Некои раскази кои се излезени во состојби на среде испитни сесии
ова е нивна голема преселба од стариот на овој блог….нешто како реенергизација, реевангелизација, реинкарнација…или ништо од сето тоа само добрите стари раскази собрани на едно место.
Љубовта на Идиотот
Тргна да се исчешла од неколкудневните првутосани мисли, а огледало речиси и да немаше.
Се чешлаше каде што ке стаса.
Едно утро толку се заборави што чешлајќи се , излезе од дома, нагази шпо улиците, пречекори две три реки, влезе во паркот, и така занесен помисли дека му пораснале толку многу мисли а истовремено толку многу му попаднале, што почна да мавта со чешелот на сите страни.
Никогаш не веруваше во Дедо Мраз, не гореше мравки со лупа, и никогаш не веруваше дека ќе разговара со џуџе нималку слично на било кое, што претходно го замислил.
Нималку грдо, речиси ич убаво, не беше баш ниско но превисоко ко за џуџе, не пиеше водка и не разговараше со непознати, не креваше поглед ако не го викнеа, и речиси не возеше точак пред изгрејсонце и по зајдисонце, неговите раце му беа се на што можеше да се потпре.
Средбата и двајцата ја дошекаа како немарност при заштитата од надворешни погледи и допри на различни по форма и глава од својата, веќе стопати излупена од летните сонца.
И двајцата по мало очудувачко интермецо пропратено со песната што не многу оддалечениот чистач, си ја потсвирнуваше, додека ги метеше остатоците од мисли, по патеките во паркот од задоцнетите утрински прошетки на луѓето.
Не сакајќи трет да им влезе во речиси зачнатата интима решија својата средба да ја оковаат во срдечно пријателство.
Џуџестото нешто извади нешто од некој џеб, што кој знае кај го беше зафрлил на себе си.
По она што му го кажа неговото ново мало пријателче тој заклучи дека подарокот треба да се отвори од моментот кога џуџето нема да му биде во видик до остатокот од животот кога ќе му е по волја, освен во друштво и на родендени.
Во тркалезното кутивче лежеше ѕвонче.
Се израдува како врапче, но го кочеше тоа што не можеше да лета за да манифестира.
Но најде решение…
Реши да се радува како коњ!
Барем можеше да трча и скока колку сака.
Дури почна и да се прашува колку такви ѕвончиња би му требале за да си направи камбана, и колкав џеб би му требал за да ја чува таа камбана во себе.
Во видикот веќе немаше ништо.
Мирисаше на пресно млеко.
Ѕвонењето на ѕвончето до толку го вознемири еден полжав кој сиот издаден кон новиот звук се најде под ногата на збунетиот чистач и без да сети беше убиен со згазнување.
Како успешно се фаќа магла
Гулабите кои најверојатно имаат меморија од некои 5-6 секунди тоа не ги поремети трајно.
На клуоата на плоштадот еден млад мачор длабоко замислен мислејќи дека е портокал со џебно ноже си лупеше ленти крзно од себе си почнувајќи од глуждот на ногата па нагоре.
Не успеа да го вознемири ни главата од барбика што една лоша детинка ја фрли баш со намера да го вознемири.
Речиси и да беше готов со лупењето, на него се гледаа само црвени мускули, а крв немаше ни за сладолед од јагоди.
Работата беше во тоа што како што тој се лупеше така крвта во миг испаруваше.
Тоа пладне небото нагло поцрвене.
Младиот мачор, така гол бвез крзно без кожа, влезе во фонтаната што беше на средината од плоштадот и почна да се потопува во водата.
Секое потопување траеше подолго од предходното.
Рекорди сигурно не туркаше.
Така наверојатно прочистен и бел како хартија, од фонтаната, со еден нелогично енергичен скок се префрли и се закачи на највисоката бандера од бандерите на мостот.
Сеуште виси таму на таа бандера на која од тогаш па наваму мочаат оние кучиња што немаат храброст да мочаат по ѕидовите од институциите.
По некое време дошла третата госпожа која на оние две им е стрина и им донесла топка за да ги остават на раат полжавите.
Но по тие правила не знаеа да играат, посебно не со вистинска топка.
Двете тетки си се пулеа како телина во шарена врата.
Од пуста желба да им помогне третата госпожа што им беше стрина направи прирачник за како да увезат 2 тона расипано свинско од странство и да го пласираат по екстра цени.
Промените се осетија веднаш по утринското кафе.
Тие фантастично се дриблаа меѓу себе,страшно добро си пласираа,нафрлаа и си шутираа пенали.
