
Од сите убави и можни почетоци реши да продолжи како што единствено умееше – по старо.
Но не е лесно да се откажеш од традицијата како што не е лесно да скокнеш со падобран.
Носталгијата сепак е единствената врска со историјата.
Нејзиниот прст го допираше подот под креветот, другата рака и висеше во воздухот испружена покрај главата и баш поради тоа го имаше она чувство како милион мравки да и се скриваат под нејзината кожа.
По позата во која лежеше како ранета срна, изгледаше како да го чека првиот бран промаја за да ја излади од целата жештина која ја беше опфатила.
Но кој знае дали тоа ќе да е од жешкото попладне или од немоќта да ја надмине досадноста на своите помисли.
Колку можеше да биде искрена?!
Со себе си можеби потајно, целосно, до болка искрена, со сите други никогаш до крај, никогаш целосно, секогаш недокажано и секогаш со еден мал дел злоупотребена слобода, која останува сокриена, во по некој ракав и баш тој дел што кај секој човек буди сомнеж.
Од под пазувите и се откина капка пот, и и’ се дотркала до половината, запирајќи и на лесното платно кое ја отцртуваше нејзината отвореност.
Конечно се врати дома.
Виолена се разбуди со ноздри полни непроветрен воздух.
Некаква носталгија ја надви, и ја опфати чувство дека не го познава делот што се откинува од неа, како да пропушта нечие заминување.
Тоа не беше тага каква објавуваа некролозите по градот, ни тага за која некој би се завил во црно.
Тоа е лушпа од бившата тага која се крши пред радоста на враќањето.
Радост поради која некој би се завил во црно.
Како од сега па натаму нејзина работа да е само да се радува.
На нејзиното лице и се бледнееше руменило на поклоник.
Тоа беше се што успеала да сочува од својата девственост.
Но, Виолена сепак се врати.
Додека седевме еден наспроти друг, молчејќи, ми се пристори дека одминало доволно време за една филмска екипа да се постави и да ги подеси сите свои параметри додека за неа тоа беа мигови, обични радосни мигови.
И ете баш сега неа и требаше сета младост и сета невиност за повторно да биде цела.
Но и да ти се случат секави трагедии и болести, и да си авантурист, писател, научник дури и откривач на нови светови…секогаш ја помниш гејшата што ти го скинала љумферот, без разлика дали е женска или машка, и безразлика дали си ја сакал или не.
А се размислува пред да влезеш во војна не потоа, зашто веќе ќе е премногу касно.
И баш поради тоа што секој има точка на кршење, никој не смее да си дозволи да не го прости тоа.
Виолена тргна да биде ѕвезда, а еве заспа пред мене како уште една маргиналка на овој несреќен град.
Таа сега жеднееше за некој Јов на новото време кој ќе влезе во нејзината утроба за да го смири морето што веќе долго го брануваше нејзиниот свет.
Можеби тоа требаше да сум јас, не сум сигурен, а Виолена не беше ни блиску до будна за да каже.
За Виолена слаткиот ад на градот стивна сосема. Барем за момент.
Само јас внесен во мислите ја голтав со очи веќе цело пладне, оправдувајќи ја со тоа дека секој некаде се враќа, и тоа не е прашање на зрелост, тоа е прашање на вкус.
Можеби и не се врати затоа што и се смачило да ја вртат како џоинт бедните од малиот град немајќи со што друго да си ги осквернават устите – можеби се врати затоа што веќе немаше што да се исцица од неа освен нејзината немоќ.
Токму таа немоќ сега беше нејзиниот последен отпор пред времето што и преостануваше.
(…бидејќи совршенството на нештата треба да се мери според самата нивна природа, а нештата не се повеќе или помалку совршени затоа што го галат нашиот разум или пак затоа што го рануваат.-Спиноза)
- Дојди – рече Виолена.
Таа прегратка за момент ги исполни сите години на празнина измеѓу нас.
…и право дома – во полушепот откинав како на шала.
Да, конечно дома – гугна кротко како и претходно – тука некаде е центарот на светот, баш затоа што секогаш имаш некој да те дочека со раширени раце.
Ајде зборувај, нахрани ме – како жедна побара Виолена.
Па по сите 6 долги години баш и нема со што да ти се пофали овој дом. Можеби знаеш можеби не, нашите ги нема веќе. Тој поради твоето заминување, а таа – полека свена, и пред да премине, шеташе по улиците и секој што ќе го сретнеше го прашуваше дали го видел нејзиниот шарен папагал. А никогаш немавме такво чудо дома.
А јас баш и немав храброст да излезам од дома по светот, како тебе, но и оваа чаша не е лесно да ја пиеш знаеш?
Тоа го доживеав како правдање, како всушност и сите тие години на чекање, сиот тој живот поминат како во чекална.
Каде што се некого или нешто чекаш, и на крајот така добро ќе се навикнеш да чекаш што тоа што сио го чекал жаровито ќе ти помине пред носот, а можеби и ќе те повика, а ти така како занесено, замаено и ладно ќе му речеш – оди, оди ќе почекам јас, и ќе продолжиш да си чекаш, но овој пат ни ти немаш појма што.
Чекаш писмо, поштар, чекаш е-маил, чекаш во продавница, на шалтер чекаш, чекаш за преглед, го чекаш професорот да те прими на испит, па чекаш да се одлучи за отценка, па чекаш да ти ја напише, чекаш автобуз или воз или гостин драг…и се така чекаш и чекаш и сепак накрај од нигде никаде ти текнува дека си го дочекал само крајот на животот без за тоа да аимаш појма, а се друго било само занимација за да не ти здосади чекањето.
И додека цел свет бара и трага по точка од која ќе тргне да се враќа за дома, баш како блуден син, ти живееш како точка која никаде не тргнува и никаде не се враќа и ни пак имаш желба за тоа, само така си стоиш.
Виолена како да ми ги прочита мислите, и сакајќи да ме утеши со малашега на своја сметка умешно одвали:
А за мене и шетањето по плоштадите веќе е подвиг – и затоа морав дома.
Можеби и не беше толку шеговито како што би требало да биде, но беше вистинито.
Јас и таа сега веќе бевме две верзии на една иста композиција, на двајца спротивни изведувачи и темпераменти, но еден дух, сепак еден дух.
Точно братец, јас заминав, иако сите мислеа дека бев избркана, но ако нека мислат, нека си вообразуваат, луѓето сакаат да го прават тоа, тоа им некако како ефект на огномет, силно и помпезно, торжествено и страдалнички, а тие сакаат ефекти што ги оставаат без здив, сакаат да коментираат заминувања и да стенкаат на туѓи страдања, тоа е за нив силен ефект, тоа ги ежи, од тоа паѓаат во транс, не дека така треба или дека од тоа им е поубаво или полесно, туку затоа што така слушнале, дека така треба да изгледа животот на страдалникот.
Но не е дека ти си немал храброст…јас ја немав таа храброст да останам, затоа и заминав.
Тебе ти била тешка таа чаша но сепак си останал, а мене целовреме ме мачеше и сеуште ќе ме мачи совеста дека сум отстапила, дека од немање храброст не сум им дала, ами полошо, сум им отстапила од нешто што био мое и твое, наше, и тоа доброволно, нашиот дом, ете тоа е врвот на понижувањето, баш тогаш кога е свесно, и тогаш кога со потсмев ти го кажува оној пред кого си отстапил, кој те оттргнал од твојот центар на светот, и уживал во твоето скитање.
Ти, си останал на местото, во средето, на центарот, во домот, ем си ја пиел својата чаша…тоа…е тоа е храброст.
Тоа беше од немоќта на Виолена…тоа ме утеши но и дотолку повеќе ме збуни.
Како сама да си чепкаше по раните само за да ме увери, како да ми ги отвораше своите писма едно по едно, а моја работа не беше да ги чита, но да слушам како таа ми ги чита, и да ја вкусувам нејзината тага, иако во тој мал збор немаше доволно место за сета таа преживеана…тага.
Но Виолена немаше доволно сили, наеднаш да ја исчепка сета своја рана од гнојот, немаше здив да ги исчита сите тие писма наеднаш, едно по едно, ни пак можеше да го преживее макар и споменот на се што било и што за неа никогаш нема да помине.
Но кои беа тоа „ тие“ што така често дефилираше во нејзините реченици, со сета своја негативност?
Не сакав додтно да ја вознемирувам мојата повратничка дотолку што за такво сценарио немаше сила, ни пак доволно јак желудник да одговори на сета моја предизвикан љубопитност, оставив да видам дали ќе продолжи па така некако сам да заклучам…ако може да се заклучи.
Виолена повтроно се испружи на својот стар кревет невешто се покри, и ја спушти десната рака.
Нејзиниот прст го допираше прстот под креветот, левата рака и го покриваше челото.
Несвртувајќи се рече: – Извини ме …морам малку…малку барем…
Во ред е…со збунета насмевка и со срце што гори од љубов, одвратив – отспи колку што ти треба, сега си дома, во центарот сме сега, и пак сме заедно.
Тоа ја ублажи благо се насмевна, и ја совлада сон на мистик.
Собата беше поделена на две.
На едната пола јас седев и ја гледав речиси без да трепнам, на другата пола таа спиеше со бледо руменило на поклоник, што беше се што сочувала од својата девственост.
Нејзиниот прст не се помрдна од подот под креветот, ноздрите во ритам и се ширеа и стеснуваа, прекривката ја впиваше секоја капка нејзина пот, како и таа да зажеднела по неа за целото тоа време.
Виолена се врати – ми одекнуваше во главата.
Само јас внесен во мислите ја голтав со очи веќе цело пладнеоправдувајќи ја со тоа дека секој некаде се враќа и тоа не е прашање на зрелост, ами прашање на вкус.
Можеби се врати затоа што во неа освен нејзината немоќ немаше ништо веќе…а во тоа јас сакав да верувам…тоа беше мојата нова воскресната Виолена.
Можеше ли да и се замери што кога го остави таа го направи тоа како да го остава во аквариум од стиропор додека таа си го градеше својот град со врева. И уште му ја зед водната жила и го остави да молчи како риба.
