Вчера беше ден како ретко кој во поскоро време. Повторно ја осетив планината како во времината на моето детство кога ја прогласував за мој втор дом.
Со прекрасна екипа, опуштен амбиент, тивка еуфорија, и многу фото-спомени .
Останатото може да го погледате овде www. flickr.com/photos/zimskib

Фото екскурзија
26 04 2010Коментари : Leave a Comment »
Категории : Поврзани...
За кого вијат (камбаните) во Бигорски
23 04 2010
Кога сте изложени на рекламен рафал на секој чекор од современото животно крстарење, веќе некако и интуитивно ја сваќате пораката на рекламираниот субјект или производ.
Така на пример ако видите реклама за козметика, знаете дека пак ви се пласираат приказни за долга младост, нежна кожа и т.н.
Кога ќе ве блесне некоја реклама со полуголи и речиси голи невести знаете дека пак на некој козметички салон му смета масната наслага на вашиот газ.
Ако пак налетате на реклама со паранормална доза на сентименталност, со слики од рушевини како од војната во Босна и уплакани монаси.. точно така – поентата е да се обноват висечките градини на заветените на скромност и сиромаштија.
Read the rest of this entry »
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Авторски, Критика
Бигорски 2010
21 04 2010
Бигорски 2010, пари со милиони, културна вредност – голема, духовна вредност – огромна.
Внатре живеат монаси, кои се заветиле на сиромашен живот, или барем поради одредени околности се задолжени да живеат околу многу материјални средства, но тоа не значи дека тие треба да постанат материјалисти.
Дел од манастирот изгоре. Би свадба – помина.
Се сврши, неможе да се врати назад!
Почнаа големите математики, кој колку што како! Милиони, толку чини обновата на манастирот! Реално, да, толку чини историската и материјалната вредност на манастирот, за коешто е должна државата да ги даде, зашто тоа е под нивна заштита како културен споменик. Духовната вредност не се пресметува во пари, но може да се пресмета дека таа духовна дејност (кое за самото братство кое живее таму, и народот кој оди да се црквува таму) може да се смести во далеку помали суми.
Математиката е таа! Мора да се премине на големите суми, зашто сепак, ете, историска вредност, културно наследство, неможе да се остави така, што и да е друго.
Read the rest of this entry »
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Критика
ПОЕНТА
20 04 2010
Не се плаши од празниот простор.
Голиот лист ти е пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, дури речиси расипнички.
Празниот простор е како си роден, пред да бидеш тоа што си постанал, и носи едно нешто заедничко со тебе – Идеја.
Празното место е твојата иднина, храброста на твојата рака да пишува е свесност и воља да испишеш она што било во лицето на она што си, за да исто толку свесно и исто толку храбро го дочекаш тоа што ти следи.
Ти си никој во иднина ако се плашиш од празниот лист хартија, ако од страв го пресушиш своето мастило.
Твојата иднина Е твојот страв.
Без разлика на тоа што минало, невидливите табли на твоето срце не се испишани се до апсолутно конечното утре.
Ти си едно и исто со празниоит лист се дури носите еден и ист плод – Идеја.
Ако се плашиш да го истетовираш белото поле пред тебе со своите мисли, немири и идеи, се плашиш од себе си од своите идеи, од своето идно време.
Стравот не е род со твојата смрт, нити болкатае со неа. Твојот страв е роден со можната болка од твоето идно време, од твојот празен простор, од твојата идеја.
Сам или во сродство со твојот запис, твојот страв е од болното раѓање нова идеја, нов лик за себе, породен врз празен лист хартија.
Твојот страв е празен простор, гол лист, твојата иднина, и твој пријател кој ти се нуди отворено, евтино и непрестано, речиси расипнички.
Не се плаши, празниот простор ти е пријател, празниот лист е твој страв.
твојот страв, тоа е твојот пријател, кој ти се нуди како иднина, отоворено, евтино, голо и болно, речиси расипнички.
Не се плаши од својот страв..зграби го…тоа е идејата на празниот простор, на белата хартија, на твојата иднина.
Тоа е твојата идеја.
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Авторски
Попови и приоритети
15 04 2010Сосема е јасно дека никој во државава, па и надвор од неа, не остана рамнодушен на пожарот во Бигорскиот манастир. Навистина голема штета и катастрофа.
