нешто ме присеќа овој град, кога во ниедно доба, како покасно роден или единствен буден прошетувам низ плоштадот, и тие неколку куќи околу него, и оние неколку после нив, се до зградите на крајот .

На нешто ме присеќа и нејзиниот висок прозорец кој малку одвисоко се загледал во мене, чувајќи ме од сонот на мојата уморна леди која била втора смена на работа или трета смена нечие задоволство.

Знам дека и после нас ќе има младост, но нема да е повеќе наша, и не во просекот 2005-2006.. На нешто ме подсеќа и нејзината топла соба и црната стара француска пудла легната на фотелја додека ние ја испотуваме  шољата кафе испиена за добредојде… Нејзиниот вкус некако солен, нејзиниот ракопис, нејзините затворени очи отворена уста и гладно зинати бедра…нашиот почеток…се тоа на нешто ме потсеќа.  Милион безобразни податоци од нашата младост, празни гугукања по полноќ, ликери од вишна како лосион за сончање на месечина…и тоа на нешто не мотсеќа…но не можам да се сетам на што.

Долго беше пропрремано нашето познанство, а исто толку долго остана да се сеќаваме на Оскар Вајлд и, модрото небо над овој град, кој се на нешто ме потсеќа.   Тука нема трамвај, да завива од осаменост на своите шини, само неколку заспани таксисти пред балконот на мојата леди…и се тоа на нешто ме потсеќа, додека како есенски лист се оддалечувам од зградите кон куќите што се зад оние куќи околу плоштадот, а потоа и до плоштадот, и се тоа на нешто силно и упорно ме подсеќа.

Со лошо прикриена желба, менувам cd и се враќам на мојот стол…колку ли помина од првата песна?! На нешто ме подсеќа овој град, кога во ниедно доба, како единец син прошетувам низ плоштадот.





Год Блес Македонија

27 03 2007

 

dsc00322.JPG

Фасциниран сум од тоа со колкава брзина треба човек да пишува ако се реши да ги прати макар и половично состојбите ни помалку ни повеќе во земјата на големото утре – Македонија. Ако заостанеш некој ден…што те вади тогаш?…земај редбули, кругер витамини, може ќе прегориш два-три блендери за енергетски бомби, ќе си го плунеш желудникот од кафиња, и на врат на шија некако ќе си дојдеш на себе си, и таман си дошол на себе си и земаш едно парче здив…ете си пак назад смртно погоден од идиотизам од 2 килотони, од (по)стапките  на нашиот цењен прв дипломата прецизно како скалпер на корумпиран хирург те засекува во корен на интелегенција темелито изнедрувајќи лобисти за името на Македонија од места каде што веќе ни змејот не спие. Додека Дора раскошна како митолошка горгона, по светот скаменува со својот стисок на рака, сакајќи да не прогласи овде за долина на лепрозните, Тони влегол во филм на Мис Тон па проповеда европејство во села за кои ќе ни треба да дојде втор Колумбо за да ни каже дека постојат. Таа нивна препирка единствено можам да ја илустрирам како сајлент Боб vs. Џејсон.

И додека си рекол Хаклбери Фин…ете ти го горд пред својата (двајца и дете) младина како кинг оф д касл за сва времена Љубисав Иванов од мајка роден Ѕинго, и намерно не сменив канал за да измерам што трае повеќе – говорот или паузите меѓу зборовите, и можеби ќе се изненадев на целосното проследување на неговиот (полу)говор, ако не сконтав дека директно и интензивно сум озрачуван од Сител. Кога го здогледав другарот Гевара – Че во позадина апсоштрумфно бев поразен од идејното решение за сценографија, очекувајќи да дадат слајд шоу со Ѕиле во ров со Че, па Ѕиле и Кастро во поза за танго, Ѕинго и Лепа Брена….во дует ја пеат „југословенка“

А и не чув од кои побуди сеуште стојат статуите пред влада…можеби како темплејт модел за фотографија…замислете го Николче и компанија како мали деца….јас сум Сократ…јас ќе бидам Платон…е не сакам јас да сум Перикле…прва жичка за водичка… прв си реков…е прв го видовкого удрам не жалам…  Да не знаеш што побрзо да заштитиш со закон…скулптурите или Паско Кузман.  А младите археолози на кале откако го разбудија булдужерот во себе и невладините во државата, ударнички му писнаа на калето некако со песна…и да врне и да вее едно кале за нас ништо не е… мотивирани дека еден ден и они може ќе местат од откриените бардиња пред влада…симболично кажано дека од антика сме воспален хемороид на шупката од светот и дека ни треба да оладиме малку.