Но овој пат не се плашеа од топките, зашто секоја си имашесвој терен, на кој по примерот на третата госпожа – стрина им – одгледуваа полжави трогнати од идеата за навраќање кон корените.
закачалки и муви
Таа новост ја разбранува целата затната канализација и донесе нов и свеж начин на фрлање на пикавци по плоштадите.
Графитите по градот конечо добија смисла.
Киосците и постојките блестеа просветлени.
Две од нив похрабри решија да се земат за подоцна поради нивниот целодневен здрав секс да им се роди и првата мува која личеше на двете закачалки споени во едно.
Беа фалени и доживувани како инвентар за пример.
Двете закачалки и мувата не пропуштаа прилика да се промовираат во својот триаголник, освен ако не беа крајно зафатени со часовите по јога.
Нивните прошетки сериозно го нагризаа и последниот споменик во градот.
Сите ги посакуваа нивните кукачки, а на некои им беа подарувани за роденден.
Поради нивниот зголемен број мораше да се зголеми и бројот на жици по бандерите и да се појачаат телефонските врски за полесно да се закачуваат како сакаат на договореното место.
Најприродно, гробовите се заменија со шкафови и плакари.
Мувите дури и се себеповредуваа од уживањето да какаат каде ке стигнат.
(Но колку и да се напнуваа)Мувите никогаш не родија закачалка што ќе продолжи да шета по градот.
СОНЧАЊЕ ЗАБИ
Перкрасен ден за шопинг си рече и а напушти сво ата аристократска осаменост.
Беше воодушевен од прекрасните и огромни излози од кои блескаше еротиката на големиот град и од кучи ата со панделка што како огромни балони си ги шетаа своите баби…
Се воодушевуваше од мирисот на боза и леблебии, го воодушевуваше пикавецот ко полу изгаснат му го попречуваше видикот со сво от жар.
Можеби затоа никогаш не дозна дека лепливите флеки по неговата облека не е дожд по последна мода, но дека тоа е само последниот крик на чавките.
Почна да блесак низ градот со таков ентузи азам, што лу-ето мораа да си купат очила за сонце.
Со толку енерги а градот би бил осветлен цели 13 дена.
Мислеше дека може да го собере секаде каде му го собираше окото.
Сво ата аристократска осаменост а заборави на шанкот од трафиката каде си купи хамбургер.(во тоа и се состоеше неговиот шопинг).
За целото време напразно си ветуваше дека е се врати во сво ата аристократска осаменост.
Мере и а еднаш така осаменоста на мостовите сосен непланирано налета на таа сво а осаменост.
Реши да а гледа до изутрината кога сакаше да и рипне како во нови патики.
А таа беше пред него на 5-от кат.
Под неа отвориле супермаркет.
Секое наредно утро одново и одново од истата клупа а поздравува сво ата аристократска патика со сво ата осаменост.
ЗЛАТНА РИПКА ВО ОФСАЈТ
Додека агледаше неа некако чудно и волшебно пошнуваше да мириса на куче.
не зините камелеон очи ги збунуваа неговите локни
а не зините прсти го потсе аа на боливач.
Како дете опсеси а му беше риболовот а кога се искали возе ето со ливтови беше пове е од хоби.
Училиштето го заврши во знакот на училишното вонче и згодната професорка по македонски.
Уживаше во огледа лата да си го допира нежно сво от стаклен образ.
Бликаше од радот на секое ново куче од комши ата на кое му се обра аше строго од погорниот прозорец.
Свиркаше со уста само кога сакаше да нагласи дека има неотповиклива потреба од клозет и тоа никако пред огледало(да не си го расипе лицето го гримаса)и никако во ливт.
Таа вечер толку не му се спиеше што загрижено(заради опасност од долготра но ладе е на постелнината)почна да бара нешто што е го растревожи за полесно да заспие.
Детството одамна не беше достапно зашто беше ка ву че во Америка како честитка за роденден…рибите беа на главно мени.
Училиштето беше избришано од таблата поради недостиг од простор за нови секси реченици.
Неговиот будилник уживаше во тие мигови на безделниче е и кога ве е се осуди да запали светло тоа беше она во ливтот.
Почувствува промена во своите локни.
Кога а виде некако чудно и волшебно почна да мириса на куче.
high hopes
А веќе долго се наоѓаа во својот зенит.
Пожарникарите не стигаа да заѕвонат на секоја врата од каде веќе почнуваше да чади.
А посегаа по секоја чешма, по секој бунар или фонтана.
Полнеа канистри, шишиња, конзерви, чаши, бокaли…се во што собираше разладлива маѓија.
Но никој не успеа да ја осети спасоносната ладовина по образите.
Се што беше изложено на високите надежи испаруваше како спомен од забавиште.