Но вториот дел од приказната е дека навистина можеби треба да ни биде повеќе жал за катастрофалната состојба во која се наоѓаат бигорските монаси, но не мислам на материјалната состојба, да не се лажеме тие никогаш не биле, и нема да бидат сиромашни, туку мислам на духовната беда која нема да им покријат огромните суми на пари, и секојдневните вести за нив во екслузив… Ламбе ова, Миле она, премиерот оноа, мислам може слободно да ги прогласиме, за најголеми естрадни ѕвезди во државава, кој најмногу заработуваат, само со кукање и рекламирање.
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Критика
Фонтана на бесмртната глупост
25 03 2010
За вакви мании и лудила сум читал само во книгите за луцидите низ историјата..
Информацијата за Кавадарци ја прели просто чашата на моето воздржување од хронично гадење према се што е „македонистичко“ определено и згора на тоа за инает, ради мода на пропагандата и мејнстримот.
Дел од веста гласи:
Проектот за плоштадот беше презентиран во големата сала на општинското собрание каде што се одржа јавна расправа. Носителот на проектот, инженер Ванчо Колевски, потенцира дека на новиот плоштад ќе се изгради фонтана на Дионис, фонтани на црвено и вело вино, обеликс висок 12 метри кој на дното ќе има буре, а на врвот гроздови. На овој начин ќе се претстават симболите на Кавадарци. Се предвидува и амфитеатар каде што ќе се одржуваат настани од областа на културата.
Коментари : Leave a Comment »
Ознаки: mpc, paganism, propaganda, stupidity
Категории : Авторски
Државата им е телото, државата им е душата
25 03 2010
Во печатот и во медиумите можевме деновиве да видиме обиди за јавноста нешто да извлече од зачаурената македонска црква, која во нашата држава функционира како продолжена рака на владата и кампањата за популизам…
За жал текстот во Глобус од Атанас Вангели, човек кој досега може да се каже најмногу ја разобличи “невината црква во која нема простор за никакви грешки и гревови“, остана без доволен одек во јавноста. Па дури и емисијата каде што гостин беше Петар епископот преспанско-пелагониски, каде што можевме да видиме како еден човек грчевито се бори со себе си пред целата јавност, од една страна да се покаже како крајно смирен, а од друга страна на секое прашање насочено против Стефана со маки се трудеше да го воздржи гневот кој го има против него… Ете тука се виде лицемерието на мпц.
Коментари : 1 Comment »
Ознаки: kriminal, mpc, raskol, shizma
Категории : Критика
Лижи машки
23 03 2010
Ништо не менуваме! Не менуваме ни чорапи, ни господари, ни мислење или ги менуваме задоцнето, кога веќе ништо не вреди. Се родивме бескрајно лојални, а тоа е она што не’ убива! Бесплатни војници, херои само за други, дрдорливи мајмуни, мачни гримаси, ние сме поданици на Кралот на Бедата! Тоа не е живот! Л.Ф. Селин
Од памтивека на овие простори одлично котираат гребатрори и лижачи.
Во нашата историја постоеле периоди кога сме биле под многу власти, препуштени само на себе без никаква власт да одлучуваме сами за себе, периоди кога интерлегенцијата и дисидентите биле протериувани во странство или пржени на голи оток. Но никогаш во својата историја на самопознанието нашиов град не бил лишен од „благодетите“ на доминантниот биолошки вид на лижачи .
Како и во се друго и во лижачкиот сталеж постојат многубројни категории во широка лепеза на приучени лижачи почетници, полуписмени ликови, што спремно ја изразуваат својата почит на секој реонски полицаец, на секој шалтерски работник или претседател на месна заедница.
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Авторски
Розе кармин
23 03 2010
Сите бар еднаш сме наполниле еден лист хартија на тема пролетта во мојот град. Па макар и да сме препишале… тоа било незлобно и детско четиво сведено на природната метаморфоза .
Сега во нашата сериозна возраст, пролетта во мојот град сеуште е на тема, но нашите усти се залепуваат како мртви полжави, а мислите не помислуваат прво на многуцветниот декор на пролетта.
Зимата би и помина…каква таква – неуспеа да ги покрие маните на нашиот град, па новото сонце додатно ги истопори. Па да почнеме.
Коментари : Leave a Comment »
Ознаки: пролет, Prolet, spring
Категории : Авторски
Групен портрет
20 03 2010
Политиката е курва – нели… тогаш ние сме најголемите нимфомани на третиот свет.
Овде бачко секој кој е пишман што се родил, со политиката кокетира, мастурбира, пенетрира, ејакулира… во политиката еректира и обратното….
Тука се и интелектуалци, и музичари, и гулабари, и селски коцкари, и незаситени амбиции, и заситени фрустрации…
Коментари : Leave a Comment »
Категории : Авторски

Скорешни коментари