Некако с пролеќе, од блогот на Ивица (Анти) утрово не погоди во лево рамо еден рикошет што одамна кружи во земјава никако не наоѓајќи си жртва, нешто околу повторна актуелизација на темата „веронаука во мојата татковина“…оче прости им не знаат што прават…Шуд ај кол ју Џизз…тоа некако ми доаѓа секојпат кога некој од влада има тешка грижа на совест па како потреба за индулгенција удри ја мегаломанската и ни две ни три веронаука ќе воведуваме, ни се може…бе…може ќе следи уште некој крст попут оној на водно, уште некоја црква со вредност колку два макеонски буџети како онаа на Гуштеров…баш сакам да знам која е таа духовна герила што ќе предава по училиштата а никаде ја нема за ситуацијата партизани-германци во црквата…Тоа ќе личи на се само не на веронаука…тоа ќе се часови по етика, по морал или неморал…кој како сака – факултативно…од каде идејата дека можеш да го научиш некого да верува, пази молимте(?!)…и дека оној што ќе има 5 е поголем верник од оној кој има 2(?!)…како ќе ја објаснат вероучителите ситуацијата во црквата…јеби га се случува (?!?)а нормално дека ќе ги ангажира (најверојатно) спорната страна зато што је малцинство … часовите ќе почнуваат со браќа и сестри а ќе завшуваат со Год блес Македонија, а во меѓу време ќе кулминира со практични вежби за меѓусебно простување секој пред секого по трипати (на гладно срце)…ќе се учат молитви на памет…(!?)…и за месец дена оооооп, нема порно клипчиња, нема крвави погледи и крвави насмевки…абе Алиса во земјата на чудата, Хајди од планините…соу хелп ас лорд!

 





Fallen Art!

26 03 2007





А тек е среда!

22 03 2007

dsc00322.JPG

Бидна и тој ден…затропа исплатливоста од напорното студентско бубање на нашите профилирани врати…премиерот наш насушен ги одабра 44-те јавачи на идиотизмот во земјава…како му тргна на правителствово наше со идиотизми ме фаќа страв дека ќе треба да му посветам цел блог што повлекува дупло непреспани ноќи и уште толку испиено кафе на оваа сироштија налет тоа моите омилени литературни јунаци ќе треба да ги прогласам за технолошки вишок и да им се фрлам на гледање сеир на владините „стратегии“.

Во последно време хороскопот немилосрдно ми предвидува седење пред тв и конзумирање логика на македонски начин.

Напокон некој се досети и на рајата во земјава позната како студенти со посебен осврт на оние кои (секоја чест на момците посебно на девојките) кои младост оставиле меѓу ѕидовите на К(омплекс)Г(лупи)Ф(акултети) и на по некој Штулов. Специјално изработени признанија потпишани од владино мастило ги скрасија домовите на студентите и демек им ја осмислија егзистенцијата и иднината. Којзнае колку среќни сега ќе безделничат по креветите дома додека чекаат некој да ја процени нивната пофалница и дури се двоуми за кое работно место се најкфалификувани…дали да им даде позиција или да им ја итстапи својата фотелја..со неплатени сметки у рака, со зимска гардероба во лето, со имиџ – силум прилике – на радоста и нема крај…заеби друго пофалница си е пофалница…зошто ли го прескокна оној дел каде треба да им даде по некое чоколадо да ги потштипне по обравчината, да ги потапка по рамено и да им каже…Уф убави тие на премиерот…од тупкање по раме се зацврстува и се ојачува, па така се гради силна нација.А за работа – па работата го прави човекот, сеа тој ги напрај студенти…и луѓе ли да ги направи(?!) …Баш ме интересира да треба да бирате емисија на Бојан13, Драган Вучиќ или репортажа за досетките на Николче што ќе одберете??