Требаше ли да и се замери? – и тоа баш еве сега кога лежеше пред него и кога испотеното тело и се тресе од сите тивки убиства – требаше ли да и се сити на нејзините страдања… – не е доста…не е доста и никогаш нема да биде… – Дури и да се присилуваше на тоа немаше да се случи.
Зашто кога Виолена страда на лицето и се појавува нешто заради кое неминовно е да се прости, поради кое сакаш да ја смениш твојата насмевка за нејзиниот немир.
Но сега со мала разлика, што овој пат изгледаше како да си го истетовирала тој израз кој извираше од секоја пора на нејзиното лесно заборавливо лице.
Поради тоа во сите нејзини денови таа беше апстрактна – Виолена не постоеше поради своето лице.
Никој никогаш немал вистионска нужда од нејзинотото лице.
Таа само глумеше потребност обиколувајќи го секој еден низ градот, пиејќи го секое кафе, оговарајќи го секој втор, ебејќи се со секој трет…во градот.
Дали тоа и станало јасно или сосема не… и сега кога дојде и вкуси одамна заборавена љубов…кој ќе знае?
Таа остануваше во себе осамен патник на кој му е забрането да ги зборува, своите мисли освен во своите мисли…кој заради кусите нозе, кој заради своите многу куси нозе, никако не можеше да загази во ниедно срце, дури ни во најплиткото од нив.
Токму таа немоќ е нејзиниот последен отпор.
Но последен отпор пред што?…последен отпор пред сите „тие“ кои со години и се случуваа на Виолена, со „тие“ со кои мораше да се избори за макар во соништата да е рајат.
„ТИЕ“ за неа беше еден нзс на добри, лоши, учени и прости, полуписмени камионџии, татини синови и деца на улицата…„ТИЕ“ беа идни доктори – можеби хирурзи, иселеници во странство, кисели црвени мерцедеси, полноќни птици, таксисти, келнери…тие сите беа со прсти премногу немирни за свои години и штотуку пркнати влакна на градите, кафено – црни бенки по грбот, сите тие кои во дождовите на длабоката есен се раскалуваа во покајанието на Виолена…или можеби од заситеност за таа година што изминува…кој сеуште ќе знае.
И покрај тоа што Виолена во тие мигови си го замислуваше својот крај како поетско-аскетска канонада, како крај со големо изненадувбање за сета проголтана жал, веќе со првата пролет, таа повторно се расфрлаше со животи по белите ѕидови.
Сето тоа иделуваше како партија шах….година за година…ден за ден…симултантка со несреќниот град.
И ги давам на оваа песна овие две раце
кои заборавиле да пишуваат на живите јазици.
И го подарувам модриот град
Кој се движи од една стравотна мисла.
Неговото поместување е сепак ограничено
на малото дно помеѓу два рида.
И ја давам мојата претесна соба
И така се откажувам од неа…..(И.Антески)
Таа вечер беше некаде околу 10-ина часот навечр, таа имаше 21, црна како јаглен коса чија должина не паѓаше ни под ушите, и црни како талог од кафе очи со кои голташе се што пред незе се движеше, розови тренерки во кои се тресеше како лист дотолку од тоа што седеше на бетонско ѕидче пред домот на армијата плашејќи се дека ќе умре сама.
Таа вечер Виолена беше уморна од разделување на нејзината приказна од нејзиниот живот, мислеше дека конечно е крај, и дека ете со првото утре доаѓа нејзиниот нов почеток, сето она за што дотогаш молела, се за што верувала дека ќе ја направи благодарна и исполнета, девојка со идеал за животот,и со своја приказна.
Но таа не беше ништо од сето тоа. Таа не беше благодарна, но сакаше нешто да ја направи благодарна; таа немаше идеал, но копнееше нешто да ја ослободи од нејзиниот страв дека завршува залудно и сама; и на крај таа немаше свој живот, но само своја приказна во која се испреплетуваа многу други приказни на сите оние локални поети, нереализирани писатели и фори од локалните фраери кои и ја полнеа нејзината убава глава додека се обидуваше да најде нов и овој пат вистински Јов за своето море.
Виолена упорно и упорно одделуваше насмевки од падови, обидувајќи се да си остане на патот; баш таа вечер некој и влезе во нејзиниот траг и ја измести од нејзините шини, ја изваде од нејзиниот кафез, нејзините херои ги направи духови, ја смени нејзиниот бетонски ѕид кој секоја вечер и служеше како столица со топла прегратка која ја сврти на друугата страна и почна да и открива дека во нејзе нема само трње, дека таа не е мртва душа на акварииумска риба, дека не е степски волк кој постојано го претчува истиот град за секојпат одново во него да го наоѓа истиот својот страв, некој и влезе во нејзиниот траг, и тоа не случаен, но баш тој што посака Виолена таа вечер да биде тука покрај него.
Што ќе ни е инаку градот ако нема блудни синови и Виолени- тогаш ќе нема што да се простува, ќе нема душа која навистина е поскапа од целиот свет. Ако нема Виолени еден куп и блудни синови еден куп – тогаш нема да има потреба и од сите оние улици, судови, цркви, дискотеки, паркови и клупи по парковите, сите амплитуди на љубовта, ќе ги нема сите наши глупости и искуствата кои произлегуваат од тие глупости – ќе нема потреба од болници, од собранија, бутици и изложбени салони, модни канали на тв, и секако ќе нема потреба од враќањето на Виолена.
А тие баш затоа и заминале – блудните синови и Виолени – за да се вратат, за некој да им прости, за да поминат годините во кои сваќаме дека стануваме премногу скапи еден на друг за туку-така да се загубиме – години во кои ние биваме вечни а се друго одминува.
И веќе и дисторзираше во главата дека ќе жртвува се, и своите улични поети и своите неразбирливи музики, и своите непреспани ноќи, сите свои шминки, сите свои приказни, само конечно да го зграби своето конечно враќање во својот живот од кој одамна се одрекла, на кој одамна плукнала, кој беше запрен во нејзината глава, но сепак зафаќаше дел од нејзе и многу пати не и даваше мир ни сон, кој беше закочен во првата споредна уличка која своевремено успеаја да ја нагазат нејзините 37- ка ноџиња.
Но кој беше тој? Од каде беше тој? Каков беше тој? Тие не се знаеа но не се познаваа – но сепак Виолена го позна. Го позна зашто утробата и заплака со глас на труба, во ушите слободно и профучи ветрец на последна летна вечер, градите и намовнаа како праски а јазикот и се залепи за небото.
Здраво…како си – и излета некако повеќе низ ноздрите отколку од уста.
Некако немаше потреба од многу разговори…и секој обид да се надвие тема за разговор по секоја цена само ке ја уништеше сета таа интима која од којзнае каде залебди во воздухот и ги поразуваше и сите оние кои беа почестени да ја одминат таа средба.
Вечерта се зачна во знакот на тој поглед кој според сите градски часовници не траеше воопшто многу…можеби се мереше во секунди…но така мерат само пластичните часовниците и пластичните срца…за сите други тоа беше рамно на откровение со кое како низ бајка влегувале во своите детски соништа.
За Виолена и Енох тоа беше повеќе од само поглед пресметан во секунди…тоа беше утро пладне и де…осми ден…26 час…тринаесетти месец…невечерен ден.
За нив во тие секунди се содржеа создавањето на еден свет…сите ледени периоди и сите преродби…сите светски војни и сите примирја…сиот откуп на двајца повратници.
- Здраво – му се откина на Енох повеќе како од срцето отколку од устата – вечерва тргнав да те најдам…малку се распрашував каде би те нашол….а ти веќе си пред мене – на лицето му се појави мала насмевка која беше налик на зрак кој го топи и најзакоравениот мраз после долга лута зима….така и поделува.
А Виолена во секунд постана така убава доволно за никогаш да не го заборавиш тоа лице на девојче кое како конечно да го сретнало својот вистински родител…својот доктор кој ја излекувал од првата треска која се дрзнала да ја вознемири нејзината кревкост…како да го сретнала својот господ на кој секоја вечер му се молела за сенешто што тој ден од неа извлекло макар солза, макар горко чувство во нејзиното грло…доволно убава да го овековечи тоа лесно заборавливо лице па дури и никогаш повеќе да не ја сретнеш ако тебе те одведе плимата на денот.
Но знаеш дека тоа нема да ти се случи ни тебе ни неа…барем не во блиска иднина…и баш поради тоа таа е уште поубава…како зората кога прв пат тргнуваш на училиште како…..
И се се случува како тајна…очите на нејзините раце го исплакуваат нејзиниот прв искрен допир…нејзините очи често се присеќаваат на она што го измолила…и заборавот тука не е моќен да промени било што или да избриши и најмала јота од таа средба, и да е тоа причината за нареден потоп.
Баш заради тоа, таа вечер градот се искупи за многу проголтани младости, за сите исмеани искрености, за сета отфрлена љубов…ова беше неговата втора шанса.
Мило ми е што конечно те најдов…и по толку годин – гугна со заруменети образи Енох –
А мене ми е и повеќе од мило…само чекав кога ќе се појавиш – се обиде да го опушти Виолена…
И сето тоа сместено во некоку секунди правеше се околу нив доволно калорично – да човек помисли дека кај и да е над нив ќе се надвијат бели облаци и ќе се истури на нив сета утринска роса.
Воздухот мирисаше на мускат и режеше како шампајн.
Сега кога знам дека си жива – со лесен дриблинг влезе во мала шала Енох – може ли утре да појдеме на чај…убав, топол, утрински.
Ќе ти се јавам штом се разбудам – како одвај да чекаше да праша и помалку прекинувајќи го од возбуда се истрча Виолена – тоа не сакам да го пропуштам за ништо на светот – дополни Виолена, а знаеше и дека би пропуштила многу повеќе од чај, и многу повеќе од обично друштво кое ќе и послужеше да се отргне од утринскиот мамурлук….дека ќе го пропушти оној за кој молеше цело време, се она за што не спиеше по цели вечери надевајќи се дека баш тоа наредно утро е утрото на средба.
А јас веќе ке бидам буден покрај телефонот –користејќи ја возбудата на Виолена Енох успеа да делува поумешно… но сега тоа воопшто не беше важно.