Оtтогаш поретко се гледаа, поретко се среќаваа…беше чудо како и по толку време некои успеваа да не се заборават.
Едни се гадеа од другите оти и тие беа такви… други се плашеа од другите оти беа како нив…третите одамна беа изумрени или фатиле некоја планина.
Само на тие две места се најдуваа образи за пример.
Имаше и такви кои се чудеа од што му горат образите?
Знаеа дека не се заљубени или спопалени како млади мајмуни…одамна не се беа напиле како стоки…за костени сеуште беше рано.
Таквите не само што тоа му го припишуваа, но и длабоко беа уверени дека тоа е поради хороскопот, деновиве нарушен од честаta посета на н.л.о во вид на тврда столица, што набрзина се појавуваше и исчезнуваше во рефлексијата на граdското небо.
Само на времегнозите им успеваше да си ги спасат образите со пуштање брада.
А никој не им поверува дека од високите надежи, кои одамна беа во својот зенит, ќе им изгорат образите и не ќе имаат на што мирно да легнат и да одсонуваат.
забрането перчење
Зимата ги изненади па опашките им останаа замрзнати цела зима, и стрчеа така над нивото на мразот се додека не се исполни нивното барање…се што имаат да казат да им се прочита од чело.
девојка со супа во очите
Слушајните минувачи иодговараа на прашањата врзувајќи ги своите погледи за своите газирани патики.
Сосвоето незаинтересирано погледнување во часовникот се оддаваа дека веке одамна не знаат што чекаат.
Девојката со супа во очите се појавуваше повторно и повторно.
По некое време трчање ги сретна четворицата џвакачи на каранфили.
Но тие поради тоа што постојано нешто џвакаа не можеа да и кажат било што.
Ги поткренаа рамениците во знак на сожалување и тргнаа да го најдат и последниот каранфил во околијата.
Некои од сожалување и ја нудеа својата капа но таа одбиваше.
Мразеше да носи туѓи капи, како што мразеше групно евоцирање на спомени, сакаше кога и подаруваа чорапи, мразеше кинеско производство, и мразеше да игра шах со непознати…
Градот беше единственото место каде покривот може да се загуби… надвор од градот нема што да се покрива, па затоа немаше потреба од покрив, а тоа девојката со супа во очите го знаеше.
Трчаше колку што ја држеа нозете, грабаше колку и досигаа и собираа рацете…
Од сожалување сите и нудеа по нешто…но не беше тоа тоа… стариот добар покрив во својот ревер го имаше целото нејзино благословено детство…нејзиниот стар покрив беше најдобриот филм што таа-девојката со супа во очите -било кога го гледала…тој беше нејзината ода на радоста, и истовремено нејзин реквием…не можеше да прифати покрив што секој ден нуди нов специјалитет, па уште и на куќата.
Девојката со супа во очите продолжи да трча низ градот.
Се плашеше да заспие без својот покрив, поради стравот дека пците по договор ке ја однесат на различни дрвја, и секој нејзин дел ќе биде едно но различно гнездо.
Гнездо во кое кој знае што ќе се испилува.
Тој страв и предизвикуваше обилно потење под мишките.
До толку што време беше да ја отпетла својата излитена униформа, и малу да се изложи на директно луфтирање.
Од под униформата не никна босилек.
Таму во пределот на реверот спиеше нејзиниот покрив.
Девојката со супа во очите, несакајќи да го разбуди престана да трча по градот, и престана да вика по случајните минувачи.
Тие денови немаше случајни минувачи, никој не бараше нешто загубено, беше иџвакан и последниот каранфил…
Или девојката наеднаш ја снема… или градот престана да мириса на супа.
сите мои сапуни
За се што му беше мило остави резбарена порака на дното од столицата на која го пиеше (без промашување) својот утрински тутун, а за се што опфаќаа неговите желби, со малоџебно ноже гребеше по страниците на креветот, на кој и умре така размрзен а плус и во петок.
Чудно им падна на сите, посебно на пушачите.
Без многу туфкање.
Едноставно годините ги откажа како цигари.
Своето учество во животот го овековечи во тапетите, што сам си ги одбра, сам си ги залепи по целата своја квадратура, и см си ги зачадуваше.
Радијата ја откриваа прогнозата за наредниот петок, разгласувајќи го сето она што му беше мило, и сите негови желби, како воведен говор за добро утро и со среќа.
Наредниот петок градот беше мрзелив до последниот пес пред последната касапница.
Спомениците при го направија тоа, последната генерација на деца последни.
Повеќе никој ни за жива глава не гугнуваше.
Одамна напуштената градска сапунара продолжуваше да мириса, од атер.