Од друга страна пак…што ли мислел фраерот што јурнал о голфот меѓу луѓено во жена парк??!…ако не можеш да им се придружиш прегази ги?!?… па каде брзал тој во сто саат насабајле башка во оваа недојдија…баш би сакал да ми се објасни…кој бизнис толку го чека па решил преку живи луѓе да стигне прв на целта?!? што не рипнал у собрание, па да реши еден од проблемите…како до помалку морони како него?… Видиш денес да ти било ден на пролетта а Бране немирен како пионерче пред заклетва не заспал од евоцирање спомени од радничка акција во Книнска краина(?!) и возбуда што наредниот ден го чека садење на егзотични дрва по Скопје со што ќе помогне во надминување на статусот на банана ФИРОМ во киви или манго ФИРОМ, исправен и горд како Бранко Црвенковски – Дуња, читајќи при тоа пригодна реч во фри стајл од која нас ни еректира далечинскиот во незапирлива потреба за смена на канал. Не и е лесно ни на оваа земја!

А замислете колку се збунети оние во ОН, ЕУ, Стејт Д Партментот, штом не знаат како да не викаат веќе кога не гледаат како сме се распослале во прогрес…се фарбаат порти, се преместуваат статуи, се менува дограма во школите и по некој седмосед у кабинетите, се чистат бољери од бигор, се тура доместос у wc-шољи…за ваква нација тесно било и ФИРОМ…сеа може се двоумат да не викаат Атлантида оти со ваков прогрес и многу арно не ќе е на арно. Јагуновце ради Рек – Битола баба го кради… Е сеа избега некое кило хероин од земјава, е па избега… подобро пиле во рака него хероин на граница.

А тек е среда!





Македонија не е во Македонија!!(2)

20 03 2007

dsc00322.JPG

Ич да не е…го послушав коментарот на Кристијан, и си реков ајде може јас сум во некоја искривена позиција на мислење, видно растроен и/ли разочаран(иако не знам од шо би бил кога не очекувам ништо)…и така неколку дена со ред, излегувам и ги купувам сите дневни и по некој неделен весник, конзумирам по 5-6 кафиња дур ги проголтам сите турбулентни вести напишани во нив, се предавам на центрифугалните сили на тв дневниците по 3-4- пати на ден, со една мисла…па може и ќе се најде под мазното азно, може нешто ќе ме просветли, во крајна рака ете и јас (барем ке позирам) како сите загрижени граѓани за судбината на нашата Patria, со прстот на чело и ли длабоко замислен поглед изгубен некаде меѓу редовите убиствено ентузијастички обидувајќи се да смислам молитва или магија со која ке придобијам милост од врховните сили , и/ли поглед кој пробил некаде низ тв-лизорот, и со секоја воздишка ќе се храбрам во Македониевото напред…

Ама не издржа срце јуначко…што е многу многу е…и сите сендвичи од седмица се помалку калорични од подвигот на кој се предадов, а ете видиш не се голта.

Додека светот јури напред, што би рекол…Гогољ…ние оправаме дали и зошто се купени 4 матизи кога со тие пари можело да се купат 3-4 резервни гуми за автобусите на градски…што ручале трио фантастико во Воденица и кој по колку букоец ставил во чинијата…како ПОА не можела да се вика така оти на некој од МПЦ така му се викала кооперацијата у маало… дали стечајците пред влада биле 13 или 15 …не не сепак…16…колку од нив умреле и колку допрва ке умрат(ако ова не се земе за трагично никако не смее да се прифати како комично)…вести од светот 3 минути, вести од културата 1 минута и 23 секунди, репортажа за заглавен трактор во ендекот кај свирипичино 10 минути….се крева прашина на кале како да ќе ја ископуваат арката на Ное па сеа, ајде археолози свих земаља обедине те се…мене например утрово ми снема топла вода на сред туширање и баш би сакал да знам…што мисли владата да превземе во врска со тоа..

Па дајте луѓе ви се замолувам… тука не сме веќе ни магичен круг…тука не сме веќе ни круг дури ни кружница а камо ли магична…сме постанале конечна крива која почнува од народот и заавршува таму негде далеку далеку(каде живее осамената риба наречена сонце) во фејд аут кај власта…затоа што јас веќе не можам да дефинирам кој или која е тука власта,идеологијата, целта и насоката на нашата зелена долина???