Забележа дека во присуство на разни луѓе е различно расположен – да се смее, да биде сериозен можеби да солзи од тагаили пак да гори од бес…но баш сега покрај Виолена беше таков…неизлечиво и безнадежно радосен.
…Затоа што сакам да го сонам на јаболкото сонот
Да го научам плачот кој од земјата ме чисти
Затоа што сакам да живеам со детето
Кое би да си го ископа срцето на пладне. (Ф.Г.Лорка)
Додека си одеше накај дома како на расипана лонгплејка во главата без број пати му се повторуваа зборовите на Виолена, и не се плашеше како и секоја предходна вечер кога си одеше дома…не …Енох овој пат не се плашеше дури и ако требаше да измислува нови светови, насмевки, цвеќиња, нови пудлици и нови ѕвезди, нови имиња за улиците…
И таков наплив му го исполнуваше телото и духот што му се сакаше да излета од себе си и да го направи тоа баш ете сега додека Виолена спие.
Во него вриеше сиот прков, сиот бунт на неговото срце,баш сега дознаваше како само тоа во него останало војник.
Времето навлегуваше во длабока есен, наредниот ден Енох го чекаше испит на факултет, а во него пламтеше исчекувањето на средбата со Виолена.
Тоа за него никако не беше како да чека роденден или гости, или да чека почеток на филм во кино, ни поак како да го чека автобусот кој треба да го однеси до летното одморалиште…и никако како да чека испит од кој според многумина му зависеше иднината… таа средба ја чекаше како да чека леб во редица додека во земјата владее глад, како да чека утринска дремка после долга непреспана и мачна ноќ, како да го дочекува многу драгиот иако одамна подзаборавен гостин.
Мирен како никогаш дотогаш, пазеше и да не воздивне премногу длабоко.
Знаеше дека да утешиш девојка толку скршена како Виолена е нешто како да изведеш деликатна операција на мозок со француски клуч, и тоа да ја изведеш успешно.
Но и за тоа не се плашеше зашто сега таа занего беше свет грал, платиниумски крст, негов папа, и негова црква, негова војна, партизанска споменица, негов орден за храброст.
Веќе ја сакаше повеќе од што дедо му го сакаше Тито и сите негови генерали.
А тоа не те прави положен или паднат… тоа ет прави конечно исправен човек. А просто толку си вдахновен од тоа сознание што веднаш сакаш да си подариш цвеќе или сам да си напишеш љубовно писмо.
И ете си како гола душа пред гола душа чиј диопир чисти и чисти …чие соединување радува и крвари до искреност.
Свртувајќи се за момент кон нагризаниот градски асфалт Енох доволно разбра дека е повеќе од повикан да ја направи таа деликатна операција на мозок па макар и со сет француски клучеви.
Небото ги држи верните покојни.
Виолена знаеше што му се случува на човек кога е без нејзе…како тоа одѕвонува во неговите уши како греби по неговите прсти, и никако не приоѓа на во помош се додека тој некој не стане очаен.
Тогаш самиот сваќа што е тој во таа сиромаштија…ништо повеќе од очајник.
И без разлика колку брзо и колку долго да се проникнуваше во некого…Виолена обожаваше да го јавне тој ризик, и да колонизира уште еден ум со својата голотија.
Осетот за тоа беше во нејзините прсти, таа го сакаше тоа како чоколаден десерт и црвено вино…тоа ја правеше да се насмевнува пред спиење, тоа за момент го убиваше нејзиниот страв дека ќе заврши сама…но само за мометнт.
А потоа уживаше исто толку да подзапее со срцето на јазикот, да запее ретко убаво, да заигра со срцето на колковите, како да е тоа последното што го прави, и да ти каже како сето тоа е само за слаткиот ти.
А ти продолжуваш да го слушаш нејзиниот здив навечеш лежејќи испружен и буден прашувајќи се што ќе правиш со сета таа Виолена во себе….и продолжуваш да се менуваш.
И веќе наредното утро не си повеќе ти…ти – само парче од неа…сладок…сладок човек, оставен онаму од каде почнал, но овој пат сам.
Прв пат ли е тоа некој баш така да лета?
И чиста вотка протекува низ тебе како да го поминува Атлантикот, а ти како добар шампајн чуван за прослава конечно се ослободуваш од својата плутена тапа и премногу брзо се испиваш оставајќи го во себе само духот од шишето, и продолжуваш во замаглени прозори од твојот дом да си го црташ ликот, дозволувајќи да те мачи како евтин виски првата програма на телевизија што ќе ги погоди твоите очи, и не можеш да поверуваш дека некој плаќа за тоа…но не ти е веќе до расправија… не ти е веќе ни до глад, ни до жед…не ти е повеќе ни до будност ако до тебе не е исто толку будна и Виолена после многу часови како се спојувало меѓу вас се’ , а ти и понатаму ненаситно зјапаш во неа, и навистина веруваш во сето тоа.
Не ти е гајле кога си изгубил осет да се правиш чекор назад…нема веќе назад во моменти со Виолена…
И на врвот веќе стоите двајцата на глава смеејќи се и пиејќи од сопствените меурчиња, неможејќи да направите ни чекор напред, ни чекор назад, само пеејќи ја вашата полниоќна песна која ве засмева до зори.
Проголтувајќи уште еднаш, вкусувајќи ја одново и одново, и не е така непријатно.
Секогаш се најдува по нешто интересно во тоа што го вели Виолена, секогаш има по нешто вкусно во тоа што ќе и го прошепотиш на Виолена… вие сте актери и вие сте само важни.
Од таму каде што сте до напуштање на местото суви има само 80 денари разлика, и по некоја подзаборавена сметка од вотката пред тоа…градот е веќе 8 дена зад вас,а вашата иронија веќе постанува едно.
Сите пријатели што сте ги запознале или направиле, сите пиано концерти, се тоа…е само добра импровизација…
Веќе е 2 наутро, прилично касно за вашиот град, ја оставате сета ваша пот, и сиот ликер од вишна и се присеќавате дека и по некој таксист останува буден навечер.
На радио веќе не ја пуштаат „Stranger In The Night“, и обајцата стопени ги слушате фрекфенциите на она што во вас сеуште се соединува, а лимузината надвор стрпливо чека.
Сакате ли уште нешто? Сакате ли уште некаде? Само уште еднаш до прозорот и сега веќе два топли здива и два прсти кои цртаат две лица…само гребаницата на Виолена се познава следното утро… и веќе таа се вози по празните улици на градот упатувајќи се кон својата „дома“…. и веќе се е убаво дури и тоа што не е…сообраќајка која мириса на пубертет и алкохол и неколку повредени во болница…полиција која се пресметува на семафори…но секогаш има по една уличка во градот оставена за Виолена безбедно да стигне таму каде тргнала.
А ти…ти би сакал ли уште еден пијалок, или би можел барем да се обидеш да ја дочекаш зората буден во името на 5 километри, 6 часа подоцна, гужва и џагор, 20 минутно кафе и неколку цигари…обична дрвена бела врата со монокл, бакнеж за до скоро видување и…готово.
А вечерта…па многу од вашите раце, продираат се до вашата крв, и под неа, до црвениот сомот на креветот, барајќи нешто ќе ве засити, барајќи здив што ќе ве врзе за никогаш да не сте на растојание…
И пак сте на нозе без било што да сте скршиле, без успех да ги надвладеете вашите коски во обидот да влезете еден во друг.
Никој ништо не забележува наутро освен правот на мини-барот, а ти седиш и гледаш наводно низ прозорецот, а всушност во ликот на стаклото што по втор пат го изгребаа прстите на Виолена.
Пијана музика ги полни твоите уши тоа утро, а веќе напладне користите изрентани клучеви за да ги платите своите страсти, рамења кои се подудираат, заспивајќи врз новиот мебел штоф. Се будите не многу потоа кога е време за викање такси.
После тоа веќе ништо не беше исто.
Циркусот од главата на Виолена, лесно се насели во мислите на Енох, а тој беспоштедно и го пружаше врвот.
Мирисот на свежо ја обзеде Виолена, како топлина во свежа ноќ.
Трчаше при енох жива жедна да трча при кладенец, да собере моќ за да се собере со него во едно.
Од тебе сум исполнета како од жива вода – прошепнуваше често вовлечена во кожата на Енох која збревташе во секоја своја пора голтајќи ја Виолена како своја сепаленица жртва.
Луѓето поминуваа покрај нив задишани, но за Виолена и енох сите околу нив представуваа само бура од ткаенини кои се движат како муви без глави незнаејќи како да го зграбчат денот дури и кога завршуваше.
Сообраќајот се гушеше, светот се судираше по кој знае кој пат, поштенски пакети се губеа помеѓу две точки на пристигање.
(продолжува)
Единствениот Афродизијак што ми треба е твојот глас.
Слушајќи те како го изговараш моето име како одговараш на моите прашања, кажувајќи дека ме сакаш…
Ти си одговорот на сите мои прашања што сум ги имала за љубовта;
без зборови користејќи го само мојот јазик,
уживам додека ти ја раскажуваш нашата приказна,
додека коленичам пред твојата сенка и додека мојата исцрпена снага се тетерави и трепери пред твојата невиност, обидувајќи се да измолам од тебе уште…уште…зашто знам дека сето тоа е вкус само за мене…
веќе почнав да се насладувам од твојот деликатес, чувствувајќи како
коцка црно чоколадо, се растопува во мојата уста и полека навистина полека и блажено се спушта и ја разорува мојата утроба со моќ за која се умира
а не можеш да ја пресоздадеш, со потреба за секој атом од твојата анатомија…потребноста за тебе е место кое сакам да го населам само со мене…знаејќи дека ти си изворот на моето второ моминство, и дека копаш по мене подлабоко и од мојата совест…
И ете свесно и совесно, не кријам дека се најдувам себе си како во мојата глава ги превртувам сликите за тебе, живеејќи го така преку ден мојот сон за тебе, така тогаш пред мене гол предизвикувајќи во мене водопади од влага, интензивно лачење на плунка и желба да те посакам веднаш и баш тука на најнеподобните места пробивајќи се низ најскокотливи сензации на сосема интимни локации, каде би сакала да сум згрчена меѓу тој камен и твоите тврди места… и како што се потиш така со секоја капка мојата усна се отвора и воздивнува и пелтечи од земјотресот на секоја моја клетка, држејќи се цврсто поради твојот опасен дрифт.