новости
Тревата беше посветла од предходно и очите не му беа баш нешто од што сакаше да се откаже така лесно со оглед на тоа што мислеше дека се околу него, го гледа него, а не обратно.
Прозорите никогаш не ги затвораше оти беше убеден дека надворешноста на мини-маркетот од спротива не можеше да му се изнавосхити на неговата внатрешност.
Дури и кога врнеше прозорот прозорот беше отворен, а тоја беше на врвот на својот восхит верувајќи дека тоа светот плаче за неговата убавина.
За да избегне било каква опасност за својот розев сјај избегнуваше да си ги прелистува мислите, наместо тоа уживаше да ја слуша гужвата што произлегуваше од радиото, а што ги надгласуваше неговите мисли.
Наместо да чита книги, поминуваше часови и часови пред огледалото, убеден дека се што ќе каже всушност не е од него но дека тоа огледалото ја воспева неговата совршеност.
Еднаш на едно детенце што проси му спушти неколку ситни парички.
Сега веќе беше спремен веќе во наредниот миг да прими нобелова награда за мир.
Облагородувајќи го утрото со не повеќе од една своја прошетка, налета на едно куче скитник кое со најголема леснотија ја крена својата лева нога и го возљуби на својот најискрен начин.
Таа критика маправи краток спој во неговото радио за гужва, фрли прашина врз неговото огледало, и постави темнозелена завеса на неговиот прозорец. Сонцето мораше да ја изгори завесата за да го посети својот стар соперник.
Во мини-маркетот од спротива, ни еден производ не го смени своето розево паковање од жал или сожалување.
Сега беше апсолутно сигурен дека го боли главата и воопшто не се сомневаше дека одтогаш секој нареден момент е момент на болка.
писмо до новите генерации на ларви Почитувана ларво!
Ви оставаме поткастрени крилца за повеќе да пешачите, затоа што е здраво и така секој ќе си ја знае километражата на својот поглед.
Ви го предаваме, и нашиот (без)ценет реј – бан за светот да ви се гледа онолку убав колку ние го нашминкавме.
За ваше поголемо уживање ви развивме највисока техника на пушење која е здрава за заби и внесува нова линија и острина во изгрицканите нокти.
Ах моја мила ларво…
Кога се присетувам на твоето детство, не можам а да не се исчешлам.
Од тебе зрачеше таква амбиција, што просто тоа мораше да се прогласи за елементарна непогода, и под итна постапка да се флашира, а потоа да се пласира како екстра квалитетен и 100% природен јогурт, од кој сите беа задоволни и дури и ни аплаудираа.
Моите ноќи се исполнети со грижи за тебе моја мила и никогаш непрежалена ларво.
Понекогаш и до толку се грижам што се разбудувам и на среде ноќ од силно чешање во пределот на левиот бут.
Ако помислуваш што да правиш додека повторно да ти пораснат крилја, би ти помогнал со по екој совет.
Секое утро и секоја вечер, пиј по една чашка од кашата што ти уште како мала сакаше да ја викаш надеж, а од која ние така великодушно ти оставивме неколку пакувања…но не премногу за не дај боже да не се задушиш или отруеш од премногу кашосување т.е. извини, надевање…
Немој да воздивнуваш како оние што заминаа…тие се размножуваат бучно и ситно, а твојата осаменост, ќе ужива во бескрајната магла помеѓу мене и тебе.
НЕмој навечер да остануваш долго буден како вдовица, и немој да врескаш среде ноќ како исплашено дете …само присети се дека јас сум твојата голема порта која те брани од твоите непријатели, потоа голтни едно лажиче кашичка ,пардон, надеж и заспи си мирно и немој да сонуваш…тоа ќе повлијае лошо на белината на твоите очи.
Гледаш ли колку се грижам за тебе моја неизмерно разочарана ларво!
Сите раце што посегаат по твојата згмечена душичка освен моите ти велам дека се привидение, ако се сомневаш сркни уште едно лажиче плус.
Да можев само да ти покажам колку само секојдневно се мочам поради твоите ноќни претања…но ти ги немаш тие поими во оној мал збир зборови што ги употребуваш за своите секојдневни потреби, препирки и кошкања.
Иако сеуште се немаме видено лице в лице, и можеби ти не замислуваш како некои други, или пак ние за тебе си изобразуваме нешто трето, за таква средба сеуште е рано, а за некое време ќе биде касно.
Во меѓу време, моја доживотно безживотна ларво, редовно пиј од кашестата надеж а ние целосно ќе се посветиме на тоа да го продадеме и тоа малку јогурт што ни преостана.



Recent Comments