Осаменоста е најнепријатна кога ја зaсилува маргинализацијата на човекот на личен ( отуѓување од себе си) план, и на планот на заедничарењето. Падот на современиот човек направи рaсцеп, со кој ги изнесе на површина проблемите на поделеноста и осаменоста со тaквa острина и трагичност, со каква се карктеризира целата човечка историја.
Како и секоја болка, така и болката од осаменоста, може духовно да помогне, и да претставува почеток, на нов творечки тек. Незадоволството од осаменоста, како производ на состојба која не одговара на друштвената природа на човекот, може да го поттикне да размисли за себе и својот однос со другите. Општествениот живот неизбежно пласира искушенија кои влијаат на човекот и неговиот однос со секој еден околу него.
Во таа смисла самотијата се интензивира, на сокривањето од другите се гледа благонаклоно, додека се множат личните и општествени фрустрации и болни ситуации. Но кога човек сам на некое време ќе се повлече од своето окружување кога ќе се сосредоточи на себе, тогаш полесно може да се справи со тaквите ситуации и со самиот себе.
Човековото враќање на себе си ја спасува човековата личност и човековата заедница. Спротивно на ова човековото доброволно препуштање на околината го брише уникатот на неговата личност и доведува до колектвизација. Ваквата состојба повторно се интензивира во современото општество, кое го притиска човекот во колективизам, и го претвора во бројки.
Секојдневно уморениот човек во агонијата од својата нерешена егзистенција, го има тоа чувство на осаменост и маргинализација. Безброј анонимуси по велеградите по целиот свет, секојдневно го преживуваат искуството на најстрашната осаменост живеејќи среде општа бука и врева. Бегалците од војните, се дават по колективните центри, презрени од варврскат маргинлизација. Економијата, модата, потрошувачкиот менталитет, го претвораат човекот во анонимна маса, ја затвораат личноста во статистички бројки, и ја преплавуваат со убедувања и уверувања за соопствената самодоволност.
Осаменоста и маргиналинализацијата, рамнодушноста и презирот, карактеризираат детали од човечкиот живот, за на крајот да постанат трајни човекови проблеми.
Само со односот „ЈАС во ТИ„ и таквиот пристап, во човекот изчезнуваат сaмотијата и неговата маргинализацијa, затоа што така единствено се прицелуваат разделбите, и се оприснува дијалогот. „ЈАС„ го наоѓа своето „ЈАС„ во „ТИ„ и на тој начин ја надминува самотијата и законите на идентификација и противречност.
И во тоа се состои чудото на личносното обновување, несватливо за оние кои игнорираaт се околу себе, и се во себе.



Како ти се допаѓа овој наслов што сакам да го ставам на некој расказ – `Македонија на македонците, Месечината на месечарите`… Дај бре земи си го бројот назад, да не кажам купи си го, аман!!!
Патем, добри теми, ама дај мало јаче… лудаче!!!
Ај нека бидат непарен број на коментари, парни нешта ме потсеќаат на глаголот!!!
Me primi postov!
верверичката скоро да ми поласка