Ти го знаеш моето тело како опачината на твоите дланки и со секој твој допир ме отпраќаш во екстаза која ни еден врисок не може да ја долови затоа само воздивнувам и оставам твојот длабок продор повторно и повторно да ме возвиши до неа…навалувајќи се горејќи и топејќи се под твоите нокти на мојот грб, понежни од секој сончев зрак…неможејќи да речам ништо повеќе од зборови со 4 букви и 10 гласа, гладно врескајќи го твоето име како молитва, како екстаза, како волшебна мелодија од волшебна флејта што ме лечи од моето довчерашно лудило.
Сакам да се борам со твојот јазик помеѓу моите усни, сакам да глумам дека не сакам повеќе но секогаш лошо лажам, ми снемува соби а јас молам за уште, прилепена со лицето кон ѕидот уживајќи во послушноста кога ми велиш „ мирна“…зашто се чувствувам моќна од начинот на кој ме доминираш…
Доаѓам кога ми велиш…јас сум на врвот и на дното на твојата добра волја, што ги прави моите оргазмични верверички се побројни и побројни…телото ми е радиоактивно од задоволство…мојата перница веќе го доби твојот лик…мојата соба мириса на твоите отпечатоци насекаде по неа и на твоето голо тело насекаде по мене, впишувајќи го твоето име насекаде по мојата генетска историја…
Што можеше Енох да приговори на една таква исповест?!
не можеше да аплаудира на неизмерната драматичност, изразот на лицето од Виолена, не можеше да се насмее ни пак да просолзи…а некако и не смееше да отвори уста…дури и еден длабок здив би ја потопила целата нова флота бродови на Виолена.
( Цел живот се обидуваме да ја раскажеме својата приказна …но на крајот тоа не е нашиот живот, тоа е нашата приказна…Хемингвеј )
Тешко беше да се одреди а уште потешко да се компонира правиот саундтрак за сцените на нивното повторно соединување
Само едно беше јасно…немаше повеќе време за тишина, требаше да отпочне ликувањето.
Откако се испразниjа, откако потрошија се што имаа во себе и на себе, откако си ги испија понудените нектари на паднати богови…Енох се гледаше себе си како дрско но страшно нежно и задоволно ја гали Виолена, без редослед, насекаде до каде се простираше нејзиното тело.
Брановите од левата страна замрзнуваа пред неговот досег, пред неговиот застаклен поглед, пред заслепувачката светлина што сакаше да се втурне во него преку прозорецот и поради тоа го заслепуваше.
Брановите од десната страна запалуваа се што беше маркирано како мисла.
Последните неколку го збуниа замислиjа и вратиjа неколку чекори назад.
Така ги гледаше – илјадници маршови на невидливи армии и артилерии со бела капа на врвот кои безмилосно го обземаа трпнејќи не пропуштајќи ни еден меридијан по неговата кожа удирајќи од стаклото што ја прекршуваше светлината и пак како помирени со капитулацијата се враќаа назад посрамени во нивните подземни мисли…
Час и нешто…два часа – три часа и тие остануваа назад…за пак сферата да им ја подарат на фантазијата.
Понатаму останаа само црните дупчиња помеѓу стакленцата и замислените ѕвезди што го голтаа па по неколку секунди беше мртов неподвижен, а потоа пак и повторно збунет.
Тешко му беше таа вечер да ги надополони резервите на сон, после безобразното исцрпување на сите соништа од себе и тоа само во неколку моменти.
Пак му беше страм…но ја остави блажената насмевка и понатаму да тлее на неговото лице.
Виолена свати дека е немоќна.
Тоа веќе беше правило, сите што својот живот го гледаат како бродолом, на крајот остануваат само со една даска под нив, и тргнуваат во потрага по виновници за тоа.
А Виолена беше двоен виновники како девојка која зборувала лошо за Бога и како човек кој убил недолжно дете и избегал.
Ја отфрлила волјата да објаснува било што…а Енох малу како пророчки ѕирнувајќи во нејзиното срце со благ осмев не сакајќи да ја растревожи после се … Енох умешно ја смени темата…
Храбар беше потегот на Енох…но…
- Читај ми – рече Виолена и извади насмевка исто толку излитена колку тертратката што ја извади во која за целото нејзино минато време се обидувала да ја запише својата жалност…очајна потреба да се оправда себе си од себе си.
- А што е ова ?!– со лошо скриена рдозналост и отворена уста се истури од грлото на Енох.
Виолена стана …Енох се збуни …таа елегантно и голо се прошета до кујната и тури една чаша вино…на енох му стана дупло нејасно зошто сега па само една чаша вино…Виолена одмаршира назад до Енох…тој сеуште беше збунет.
- Ти само читај ми, а еве и ако ти застане нешто в грло да поттурнеш – со благ провокаторски осмев кој нешто крие и истовремено навестува го послужи Виолена, и седна пред него меѓу неговите колена.
- А сега читај…
Енох се повлекуваше Виолена беше во напад…почна да чита со пелтечење, Виолерна нежно го погали и како да е најкршливото нешто го скри во својата уста.
Енох во афект ја згмечи тетратката и со брз гест се напи голема голтка вино…и се предаде продолжувајќи да чита во ритам со влажните и мазни усни на Виолена, чија глава страшно задоволно се движеше меѓу неговите нозе.
Енох читаше…читаше и пиеше вино…ја остави Виолена да сонува како му ја цица душата и сета љубов од него.
Но не беше тоа…не го сонуваше Виолена тоа…
Виолена сонуваше како се одмаздува за сите што ја повредиле без да и читаат и кои и плаќале во кеш за тоа, за сите пред кои се опуштала и дозволувала да ја возат, само за тоа што не можела поинаку…како се одмаздува на сите кои и го резервирале тоалетот како вратка за двете платени пијачки диво туркајќи и ја фацата во ѕидот полн пајажини и мачканици…
Енох читаше како да излегува од себе си …Виолена впиваше како да и треба нова душа…жедно и со широко отворено грло, и горко се присеќаше за секој што украл дел од неа, а таа не смеела поинаку, зашто живеела за аплаузи.
И сега со цел Енох во своето грло, замислуваше како сите ТИЕ гледаат во неа…сите во неа, а таа со гордост и овој пат полна им се смее гордо и одважно….чувствувајќи се заштитено?!…не не …спасено.
Виолена со немите сјајни очи што гладуваа во мали влажни собички што се подаваа и за еден обичен автограм на локален Бајага фраер, или за звук на жешки гуми и зачадени ауспуси…
Енох читаше и голташе вино, Виолена издивнуваше, го голташе Енох и се сеќаваше …како чека потписи во заводите за вработување, и колку само пати се превиткувала пред својата совест како буба шваба затоа што немала како освен само да угоди, изнудувајќи го така својот пијалак, своето задно седиште, своите нови чевли…
Внимателно слушаше како Енох и чита, со мали засркнувања…и неговите голтки вино беа и нејзини голтки нектар, и повеќе и подалеку од само голтки…беа тоа мисли…сеќавања на сите локални поети, глинени бенг бенг херои, и пропаднати музичари, кои нуркајќи во неа ја препознаваа својата измислена вечност доживувајќи се после неа како заборавена жабокречина во блатото на малиот град.
Знаеше таа дека се тоа фаци што ја мразат во суштина, гримаси што без двоумење ќе плукнат на неа пред 8, 12, или 15 луѓе …кипови и статуи кои преку неа се убедуваа дека пеат или пишуваат или свират за љубов, чест или храброст иако и тие немаа поим штоќе им се тие епитети во нивниот живот …највреројатно за екстра сеир…ни сами не знаеа…нуркајќи во утробата на Виолена зашто немаа на друго место каде..
А Виолена доаѓаше до својот кеш, до својата доза, ги ставаше в џеб како што сега ја скриваше в грло гордоста на Енох, се враќаше дома во својата празна и влажна соба позеленета по ќошевите и го свртуваше клучот два пати.
Веќе јабараа, веќе сакаа да го објават нејзиниот молк…но Виолена реши и го голтна и последното од Енох не дозволувајќи му да ја изговори следната реченица пред 4-тата глава од нејзината тетратка…
Енох веќе не знаеше за себе си.
Виолена го допи преостанатото вино, и не станувајќи од пред него, ја навали налево главата на неговиот скут., чувствувајќи се одмаздена и спремна за некоја нова конечно победа во нејзиниот живот.
- Читај до крај – уморно и задоволно со мал галовен гест по неговиот стомак гугна Виолена.
Помина уште малку време …присобраа нешто сили и излеоа од станот, ја платија наемнината и продолжија да го соберат тоа малку пладне што им преостана .
( И покрај најдобрата волја да биде искрен ниеден човек во себе не може да си ја признае вистината)
Да си бунтар да ти е тесна дури и сопствената кожа, тоа е живот на некој кој сеуште во себе носи траг од понижениот и навредениот и од човекот во себе.
Сакаш да ја спусхтисх топката сакасх да ги смириш седумте свои мориња, но никако е го правиш тоа…не можеш, не затоа што не можеш, затоа што немаш со кого, немаш во кого.
Виолена не наоѓаше човек со душа дповолно широка во која кротко ќе се насели како човек, не успеваше да спои доволно длабоко срце кое ќе и враќа ехо на утеха на секој нејзин крик.
Сакаше да престане да се бунтува, да плука против власта, да престане да се прави мисирка од пиење секоја вечер, да ги исчисти курвитѕе од своето окружување…..но не го правеше тоа….не го можеше тоа….не затоа што не можеше, но затоа што секоја вечер тие беа утеха на нејзината немоќ, преку денот, немоќ да промени макар и една јота во општеството и во себе, баш тоа општество кое ја шамараше од утро до вечер, кое ја шамараше и бараше таа да се извини за тоа.
