Боженствената прегратка на Бога и Човекот – о.Павел Флоренски

27 07 2006

(писмо ) 

Многупати почнував да ви пишувам, и  исто толку пати престанував со тоа пишување. Необично посакувам да бидам со Вас во општење но не Ви пишував ( дури и сега не го пишував она што го сакав ) бидејќи со мојот живот има завладеано некаква неизглаголивост, и тоа до таа мера што дури ни за себе самиот не наоѓам зборови, за во нив да го сместам внатрешното мое битие.Само едно ми е јасно: насекаде некакви темни ѕидови , удрти ако сакаш и со глава во нив, повторно ни дупче не ќе се отвори.Од науката и философијата и на нив сличните нешта, веќе одамна дигнав раце, и престанав да мислам дека тие се „се„ . И токму тогаш почнав да се наѕирам себе си, почнав да сваќам дека смислата и целта на нашиот подвиг и труд е – општењето со личноста : не во „ дејателната љубов „ и не во „ служењето на ближните „ ( ни на тоа не сум гледал и не гледам како на „се„ ) туку на допирот на  „ голата душа со гола душа „ . Ако постои нешто попозитивно, можноста човекот да постигне нешто позитивно, – тогаш тоа може да се случи само во таквииот допир и низ такво соединување, во кое барем два човека би се сфатиле еден со друг засекогаш и до крај.Само во таквииот допир тие можат да се откријат еден со друг како бескрајност.Сфатив дека таквото единство е – темел на се и дека тоа е постулат на целиот живот.Меѓутоа дали тоа е остварливо? За мене тоа е судбоносно прашање.И иако во извесни мигови тоа единство безповратно исчезнува, во други пак тоа е на лик на потполна стварност, оставајќи зад себе граници и провалии меѓу личностите.Тогаш изгледа дека сите напори тие да се премостат останува тажна и бесмислена човечка мака….На човекот не му е потребен пријател, па макар тој да бил и гениј, кој грижливо се труди околу умните, префинетите и суптилните односи; него му е потребен единствено Другар, и топол целосен човечки однос; такви односи кои се даваат себе си а не своето, и ме земаат мене а не моето.Дали е тоа возможно? Ако не е тогаш целиот живот се одвива под безизлезен мрачен покров, бидејќи без тоа постанува невозможно и какво било творештво и дејателност.Бидејќи делата сами за себе неосветени со лични односи ми изгледаат премногу непотребни, сите дела за мене имаат само символично дејство и вредност, т.е. воколку тие го изразуваат и му служат на личното општење, на внатрешното единство.Можеби од философски и книжевен аспект, во овој момент, јас зборувам премногу наивно и површински, но кога животот исчезнува на човекот не му е до длабочини. И кога не се бави со ништо освен со она што е насушна потреба…Јас не сакам длабочини, и не ми треба ни книжевност, не ми требаат ни дела ни творештво, иако можеби би можел да дадам нешто генијално.Апсолутната вредсност,- познанието на Бога, не зависи од нас самите.Тоа се среќава низ огледалото во загатка, во немирниот вртлог на поетските и филосовските символи.Нам ни требаат не – срамежливи насмевки на мудроста, туку СЕ ИЛИ НИШТО!Да го допреме бога со рака – ако е тоа можно, мислам дека е остварливо само преку душата на другиот, на Другарот; со тоа се се исполнува со сознанието на стабилност, се фаќаме за раката и за „мишката на Силниот„… Сето останато ќе биде благословено, свето, добро…но не сега , туку тогаш…





ПОСЛЕДЕН ОТПОР

27 07 2006

 

foto092.jpg

Кога живеете во земја во обид како Македонија, и сакате да сте добар христијанин, имате конфликт.Во вашата цврста намера, да и го дадете на државата нејзиното, а на Бога своето, е баш и нема да успеете, зашто истата таа држава сака се за себе, убедувајќи ве дека ќе расчисти таа со Бога па и во ваше име.Тука не е проблем да сте будалетинка без грам достоинство и да пенетрирате со државата на најживотински и најварварски и секаков друг болен начин…тука е проблем да сте слободни.Тука побрзо ќе ги воспитате животните да јадат со виљушка и нож со марамче околу вратот, отколку што ќе го имате задоволството да го уживате вашето основно човеково право.

И додека македонската политичка сцена упорно и макотрпно си ја гради сопствената теорија на релативност и немајќи појма дали конечно (на крајот) ќе ја биде нивната држава во обид, решава да разбие монотонија со повторното апсење на Јован.

И зошто?! Затоа што човекот едноставно не сака да си игра со валканите чичковци…а уште помалку кога го присилуваат да игра по нивно.Дотолку повеке што секоја нивна игра завршува со по некој затворен или несреќно убиен.

Вака ем новата власт на време ке (си) ги покаже своите штрбави заби, ем (Б.Ј.Р.)МПЦ со нови привилегии кај новиот г-дин „Голем Инквизитор„ ем народецот задоволен со курбанот прикажан по телевизиите.

И пак и пак, нашата немоќ е нашиот последен отпор.Па затоа, ако некој од вас деновиве почна деновиве да го живее својот христијански живот, нека ги запомни тие први боженствени моменти колку може поживо, зашто органите на власта веке се пред вашата врата, па дури и ако сте на гости.

МВР нека им е на помош….Нас Бог ни е попотребен.