


Денешната технократска цивилизација која на човекот му пружа големо олеснувањеи удобности истовремено во него остава огромна духовна празнина.Од таа празнина никнуваат стресот и агонијата кои претставуваат посебна одлика на современата култура. Таквата појава не е чудна, но потполно природна затоа што денешната култура не тргна од правиот став за внатрешниот свет на човекот, туку се појавиле како резултат на нешто што многу потсеќа на хула, пркос изразен против Бог.Технологијата му пружа на човекот огромна можност за задоволување на своите потреби, и за што поудобен живот, за што е можно помалку тешкотии.Но, наспроти сето тоа нити човековите проблеми се редуцирани, нити пак животот му добил на леснотија. Односно во стварноста доаѓа до преместување на проблемот и преиначување на потребите.Така човековата духовна празнина останува незадоволена, додека стресот и агонијата се зголемуваат онолку колку што човекот константира дека неговите големи технички достигнувања и освојувања без преседан не можат да ги решат неговите етички проблеми.Кога човекот ја ограничува смислата на својот живот само во оквирот на светот и нештата кои постојат во светот, природно е да не може да пронајде никаква конечна смисла и причина за својот шивот. Животот неминовно води во смрт, а смртта е таа која претставува стална закана и последна фаза на човековиот живот. Ова значи дека смислата на животот нераскинливо се врзува за смислата на смртта. Ако ова не се прифати тогаш животот суштински губи било каква смисла и се претвора во бродолом.Човековиот живот не може да се поистовети со неговата биографија. Тој се простира и надвор од неа. Не е точно дека човек кој старее само троши, туку тој исто така и созрева во една друга димензија, секако доколку тоа го сака и се труди. Во оваа димензија се открива „животот во Радоста“.



Recent Comments