Но таа не….секогаш наоѓаше публика која ќе и аплаудира, која ќе ја тупка по рамо, а од тоа само и ојачуваа рамењата за да понесе уште еден бесмислен ден меѓу нејзините нозе, без да може да замижи за момент и како нормална човечко дете да отспокојува….и пак не заради некои други….други не постоеја и никкогашш и не постоеле ами само заради самата себе, зашто таа беше што зборуваше со публиката и што ја прашува колку поиспечено го сака тоа сервирано во нивните усти, измамувајќи се дека е силна за уште, за уште….
Не живееше како бунтар затоа што така избрала, живееше како бунтар затоа што не можеше да живее како што избрала. А после веќе си непослушен, и веќе си издвоен, обележан, и секоја вечер си во утехата на алкохолот, квалитетната роба, многу гнасни тенки и дебели прсти и по некое заскитано книгиче без поента пред спиење.
Доволно е свесна Виолена за да знае и во такви состојби дека животот не е супермаркет во кој шеткараш меѓу рафтови и единствената грижа ти е кое пакованје да го ставиш во корпата.
Но исто толку не саакаше да се помири да биде сваќана како неколку килограми месо со очи кое се конзумира ладно и крваво.
Многу како незе се помируваат со тоа, се претопуваат, и со примирена совест се враќаат да бидат блудни синови и ќерки…..но не и Виолена.
Таа дури немаше ни јасна претстава со што тоа треба да се помири…!?
Со тоа ли да и е удобно во гршната кожа на понижена и навредена?!…да е несреќна чашка јогурт помеѓу еден куп исти такви селектирани и подредени во гајба?!….обична ситна жена на прост даночен обврзник со дробни деца и велосипед…!? Тоа не беше Виолена….па таа еднаш дури и го отфрли плодот на својата утроба, најгнасно, најподло и без двоумење абортираше ребра од своите ребра и срце од своето срце, крваво го крсти и продолжи да гази по пијаниот асфалт…..баш затоа што не сакаше да се помирува. Тоа беше Виолена.
Таа продолжуваше да ужива во своето крунисување, деноноќно крунисување.
Се разбуди најверојатно поради птиците кои немарно слетаа на лимот од нејзиниот прозорец.
Сонцето веќе исцртуваше витражи по ѕидовите.
Со блага задоволна насмевка се сврти, и за момент изненадена што Енох го нема, се присети, дека веќе два дена тој е во големиот град, итајќи да ја зграби својата голема надеж, сега веќе за двајцата.
Но за Виолена Енох секогаш беше тука, и до последниот миг додека се разбуди, и цело време после тоа додека полу сонливо зјапаше како надвор сонцето упорно грее и покрај поројниот дожд.
На улицата џагорат чекори, покриени во светли бои кои се мавтаат горе долу, покривајќи ги и светлите лица на децата кои мораат на школо.
Виолена не го морала тоа, никогаш не го морала тоа, таа никогаш ништо не морала, Виолена и денес не мора ништо, освен да сака…понекогаш чувствуваше дека не го мора и тоа…дека не мора ни да сака, зашто сакаше само да си игра, да се забавува, до заборав, и кога ќе дојдеше до тој заборав сакаше само нов ден, во кој конечно ќе се натера себе си да сака.
Надвор еден дебел средовечен човек се турка во автобусот меѓу младите студенти и студентки.
Радиото објавува неколку собрани белешки за несреќниот град, со кои се обидува да г најави новиот ден.
Дождот престана, задоцнетите ученици веќе немаа потреба од чадори, дебелиот дедо најпосле се смести во автобусот, Енох ги отвори очите и го подголтна утрото во вагонското купе.
Виолена се извлече од креветот и се вовлече во бањата, и се виде себе си како во скршено огледало, изненадувајќи се од самата си како од ненадеен подарок.
На своето бледо пегаво лице, сонцето сеуште правеше витражи, продолжуваше џагорот на децата со чадори меѓу кои не беше Виолена, и еден средовечен човек со потечени нозе кој залудно и упорно по цели денови се вози во школските автобуси чекајќи да ја препознае својата Виолена пред да заврши и тој со својата болест.
Останатото беше исто, и се на свое место, наелектризираната, права, тешка, цна коса, големите црни очи подзадскриени во потечените подочњаци речиси без зеници, тенкиот чпртав нос и испуканите усниособено горните зажеднети за Енох.
Тие детали речиси ида не се менуваа, освен по принципот на нужна смртност.
Се обиде да се присети како изгледаше пред 6 години кога се венча за несреќите на градот. Но ниедна подобра слика од оваа утрешнава не и поминуваше низ глава.
Заврши со миењето заби, уште еднаш длабоко го нурна своето лице во грстот ладна вода, и откако не успеа со крпа да ги симне сите приказни од своето лице, го одвлечка своето столче до прозорот и почна да го шмрка своето ритуално ладно кафе.
Не беше првпат да се осети сама…но овој пат за разлика од дотогаш тука некаде наспроти неа би требало да има очи наспроти нејзините очи, и две раце што со неа ќе се греат од сонцето заеднички измолено секое утро.
Иако веќе неколку дена нејзиното тело само се слеваше под топлата вода под тушот, и така влажна како поросена, повторно сама испаруваше под својот прекривач, не подлегнуваше на нападите на осамената Виолена во себе, не се потиснуваше од одсуството на Енох, ни пак се напрегаше под напливот на старите злочести мисли.
Таа реши, во својот живот веќе нема време, за се да има време.
Таа и љубеше и мразеше истовремено, го љубеше Енох а ја мразеше таа стара и шугава Виолена, се смееше и плачеше истовремено со истите длабоки црни очи, во исто време со една уста и колнеше и благословуваше, со истите две раце истовремено и фрлаше камења и подигаше нов храм за Енох и за себе.
И мразеше и простуваше, и помнеше и забораваше, во едно исто време бдееше над иднината и го погубуваше своето минато, редеше и прередуваше…во едно исто врме јадеше и го вареше изеденото, веќе во едно време правеше две работи за кои вообичаено би и требале денови, месеци а и години можеби.
Но Виолена се сети дека премногу изгуби и почна да бара, го најде тоа што го бараше и заборави дека било кога изгубила и така почна да љуби што дури се заборави.
Нејзината минута веќе извесно врме се делеше на две, една за радост една за покајание, една за благодарност една за молчење, една за љубов, една за себепрекор, една за Енох и истата таа една за Виолена.
Надвор се слушаше влажниот чекорна есента, и чекорите на уште еден слепец од малиот град кои се одѕиваа под малиот прозорец на Виолена која чекајќи стрвно шмркаше од своето ритуално топло кафе.
Седми и последен ден без Енох.
Ветерот пред Виолена ги тресеше и ги растураше улиците што водеа до железничката станица, отворајќи го градот како срце.
Нејзините шелби се ближеа до своето отелотворување.
Истата таа трескавична есен, истата болна година, во истото нејзино поделено време во кое Виолена напукнуваше како пченица, таа се движеше помеѓу минувачите како фантомски плод што се лизга низ рацете на градот.
За сето време на страв , на шепот, таа вечер таа ги имаш погребано сите лица на подземјето од нејзиниот подсмешлив град.
Место очи чувствуваше дека ја гледаат корозирани огледала, дека наместо усни и довикуваат калливи бразди полни со зелен жабуњак.
Никој веќе немаше крв за неа, немаше никој име, немаше ни тело ни дух, никој во тие поделени минути во кои Виолена го сечеше асфалтот пуштајќи чекор кон станицата на крајот од градот.
Глас трубен и го обли слухот, сирената од возот го збодна градот потсетувајќи го колку доцна останал буден.
Ветерот се смири во косите на Виолена, и некако спонтани и филмски и се спуштија на рамењата…..благо студенило и предизвика морници по кожата, и ја натера некако здрвено да се исправи доволно достоинствено пред својата отелотворена желба…тивка и блага мисла и ги навлажни устите како за ветена храна. Се појави меѓу тројца, енергичен како да се враќа од борба, енох се симна од вагонот со цврст чекот и со две торби, однапред и одназад,обесени на на неговите рамења.
КОга го здогледа на лицето од Виолена блесна ѕвезда, устата и се раздели како морето пред Мојсеј, и ги покажа своите бисери издивнувајќи го името на Енох.
Енох вешто со еден потег ги спуштиторбите од себе, и како ѕид ја постави својата прегратка околу Виолена.
Пред него таа беше улично храбро врапче, малечка пегава црнокоса, јаболко врз сиромашна трпеза, бледникава гранка во зимски двор.
Но во него таа беше неговата трпеза на љубовта чии корења се цврсто забиени во небото аплодовите свртени надолу.
Пред било што да кажат им се споија усните, како диви мачори, како две сплотени растенија. Врз ѕемперот на виолена со боја на јагода, се лизгаше раката на Енох, а нејзините прсти оставаа траги по лицето на Енох.
Усните им се притискаа како грабливка птица и жеден коњ, како малечко сонце и река од свежина.
Двајцата го сакаа тоа …Зар двајцата? – во други околности и други комбинации тоа не би било можно, но беа молскавично страстни.
Молчи Енох, молчи. Не, не Енох шепотими тивко како призрак кој ми искрадува сон кга лежам блажено оросена од тебе, шепоти ми како благ ветрец низ моите уши, додека сонувам со отворени очи збунета во мамурно утро после тешко пијана ноќ. Да го поднесам твоето име мора да го совладам болот на спомените.
- и ти мислиш дека таа твоја вилица моја Вили која гладно зинува насекаде по мојата кожа, и твојата рака која секогаш останува заборавена да јава на мојот бран ќе ти родат нови спомени над ќе станат твое поубаво утре?…..
Обајцата го сакаа тоа, ја одмерија станицата и лесно како дремка го сватиа тоа. И зарем е можно од клунот на таа сурова голубица со слоновско срце, да се издели месечева бледност под која би пловел бродот на енох кој се натопува во неа? А всушност и самиот тој, тивка вода и немирен бран, во својот младешки неодреден живот често мораше да се послужи со лажиче за да се одбрани од волци. Тој ни најмалку не се чувствуваше крив, и тој го знаеше тоа а и Бог го знаеше тоа. Двајцата го сакаа тоа, баша двајцата и тоа во еден цел и неподелен момент.
Двајцата беа еден цвет, еден љубовник, но љубовникот никогаш не можеш да биде еден цвет. Затоа и умираа еден за друг со безмалку дваесет сурови лета и две благи зими, кои ги истетовираа во браздите на своите насмевки.