Дали народот е возбуѓен од проблемите на државата …или пак државата е изреволтирана од тоа што нејзиниот народ не е способен сам да си се грижи за себе дури таа јури …некаде…(појма немам каде)…кој е тука луд а кој збунет?(имајќи ја во предвид поговорката)…

Постојано овации од публиката, постојано воздишки од трибините…и дури главите ни се сеуште у (жежок) воздух…да кажеме кој со кој …и чии нозе ја смирисале соблекувалната Македонија.

(продолжува)





Do not go gentle into that good night -Дилан Томас

13 03 2007

 dilan.jpg

Do not go gentle into that good night,
Old age should burn and rave at close of day;
Rage, rage against the dying of the light.

Though wise men at their end know dark is right,
Because their words had forked no lightning they
Do not go gentle into that good night.

Good men, the last wave by, crying how bright
Their frail deeds might have danced in a green bay,
Rage, rage against the dying of the light.

Wild men who caught and sang the sun in flight,
And learn, too late, they grieved it on its way,
Do not go gentle into that good night.

Grave men, near death, who see with blinding sight
Blind eyes could blaze like meteors and be gay,
Rage, rage against the dying of the light.

And you, my father, there on the sad height,
Curse, bless, me now with your fierce tears, I pray.
Do not go gentle into that good night.
Rage, rage against the dying of the light.





Македонија не е во Македонија!!!!!(1)

11 03 2007

 

 

 

dsc00322.JPG

travelwisdom_tnail.jpg

 

Овде работите очиглено се менуваат само во поглед на реториката која се користи по дневните весници и вестите на тв каналите…

Моментално во македонија ги имаме сите кругови на Архимед само што нашите се помагични од сите волшебници од Мерлин па се до Дејвид Коперфилд зедно…

После една полупросечна емисија на тв кај уште по просечен уредник, по кој знае кој пат се брбла за некаква интелектуала во Македонија…и дали и зошто молчела.

Ај малку завртете го образот на левата страна и за момент замислете дека сите оние деца кои заминуваат по бродови, по грција, Канада, кои склучуваат технички бракови или кои се спремни да ја ископаат и дупката на ѓаволот само за да заминат од тука дека и тие се , пардон, беа интелектуала во несреќнава долина Македонија.

Сеа остана доволно слободен простор за полуписмени гулабари као Букарски да се прпелаат и да уживаат во својата неграмотна дрскост спакувана во „прогресивна“ форма и пласирано како „нашата нова генерација“….

Колку мина од вас имаат другари и другарки роднини и пријатели под 30 што заминале или веќе се надвор од земјава лутајќи во сонот за tomorrow land????

Затоа што, овде (барем јас) не можам да објаснам зошто е подобро да останеш и да се трудиш да си интелектуала, додека страдаш за есенцијална егзистенција, телесна и духовна, наместо да си ги стегнеш патиките и да си ја пробаш среќата во формата на глобализацијата…

Тука интелектуалата е мртва….да живее интелектуалата!!!!

Погледнете статистика на абортуси во македонија, потоа на степенот на морталитет, па потоа на иселени и оние кои веќе ги стегнале каишите на своите куфери…

Кај е тука интелектот и делото на академските умови…кај е борбата за своето парче земја на кое треба да се остане како на свој камен баш на местото каде тој камен си тежи….

Успешни сме само кога ја крадеме шминката на успешните од светот, ама не и нивните мерки….ни смета да не споредуваат со Гана, Буркина Фасо, Сиера Леоне….или сите оние провинции на светот кои се прпелкаат со нас на дното…а убаво ни е што имаме, Кока кола и Мекдоналдс, што носиме италијански чевли, што зјапаме по бутици со ексклузивна облека како мајмуни на семки…..

Нашата интелектуала се регрутира од нашата сиромаштија….и има една мисија….истата таа сиромаштија…просвета, образование, наука…..и реевангелизација ако треба…до таму треба да е спремен интелектуалецот наш насушен да оди за да ги ужива придобивките од тој епитет….За дисиденти пак и да ме почнувам…оти инквизицијата е само еден куп мажуретки во споредба со тоа што им правиме ние на нашите дисиденти, општествени и духовни….И покрај сите овие теми баш и не ми е јасен приоритетот на тоа дали во македонија интелектуалците пишеле колумни?????!!!