Беше тоа многу просто. Десна рака со лева рака, десна нога со десна нога, левата нога по патот со облаците, косата контра од стопалата, левата рака на десниот образ, тука, баш тука, на североисток од нејзините облини и повторно серазбуди царството на мрави од жива. Виолена Проплака.
- Дај ми шамивче – со наведната глава и коса што го прекрива нејзиното лице и левото рамо на Енох гугна Виолена.
- Не мораш да ми кажеш ако не сакаш- благо и го подигна лицето Енох и и и’ го издивна безмалку со поглед.
- Сакам- одговори Виолена сакамно сега веќе нема што да се каж, овие улици се желни да исквернават покајание, можеби дома ќе ти кажа, а сега сакам само така да плачам, просто и без причина, зашто ми е топло во крвта и околу срцето, сакам да се исплачам дур не ми пораснат од очи букети од невен. Левиот бут до левата подлактица, склопени очи и раскрилени очи, пес скитник и заспани таксисти, тоа беше ноќната идила на патот до дома.
Четири големи кали во вазната и нивните нестабилни тела беа единствените сенки што го правеа домот жив. Се сакаа и против законот на гравитацијата. Боже мој се дробеа со страст на алхемичари. Грб со земја од фикус , влажна земја со мирис на девојка која истекува од благост. Месечината и нивните рамења се вкрстуваа на испотените прозорци, и тоа беше првиот ноќен витраж. Енох беше редок сведок како дрхтеа нејзините образи кога тој и принесуваше мед и саќе во голем сунгер. Многупати пред да се познаваат заспивајќи сами навечер со последната мисла проверуваа дали ги заќутиле пците што лаеа на нив преку денот. Но сега беа заедно, и беа едно и едноставно не им сметаше што џган од пцета дрско лаеле под нивниот прозорец.
- Сакам да заспијам на твоите соломонови рудници, во подножјето на твојот Монт Блан, на твоите девствени острови, на амбаритево кои го скроивас твојот мед….. – неподвижно и убедливо, храбро но тивко му рече Биолена на Енох. И тоа и го стори нечекајќи одобрение од Енох.
Неколку деца кои проаѓаа по тротоаро, под потните прозорци на Енох и Виолена љубопитно и внимателно ги закачија своите погледи на една гугутка на која од клунот и протекуваше конче крв, бел облак ја нагриза месечината како јаболк, и вече не беше совршена.
Дали ме паметиш
твојата рака ме прашува
очите ти се суво пустинско небо
на градите имам дупка
кога врне срцето ми е влажно.
Те тешам со мукулни контракции
еднаш слабо
два пати силно
еднаш слабо
Спаси ги нашите души
од овој брод што бескрајно тоне
молчиме
лоши преведувачи сме на нашата љубов (Elizabeta B.)
- Задоволен сум од себе си -помисли Енох додека со очи на пола копје ја гледаше ан него заспаната Виоленачешкајќи ја со врвовите од прстите по голиот врат.
- не сакам да го заборавам твојот лик – му продолжуваше мислата – твојата насмевка и твоите очи впиваат несакајќи ништо помалку од целото се. Задоволен сум од себе си. Секоја вечер со блага насмевка на доенче го изговарам твоето име и заспивам како доенче.
Најпосле Енох заспа, поривајќи и ја со левата ракалевата града на својата Виолена. На видикот неразговетно и болно пагаше ноќ трудна од ѕвезди.
Да беше Енох брадест волшебник ќе го разбереше говорот на цвеќињата кои како на барикади се бранеа од црвената линија на есента, и на онаа гулабица која искрвари во рацете на дечињата што ја тргнаа од под неговиот прозорец.
Во неговиот сон постојано го пратеше коза, го пратеше полека, заљубена и скромна но рогата и ненаситна за свежа страст. Виолена спиеше мирно и насмеано со испукани усни. Немирниот сон не го разбуди Енох само му исцрта кисела и намрштена гримаса, се трудеше да сонува и да разбере истовремено, сакаше да се разбуди, но не и да ја разбуди Виолена. Што би значело тоа за Енох? Тој никогаш не сезадумувал над тие сонишни слики што ретко кога го посетуваа кога ќе затвори очи, а и кога ги имало никако не се напрегал да ги толкува или да бара нивна рефлексија во деновите што следат. А и зошто би барал, зошто би се теретел со непотребни сенкина умот, и онака тоа ја ограничува неговата слобода да верува или не, да се изгуби во сенишни недоумици или да се капи бодро во секое утро. Но ова беше поинаку сомнеж му ги грицкаше очите и под затворени капаци, знаеше и дека неспремноста не е ништо повеќе од глупост, па не скаше да се впушта во разтајување на своите немирни слики, додека животот надвор секојдневно ја огласуваше својата проштална сирена на патот до големата негова надеж. Сонот на Енох не се смири, некако успеа да му го намириса стравот и стрмоглаво го повлече во него. а Енох одбиваше, Енох не сакаше.
На обидите да се убеди во лагата на тие призориво неговата фантазија се претегаа шарени маски на сето минато што го знаеше за Виолена. Тој со насмевка де црвенејки , де муртејќи се ја гледаше бескрајната поворка јунаци и јунакињи на „љубовта, Дон Кихоти со челични ракавици и дамата на нивната мисла, со потсмешлива долгогодишна верност, со простодушни румени образ и ококорени очи. Се јавуваа пред него напудрени шминкери со југовчиња и мерцедеси од кои блика лигава мисла и развратни насмевки. Се појавуваа овенати девојки со вечни љубовни солзи и со манастир во мислите, лица со лепливи прсти и буен оган во очите….сите, сите.
Во Борбата за вистината во тие призори тој бараше надалеку и на бликсу, и бараше просто но длабоко зближување со жената која неподвижно и со блага насмевка спиеше меѓу неговите два брега, и не наоѓаше , ако му се стореше дека и нашол, тоа само му се сторило, а после мораше д се разочара и се замислуваше тажен, моменти пред да отвори очи. Не сим јас тоа – помислуваше речиси очајно Енох во својот сон, за кој тешко е да се каже дека беше свесен доволно, или можеби дека некогаш и ке го одгатне.
- Некои љубовта долго не ги остава – се убедуваше Енох но помалку како неискусно да не знаеше дека, не ги остава ни насмевката на сатир.
Тие прашања го вознемируваа уште пред Вилена да затропа на шлицот од неговото срце, пред да почувствува убавина, пред да ги навлече на себе си ласкавите и влажни вериги. Затоа беше небрежен со Виолена уште додека беше слабо, брзоного, алчно и похотливо девојченце, соблазнително до последното невино влакно на неа, само се забавуваше со неа како со мало дете што ветува голема иднина, шегувајќи се и фрлајќи во нејзиниот жеден и гладен ум нова мисла, вешто гледање на животот, дури и храбро за еден пилиштар, не мислејќи не насетувајќи, ни за момент за нејзиното животно фијаско, бродоломието на нејзината душа,…потоа речиси сосем ја заборави Виолена и своите небрежни лекции. Тој ништо не увидуваше од тоа, и само очекуваше од неа многу однапред, не надевајќи се дека таа ќе му постане единствениот хоросков во неговиот век, единствениот грев и искупување, единствениот пријател, непријател, кип на слободата и партизанска споменица. Негов дневен печат, негова ноќна завера, негова Црква и Папа, морнарица, пешадија и длабоко заспана убавица под неговиот трн. А таа од самољубива скромност прилично се напнуваше на почетокот, да не се издаде…но после теешката борба со единственото нејзино странство – пркосниот град, Енох се чудеше каков пример на простота, сила и природност се извители од она девојче кое многу ветуваше а речиси ничто не исполни освен својата утроба. Таму пред него малку по малку се откриваше длабоката бездна, Виоленовата душа што тој требаше да ја наполни, и никогаш да не ја наполни.
Нејзиниот прст го допираше подот под креветот, другата рака и висеше во воздухот испружена покрај главата од Енох, и баш поради тоа го имаше она чувство како милион мравки да и се скриваат под нејзината кожа. По позата во која лежеше како ранета срна изгледаше акко да го чека првиот бран промаја, да ја излади од целата горештина којаја беше опфатила. Но кој знае дали тоа ќе беше од утринското сонце или од немоќта да ја надмине ненаситноста на своите мисли.
Утро како утро…едно, друго, трето, едно топло каф, неколку градски автобуси полни со куп промаршени професии на кои не им е гајле каде го носат својот мамурлак, неколку гладни пици на прозорецот, неколку цигари, истат музика на радио од предходното утро и еден топол туш. Иако Виолена успеваше на само неа својствен начин да го испие во еден здив сиот сок од Енох што преостанал од ноќта, од ден на ден се повеќе и повеќе, таа не беше веќе онаа Виолена што Енох ја испиваше со поглед, до секоја испотена пора, од нејзинот премалено, испотено просечно телце кое од жед се прпелаше во своите грчев. Во нив поминуваа и преминуваа вечност за вечнос, но тие речиси и да не се сеќаваа….а беше само една година.
Таа година некако им помина како неколку часа на плажа уморени од пливање и нуркање еден во друг, малку совладани од пладневната дремка и сончевиот припек . За таа една година иако заВиолена знаеше само делови и никако успеваше да ја склопи во лик со две очи и еден образ Енох не ја имаше неа како терет врз својот врат, таа беше повеќе како неговиот личен кип на слободата торжествено седнат врз неговиот трон. Но тоа утро, што го пробуди Енох и сам не знаеше но упорно и цврсто лебдеше во неговиот мамурлак.
За прв пат ја остави Виолена да сонува сама,а тој со спокојни чекори, и така гордо гол отиде до кујната, си го направи утринскиот ритуал, но не сакаше да го испие сам. Ја зеде шолјата со кафе и седна наспроти Виолена гледајќи ја како спие.
Тоа беше неговиот утрински саундтрак, тоа беше неговата полна кроасаназа со топлото кафе, грст студена вода врз поспаното лице. Нејзиниот прст го допираше подот под креветот, другата рака и висеше во воздухот испружена покрај главата , и баш поради тоа го имаше она чувство како милион мравки да и се скриваат под нејзината кожа. По позата во која лежеше како ранета срна изгледаше акко да го чека првиот бран промаја, да ја излади од целата горештина којаја беше опфатила. Но кој знае дали тоа ќе беше од утринското сонце или од немоќта да ја надмине ненаситноста на своите мисли. Енох благо и на пола копје ја гледаше Виолена додека без престан дишеше диво со секоја пора од своето голо тело, и кротко ја голташе својата топла сомнеж. Што знаеше Енох за неа освен многу сцени, и речиси сите епизоди од нејзината горка мизерија, ни без да го има целиот филм во рака, ги имаше сите нејзини писма и тетратки, но во нив не беше неговата Виолена, туку стара корупка од преродена змија, преслечена и обновена, Енох ги имаше нејзините очи, усните, сите нејзини пеги на малото лице и тешката црна коса да се спушта врз неговиот трон додека малата принцеза заспива опиена од неговата удобност, но го немаше нејзиното лице. Ги поседуваше длабочините на сите нејзини усни, но не беше сигурен за нејзиното срце.
Зашто инаку би го крстарел големиот град , зашто инаку би газел преку сите неуспешни паковаа на амбициозни малограѓански фаци, кои им стоеа на патот на соништата, негови и на Виолена? Што ако е навистина така, што ако е тој случајна станица, во сите патишта на Виолена, немаше ништо да му го оспори тоа мислење. Што ако и тој е еден од сите „тие“ како што вели Виолена, или ќе постане еден од нив кога Виолена ќе исчезне како што се појави? А за што би исчезнала кога вели дека и е добро? Но Виолена многу работи вели…..тоа го бунеше Енох Најпосле таа едноставно се појави од нигде никаде после години на ред, што би ја спречило да се изгуби пак за многу подолго? Енох во очите имаше само прашалници…. Таа бескомпромисност му ги отвори на Енох сите врати, освен една – нејзиното срце. А тој бескомпромисно и ја отвори прво таа вратапа се друго….. во тоа се разликуваа. Што тоа би значело, дека Енох крпа за нејзините солзи, валкани раце и гнојни рани, и потоа се отпочеток? Тие гласовине престануваа во главата на Енох тоа утро….тоа го правела безброј пати до сега, па што би го поштедило него од првата наредна прилика? Повторно немаше одраз на противење во главата на Енох од тие мисли! Очите на Енох му светнаа и веќе не мислеше ништо, сеуште ја гледаше Виолена без да трепне.
Нејзиниот прст го допираше подот под креветот, другата рака и висеше во воздухот испружена покрај главата од Енох, и баш поради тоа го имаше она чувство како милион мравки да и се скриваат под нејзината кожа. По позата во која лежеше како ранета срна изгледаше акко да го чека првиот бран промаја, да ја излади од целата горештина којаја беше опфатила. Но кој знае дали тоа ќе беше од утринското сонце или од немоќта да се разбуди од сладоста на синоќешното родео.
Енох еректирано се исправи во фотелјата, и со последната голтка од својот утрински допинг слезе во своето срц, ѕирна, и се отру. Виолена сеуште спиеше како ранета срна
Се пресигна ја остави шољата на масичката крај каучот, се помести внимателно во фотелјата, го покри седелото на својот штрк со левата рака, ја зафрли главата наназад и остана да го чека будењето на Виолена. Никогаш во животот Енох не се почувствувал побезначајно…. не дека навистина беше безначаен, само така се чувствуваше во тоа за него ново утро.
Оваа замислена партија од неколку часа за Енох беше како гола прошетка по врнежлива градска ноќ во неговите рани дваесетти години. Пробуваше да си го објасни тоа што го пропуштил макар и после толку години. Со здив кој дрхти од лутина што тогаш не го можел тоа, чекајќи некои наредни врнежливи ноќи за да си одговори, и да свати колку може поутврдено, макар онолку колку што необичен маж, може да свати жена која е просто и безобразно обична.
Порано не можеше да го дознае тоа, но покасно со се што му се насели во неговата глава и времето распоредено на неговата кожа само ја потврди на нему сличните особината и способноста целосно и потполно наопаку да ја прилагодат стварноста на себеси и да ја тумачат спрема своите потреби. Долгата гола ноќ помината во размислување речиси без трепнување гледајќи го голото и раширено жедно тело на Виолена како спие и како се мачи да се разбуди истовремено, дефинитивно го потврди тоа. Таа спиеше но не посегаше по Енох во сонот не напипуваше дали е до неа или воопшто не е тука, тој и требаше само од отворањето на нејзините похотливи очи до влегувањето во нејзините скриен простории.Енох во својот сомнеж веќе насетуваше и забележуваше и најмали детали и детали кои не постоеја.
За неа покасно, а дотогаш……………..!
Поточно Енох веруваше ( се до таа вечер) дека љубовта живее од илузијата на потполната идентичност на две личности, две битија нивното совршено подразбирање и разбирање….о не веќе тоа не беше неговата вистина за него одамна тој ист поим е синоним за војна, синоним за шпиунажа, контрабанда, лов и отстрел, за доброволно предавство на себе си, за заботажа на вистински погрешнииот опозит од себе си. Енох се дробеше пред свесноста колку далеку е Виолена од него во стравовите кои ја подгонуваа и ја дотуркаа до него, што беше потврда дека тој сеуште ја немаше неа за себе, и дека се движат со различни чекори еден од друг. Сите нејзини стории сега му се враќаа помалку болдирани повеќе избистрени, и евентуално потешки за проголтување. Тоа го дотолчуваше Енох до закрвавени очи………Виолена спиеше како никогаш и да не била со некого….блесаво страшно невино изгледаше тоа нејзино илузионистичко лице, никаков израз, никаква грижа, никаква потреба, ништо просто ништо не успеваше да уловиЕнох на нејзиниот израз…..а сето минато време ….а сите предходни утра пладниња и вечери….зар беа се тоа само емотивни проекции на Енох кои се одбиваа од нејзиното лице од бел мермер и очи од најцрн катран…Зарем сето тоа беа зборови на Енох кој ги изговарал за целото нивно познанство одвнатре-нанадвор, од нејзината широко отворена родосквернавена утроба се до зачетокот на плодоносните извори на Енох кои вриштеа од плима на секое посегање на Виолена по таа своја трпеза секојпат кога ќе и залипаше окното за својот пештерски човек кој ќе ја исполни и стопли со својот најнов оган.Тоа беа зборови на Енох кој не сваќаше дека ги кажал за да се одбрани од некаква непостоечка и егзотична романтика, затоа што за него имаше начин двајца да се засакаат макар и заради еден посебен момент и тука да не постојат мрежи во кои ќе се ловат еден со друг. Дека постои молскавично допаѓање во кое не се мисли на некое неодредено утре, каде ќе не насели тоа утре и што ќе донеси со себе си……..едноставно утре немаше никаква важност во неговите мисли. Енох не сакаше легенда од својата љубов кон Виолена ни на еден микро миг не сакаше да помисли дека тој ќе ужива легенда за некаква посебно недофатлива и љубов за во учебници за до 4-то одделение. Тој момент двајца Еноси се бореа во неговото голо тело на фотелјата кое се занимаваше само со својата природна нескротлива големина……виолена се помрднуваше само во делот на своите ноздри кои полека вдишуваа и издишуваа од токсичната сомнеш на Енох без да се побунат за тоа. Едниот Енох беше идеалист полн со вера и оптимизам, другиот расцепкан, пастргнат и крваво расечен, фурија кја стално ја мачи, малтретира и не го остава на мир овој првиот и го убедува во страшни работи. И кој беше вистинскиот, праведниот, незлобливиот што беше во право, кон кого да се приклони Енох, тоа распаќе го растргнуваше….за него и дајцата имаа право едниот, првиот затоа што сакаше да го одвлече од болката на сознанието, од губата на реалноста, од секоја ситуација во која Енох би се нашол здробен пред кривата кула на Виолена.Тој беше во право во миговите кога Енох не можеше поинаку освен да биде благ со себе си, немоќен да се исправи пред своето дело, но и другиот му се чинеше во право, тој што сакаше да му ја долови интуитивно встинската слика за страшно студениот сон на Виолена, што сакаше да го исправи машки и болно пред армиите на сопственото слепило, пред низбрдото на својата неконтролирана емоција, кој упорно и упорно му покажуваше со прст и му велеше ТИ…..ТИ….ТИ….да и тој беше во право за Енох кога во импулсите на лутина сакаше да биде строг кон себе како единствена најблага казна што можеше самиот да си ја изрече…..ништо повќе од тоа…….
Но кој беше изборот за Енох, кон кого да се припои, кој ќе го ослободи или крајно зароби?!….првиот сакаше да го спаси макар и по цена на најилузионистичките надежи за хармонија, љубов и разбирање, кои и да би го болеле, сепак се доволно дебели кога ќе се покриеш да не те допира ништо освен твоите извртени емотивни проекции дека твоето себељубие всушност доаѓа од некој друг и дека најнакрај и ти си сакан човек………тоа е злобно но функционираше кај сите што го одбрале….. вториот сакаше да го изведеде на чистина Енох и од високо да му ги покаже неговите траектории, па макар и по цена да се загуби, да падне, да се здроби, и никогаш повеќе да не го отвори својот витраж од срце за некое наредно сонце да прелева и да го гре во своите химни на некоја нова љубов……тоа беше пријателски, тоа беше осаменички, тоа беше можеби пресадување на срце без анестезија но сепак би го спасило оној здрав дел од Енох кој не се нагризал пред корозивните апетити на Виолена.
Фуријата излезе дека е во право. Така потајно и се надеваше. Енох….се сакаше себе си доволно за да ја искористи секоја илузија и предстојна надеж за да се заштити од болка, но се сакаше и повеќе од тоа за да крене рака на себе си.
Во себе си говореше………Ти си само средство а не цел. Средство да се избегне долгогодишната самотија на една млада конкубина, гејша, дроља, курвица…….и тоа колку само слатка курвица, и да и се ублажи времето поминато во кафез. Потребен си не како маж, дечко, верност, одрекување, жртва, утеха и новa трпеза на радоста, но како мажјак кој е тука секогаш за парење, кога ќе се отворат сонливите усни на Виолена оросени од сладострасниот сон кои секогаш сакаат одма, тука и уште….и уште…..Ти си измислен во нејзините соништа, ти нe постоиш, таа те створила за да си ги олесни сите оние траурни денови со сите примитивни муцки околу себе, и медиокритетски безрбетници конзервирани за едногодишна употреба.
Тогаш Енох, стави нови леќи, ја гледаше Виолена но овојпат од далеку, а се плашеше од оддалеченост, уште еднаш под око ја погледна како спие со главата зафрлена врз десната рака која млитаво хоризонтано не покажуваше никаде и кон никого, десната нога над голото потно оросено тело префрлена преку левата доволно колку да се наѕира нејзиното единствено светилиште, почивалиште, росна пупка и тивок кањон на кој запнаа очите на Енох……Таа беше неговата Елена Тројанска,сонот на летната ноќ,неговата Лолита, Јованка, неговата Емануела 1, Емануела 2 и 3, таа беше за него сите жени на свтот, сета љубов за тие жени на светот и сета плодност на сите тие жени од целиот тој свет…..но и покрај тоа Енох полека со наведната глава одлутана мисла и како набркано куче повторно слезе во своето срце, и ѕирнувајќи уште еднаш повторно се отру….. така остана неколку кратки мига….знаеше дека се е одново исто и дека веќе работите добија ново струење нови текови нова димензија и видик….останувше само да чека, да биде спектатор на својата драма, на својот филм, на главната улога на Виолена.
Некако напливнато го крена погледот по тие неколку мига, решено и освојувачки во рацете сеуште го имаше својот тројански коњ и речиси на прсти го принесе до подадените порти на Виолена. Продре во неа со сите свои војски настрвени за нов плен, за ново освојување……Виолена само подзина во полусон се стресе како врапче кога истресува од себе капки дожд со неартикулиран краткотраен грч, и издивна длабоко и трепетливо…..не се ни помести нешто значително многу, само ја подзафрли уште малку десната нога преку левата за да си го земе она што и следува во најголем можен дел, до последниот милиметар, до последната капка, до последниот крик од трубите на Енох. Устата и остана пдотворена и веќе почна да и запекува од слатките треперливи воздишки пикантно зачинети со по некој крик како тоа да и е последното што сака да се чуе од неа па макар и да треба да молчи цел живот.Енох како никогаш дотогаш полека и надмоќно варираше во нејзиниот нов биг бенг на нејзината атмосфера…..тоа за него веќе не беше за Виолена, не беше покорно дигање на бело знаме, овојпат неосетливо одмазднички, само за себе, ново освојување на Виолена но веќе како пустина преку која само ќе го протнеш својот караван и ќе си заминеш а не како замок во кој ќе ги смириш сите свои камили и камиларот ќе го одмориш под нејзината оаза. Виолена единствено побара вода, а Енох и принесе шепурка од својот извор, тоа и се чинеше привилегија на Виолена, здивот на свежа надмоќна и нежна агресија ја покори без ни сомнеж Виолена дали да го земе понудениот нектар, и зина како да ќе пие од водопад. Подголтна еднаш, и уште неколку пати потоа……Енох ја гледаше в очи, Виолена сеуште мижеше и дрхтеше со секое мускулче од својата похотлива невозможност додека прстите на Енох се појавуваа и се губеа во црната коса на неговата одново непозната Виолена.
Прашањата за вистината сеуште се мотаа низ главата на Енох, дали да и ја каже својата вистина на Виолена или да и ја побара нејзината крваво гола вистина……но не… нешто го запираше да ја отвори пак таа тетратка…нешто му даваше на знаење дека се лаже ако мисли дека ако зборува за вистината ќе добие однапред заслужена почит, а тоа не беше задоволството од пораснатиот хоризонт меѓу усните на Виолена. Тоа како гест и е заслужно за почит но само како гест, но како содржина може да биде осуден, проклет, неприфатен на потребниот начин…..тоа и е убавината на вистината, таа не е убаво кажан виц кој ги засмејува оние кои ја чуле, но понекогаш, многу често и ретко поинаку груба приказна за која се бориме да ја прифатиме на начинот на кој ни е раскажана, но многу често во тоа и не успеваме.
Во мислите Енох стоеше на копно, Виолена се нишаше на водата во обичен дрвен чамец кој го управуваа сите вечно други „Тие“. Тој и пишува писма од копното и и ги пушта како авиончиња, и никогаш не добива одговор на нив, кога и да и звони дома таа никогаш не е таму….во мислите Енох се спакува и си замина, отпатува, несакајќи да ја казни Виолена со тоа, но себе, единствено себе, затоа што одпочеток свесно прифати игра за која беше уплашен дека никогаш повеќе нема да му се предложи. Во сето тоа имаше само еден бодеж, еден хирушки нож и еден турски анџар кој го параше Енох точно, прецизно, и живописно болно. Енох се вљуби во Виолена………Тоа не беше на повидок во очите на Виолена, можеби во сите други отворени делови од неа, но никако во нејзините очи.
Погледи, држење за рака, возбуденост и прерано развиена девојка без присуство на некој драг кое постојано недостасува, со тело доволно развиено и податно за да ја препознаат како жена, а во душата сеуште спечена цветна пупка, девојчурак похотлив и инаетлив што ги памти само погледите на секогаш постари мажи кои никако не ги разбира.
И тогаш во секунда некако само од неа се крена, се подигна…а има и прилично симболика, па природен почеток е Енох. Да, да, од него ќе почне. Сеќавањето почна да се провира од некаде од кошмарните пештерни длабочини и некаде изрезбарени минати времиња. Сите тие сеќавања кои ја врзуваа со Енох беа како мозаик. Колку ќе успее да ги состави тие коцки по некој смислен ред воопшто не и беше јасно.На самиот почеток се прашуваше дали ќе може нешто да им додаде на тие сложувалки, нешто свое, нешто препознатливо, искрено по можност топло и торжествено, по нешто заљубено…..за се да се сложи по некаков нормален ред за да се добие впечаток на целина која и неа нешто би и значела, во тие моменти никако не знаеше. Но рака на срце, целината во овие моменти нешто посебно и не ја интересираше.Тие глобали кои се сведуваа на дали си добар или не, дали си болен или не, дали си расположен или не, не се за неа, сега кога за неа е единствено важно дали е добро или не, и дали е доволно или не…сега кога реши да го конзумира Енох во сета своја сочност и големина како свој лек, сега кога и двајцата имаа некоја употреблива вредност, освен некои посебни рамки во кои се движеше Виолена. Веќе не ја интересираа детали и фрагменти кои во суштина и го прават сеќавањето. Апстрактна смисла, општ впечаток, во тоа што и се случуваше на Виолена не е никако единственото што и останало. Беше сигурна дека не е! Но тогаш се уплаши, повторно се појави подгонот на стравовите. Потребата да се проговори повторно го разбуди стравот дека можеби тоа и ќе биде запамтено. Се додека она што го мислиш го држиш во себе си, се додека тоа не го изговориш, ти си господар на своите мисли. Кога ќе ги изговориш или напишеш, постануваш нивни роб. Виолена ова посебно го сметаше битно за себе зашто веруваше дека држи до своите зборови. Сметаше дека оправдано или не, малку битно, изговорените зборови се договор со себе си. Виолена и те како беше будна. Тоа му стана јасно на Енох кога нејзините раце го повлекоа кон неа, а потоа и под неа, кога со мал гест на десната рака побара тој да влезе во неа на тесната врата одпозади. А Енох не одби, не одбиваше никогаш, посебно не сега, кога сам ја моделираше својата Виолена, кога ги ослободи своите орди насекаде по неа да грабаат како никогаш до сега незауздано.
А лагите…колку ли лаги има околу нас?! Но и во нас самите. Колку сме спремни да им веруваме на другите? И себе си исто така. Во посебен момент на отшрафена страст свати колку би можело да биде опасно и монструозно непријатно нејзината реалност да стане и Енохова реалност.
Никој не ги сака сведоците на своите лаги, ни на сите свои вистини исто така. Опасна е и самата свест дека човекот со кого живееш има некои тајни кои од некакви па макар и бизарни причини не може да ги подели со тебе. Ќе може ли некои работи да ги нарече со правото нивно име….можеби. Времето за неа и нејзиното ослободување сеуште траеше…времето на Енох истекуваше.
Веќе му се имаше предадено цела како пуст брег пред голема шпанска армада која не знае за доста. Ја зграби перницата како да ќе а искине секој момент, и со цела тежина се потпираше на неа да не ја однесе плимата од Енох која диво се плискаше од нејзините брегови, и нарвалот кој збоднуваше кон своите добро познати длабочини.
И веќе со најава во вид на полугласен подол издив ја дочека својата прва капитулација. Потоа се се смири, но на некое поинакво, повисоко ниво, тоа се осеќаше во атмосверата на затемнетата соба. Трепереше во воздухот, и во ноздрите на Виолена кои едвај да се смирија. Не и се сакаше нит пак можеше да се помрдне. Уживаше во беспомошноста на машјакот кој лежеше како размачкан по неа, кој до пред само миг беше нејзин покорно прифатен господар, чиј гласник одважно јаваше напред уверено познавајќи ја мрачноста на нејзините пространства. Во Енох не се промени ништо, не се помести ни една јота од неговите нови мисли, единствени премалено, и освојувачки заспа натежнат врз Виолена, не излегувајќи од неа. Заспа наеднаш длабоко како потонат во бунар но многу кратко, се разбуди веќе по петнаесетина минути, како да спиеше во парк на клупа а не на својата омилена висорамнина, својот едем, оаза, и своја ризница, многу напротив, беше премален од воздишки и го осеќеше на себе мирисот на безобразната задоволеност на Виолена, но освен како штотуку избркан од дома не чувствуваше ништо друго. Пак падна во сон, и пак се разбуди, така неколку пати по ред, но никако не успеваше да се навикне на Виолена како на клупа во било кој парк наместо како свој мек облак.



mi se dopaga! veruvam ima uste mnogu da se napise… mi lici na romanot shto denonokno go barav po pustite raftovi na bibliotekite:)